Ознака: македонски

ucenici

Матурскиот успех задоволителен по Македонски јазик и литература, се сопнаа на математика

Post Views: 9 Во Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“ 50-те кандидати кои полагале  државна  матура го положиле задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. 27 ученици положиле Англиски јазик од 40 пријавени, а 13 ученици паднале.  Еден ученик бил пријавен и го полжил  испитот по Германски јазик, а двајца пријавени по Француски јазик не успеале да положат. По предметот математика биле пријавени седум ученици и сите не успеале да добијат преодна оценка, информира Секула Баткоски дирктор на ОСУ „Ванчо Питошески“. За завршниот испит за 4 степен образование, пак биле...

Continue reading

festival

„Александар Македонски“ по 6 ти пат

Post Views: 0 Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски. На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел. „Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески. Фестивалот како целина...

Continue reading

seminar

Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право

Post Views: 0 Некои сметаат дека нашата реалност  е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски...

Continue reading

Mr Balkan

Да се ослободиме од стравот на минатото

Post Views: 1 Австралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид. Австралиско...

Continue reading

Eva Ras

Ева Рас очекува улога во македонски филм

Post Views: 3 „Јас сум била и останувам актерка до крај на животот. Со распаѓањето на Југославија ништо не е како порано. Посебно на полето на драмската уметност“. Ова е дел од исповеста на познатата српска актерка Ева Марија Балаш – Стевиќ, вистинсакото име на Ева Рас. Познатата српска глумица Рас, пред камерата на ТВМ сигурна во себе изјави, дека и покрај годините што ги има, таа не се откажува од глумата и сеуште очекува предизвици на драмското поле. „Фала му на Господ се е в ред. Синиша Павиќ пишува улоги и за стари жени какао што сум јас, така да во Бела лаѓа имав фантастична...

Continue reading

mediumi

“Совет на печат“ ќе го решава хаосот во македонскиот етер

Post Views: 0 Недолични снимки, интервјуа со малолетници, насилство, неморал, неетичност. Ова е дел од сликата во македонскиот етер. Со цел ваквиот хаос да се надмине, Здружението на новинари на Македонија дојде на идеја да формира независно тело, наречено “Совет на печат“. Ова тело за саморегулација на медиумите би имало задача да ги зајакне професионалните стандарди и да го зголеми  квалитетот на медиумите. Досега, само електронските медиуми (ТВ и радија) беа опфатени со законска регулатива, а со ова тело би се направил обид за каква-таква регулација и на печатените и он-лајн медиуми....

Continue reading

нosija

Се додека може не им откажува дружба на иглата и конецот

Post Views: 3 Ленче Башоска љубовта кон македонските етно мотиви во себе ја носи од мали нозе. Гледајќи како вредно работат нејзините баба, мајка и тетки, љубовта кон ракотворбите и се вовлекле длабоко под кожата. Таа со внимание следела и впивала од убавините на нашата фолклорна традиција. Од преголема љубов кон македонските носии и желбата нашето етно богатство да се зачува и да остане во Македонија, Ленче  започнала и сама да изработува делови од народните носии. Но, не само носии туку и останати практични предмети за облекување и  украсување на домот. Таа другарува со конецот...

Continue reading

univerzitet za informatika

Прв македонски суперкомпјутер дизајниран во Охрид

Post Views: 6 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид најави презентација на првиот македонски суперкомпјутер. Дизајнот на компјутерот е дело на докторантите на Универзитетот во Охрид, а дизајниран и осмислен со помош и поддршка од студентите по информатичка технологија. По тој повод утре со почеток од 10 часот ќе се одржи прес-конференција во амфитеатарот во новиот објект на Универзитетот. {loadposition content9}

Continue reading

dokumenti

Обвинувања за организиран криминал во ЈП Македоски шуми „Галичица“

Post Views: 9 Марјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие. Инцидентот со шумската полиција во Велгошти, состојбата со безбедноста и стопанисувањето со шумите во охридскиот реон го натераа како што вели  повторно да  укаже на со години наназад неразрешените  состојби во ова претпријатие. „ Односно на криминално однесување на лица вработени во Макеодснки шуми, директно инволвирани во организиран криминал за што постојат документи како доказен материјал. Костоски ги набројува како криминални дејствија превозот...

Continue reading

shumska policija

Шумите во атарот на селата Велгошти и Скребатно мета на дрвокрадци

Post Views: 3 Инцидентот што викендов се случи со шумската полиција во Велгошти ја наметна дилемата колку шумите во охридскиот реон се безбедни од крадци на дрва. По низа процедури, денес, од јавното претпријатие „Македонски шуми“ добивме одговор на ова прашање. Раководителот на заштита на шуми, Борис Недески  посочува дека најизразена е незаконитата сеча на шумата токму  во атарот на селата Велгошти и Скребатно. До шумската полиција, шумарите од „Македонски шуми“ годинава поднесле околу 30 пријави. Пријави за дрвокрадци од Велгошти има скоро секојдневно.  Откриени се случаи и со...

Continue reading

drva

Кражбите на огревно дрво се намалуваат

Post Views: 3 Само 8 крадци на огревно дрво, годинава се откриени во нелегална сеча во рамките на Националниот парк Галичица. Сите кои нелегално сечеле дрва  заработиле  кривични пријави. Оваа бројка споредена со минатата година е помала  за 4 пати. Лани  биле откриени околу  30 –тина диво сечачи нагласува директорот на НП, Зоран Анѓелоски.  Потенцира дека бројот на крадците во рамките на националниот парк е во големо опаѓање. Од година во година  пријавите што се поднесуваат за нелегална сеча на огревно дрво се во помал број објаснува Анѓелоски. Оваа тенденција директорот ја  објаснува...

Continue reading

tabla

Охридските првачиња од етничките заедници го скокнаа часот по македонски јазик

Post Views: 1 Првачињата  од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„  не одржаа час по македонски јазик. Два дена по решението на Министерството за образование во наставната програма за првачињата од етничките заедници да се воведе и изучува македонскиот јазик, првачињата го скокнаа овој час. Ситуацијата на ниво на  Републиката се рефлектира и во нашето училиште, објаснува Осман Османи, директор на оваа образовна институција. „Родителите не се согласуваат децата да учат на 6 годишна возраст три јазици во прво одделение. Мој впечаток е дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top