Ознака: Локални

пуштање во употреба пат

Премиерот Никола Груевски во Охрид

Post Views: 0   Премиерот Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, денес во официјална посета на Охрид. Груевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на локалниот пат Долно Лакочереј- Горно Лакочереј. –Ние долго време работевме на инвестиции во локални и регионални патишта  па бевме критикувани зошто не инвестираме во изградба на автопати. Еве сега градиме и автопати. Но нема да ги занемариме и локалните патишта бидејќи знаеме колкава е важноста за вас граѓаните, истакна премиерот...

Continue reading

opstina ohrid

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 0 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра. –Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Continue reading

LS

Јавна расправа

Post Views: 5 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа  ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition conten...

Continue reading

suveniri

Изработка на локални сувенири е една од можностите кои ги нуди ОГУ Кузман Шапкарев

Post Views: 1 Обуки и прекфалификации за возрани луѓе  е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се  прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев.   Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува  сувенирите  да се изработуваат на едно опремено место, предлага  Ристеска....

Continue reading

На претстојните локални избори Охрид ќе добие листа независни кандидати за советници „Охрид пред се“

Post Views: 1 Во општина Охрид е формиран Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори, информираат од одборот. Додаваат дека мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „Охрид пред СЕ’“, а основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми. „Ги...

Continue reading

sindikalci

Локално економско-социјален совет и во Охрид?

Post Views: 1 Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон...

Continue reading

Реконструкција на локални патишта во Општина Дебрца со финансиска поддршка од Светска Банка

Post Views: 2 Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри. Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер...

Continue reading

Risteski

Васил Ристески со честитки за изборната победа на д-р Никола Бакрачески

Post Views: 25 Честитки за остварената победа до новиот градоначалник, д-р Никола Бакрачески  денес упати неговиот довчерашен конкурент, Васил Ристески. Тој изрази огромна благодарност до сопствените гласачи  и истакна дека ја почитува волјата на своите сограѓани. Ристески изрази и надеж дека новиот градоначалник ќе добива поголема подршка од централно ниво. „Верувам дека господинот Бакрачески, новиот градоначалник целосно ќе се посвети за потребите на поубав Охрид и подобар живот на нашите сограѓани. Доколку му се допадна дел од програмата, нашата изборна програма, му стоиме на располагање...

Continue reading

Gruevski

Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори

Post Views: 9 „Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“ Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори. Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори. Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните. „Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам дали...

Continue reading

parola

„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид

Post Views: 5 „Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно. „Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни...

Continue reading

гранка

Охридскиот чинар мета на младите вандали

Post Views: 1 Најнова мета на младите вандали, стариот охридски Чинар. Од него скршена огромна гранка. Просторот околу чинарот и онака е место каде најмладите играат, но некои од нив овој пат претерале со играта. Охриѓани зачудени, велат дека многу малку се води сметка за оваа знаменитост. „Не повеќе, многу треба да се води сметка за чинарот. Генерации го чувале години и години и сега некој да го оштети, тоа не е во ред“ велат граѓаните. Некои од очевидците велат дека тоа го сториле учениците кои доаѓаат на екскурзија, но, некои велат дека тоа се локални деца. „Јас сум тука редовно...

Continue reading

ordanoski

Локалните телевизии или ќе станат регионални или ќе останат локални

Post Views: 4 Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, проговори и за  судбината на локалните телевизии по 1 јуни 2013 година кога ќе настапи целосна дигитализација на етерот во државата. „Локалните телвизии имаат можност да се изјаснат, дали сакаат да прејдат во регионални или ќе останат локални. Тие што ќе се изјаснат дека сакаат да прејдат во регионални, ќе добијат пристап на мултиплексите на новиот оператор кој е избран, а останатите ќе имаат можност со нов јавен повик да останат локални и за нив да се одредат локални провајдери. За секој град во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top