Ознака: Лајонс

logo

Трет новогодишен концерт во организација на Лајонс клуб Охрид

Post Views: 2 Викендов во Охрид се одржа традиционалниот Новогодишен концерт, во организација на Лајонс клубот Охрид. Овој концерт кај Охриѓани предизвика голем интерес.    НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше премал да ги прими сите оние кои сакаа да го следат концертот. Концертот започна со настап на охридскиот хор, за потоа пред присутните да се претстави и оркестарот на ОУ „Св.Климент Охридски“. Поетесата Кристина Аслимоска одржа рецитал, а програмата продолжи со незаборавната изведба на членовите на Основното музичко училиште „Методи Патчев“ – пијано изведба на Ивана...

Continue reading

Стартува проектот Топ 10 на Лајонс клубот Охрид

Post Views: 6 На одржаниот натпревар по знаење  учествуваа 120 ученици од 4,5,6 ,7 и 8 одделение. Основците беа тестирани на 20 прашања од математика, англиски јазик,македонски јазик и информатика ,вели претседателот на Лајонс клуб Охрид, Ангел  Јанев.Талентираните и примерните ученици се многу често запоставувани од заедницата  и училиштата потенцира Ангел Јанев, па овој проект има за цел квалитетните ученици да бидат извлечени од анонимност и да бидат соодветно наградени. Во првиот циклус на одржаното тестирање беа избрани најдобрите Топ 10 ученици. Тоа се Алексоски Бобан од 4 одделено,...

Continue reading

logo

Размена на искуства и се поголема соработка

Post Views: 0 Неофицијална посета на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Гостите беа запознаени со реализацијата на проектот „Информација за секого без предрасуди“  во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, изработен со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа. Неофицијална посета на нашата телевизиска куќа од страна на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Тие го посетија нашиов град на покана на Проект менаџерот на кабиентот на дистриктот 132 после конвенцијата во месец мај, господинот Драган Спасески-Охридски, како дел...

Continue reading

logo

Отворен камп за лица со дијабет

Post Views: 0 Едукацијата е главната цел на овој камп, за кој организаторот Лајoнс Клуб „Вардар“ ги има обезбедено сите услови меѓу кои и најважниот,  24 часовната грижа од страна на компетентен медицински персонал. Лајонс Клубот „Вардар“ со подршка на Охридските лајонси, по втор пат организираат камп наменет за лица заболени со дијабет. Деца на возраст од 14-18 години од Република Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, наредниве 10 дена ќе бидат едуцирани во правилното справување со дијабетот, болест која годиниве бележи енормен пораст. Организаторите на кампот велат...

Continue reading

акција

Хуманитарен чин на Лајонс клубот Десарети

Post Views: 23 Лајонс клубот Десарети Охрид има постојано  програма за подршка на Центарот за дијабет и во борбата против шеќерната болест. Денес членовите на клубот му подарија  на центарот  телевизор и дивиди плеер за болните од оваа болест да се информираат како да се борат од несаканите последици од ова заболување. Регулираниот дијабет не е проблем туку само нерегулираниот кој доведува до непоправливи проблеми по здравјето на пациентите велат лекарите. Со следење на специјална презентација, пациентите  додека чекаат преглед ќе се информираат за правилна примена на инсулинот....

Continue reading

Angel Georgievski

Две години Лајонс клуб “Охрид“

Post Views: 3 Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Генерално, основната мисија на лајонс клубовите е помагање на загрозени категории на граѓани, како и на сите оние на кои помошта им е неопходна. Тоа се покажа и синоќа, на свечениот бал со кој беше одблежана  двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот “Охрид“. Паричните средства, собрани на оваа свеченост, ќе бидат искористени за опремување на Клубот на слепи лица во Охрид.   Најзначаен дел на вечерта беше промоцијата на десетте најдобри ученици од проектот „Топ 10“. Станува збор за проект со кој беа опфатени...

Continue reading

Lajons

Oдржан хуманитарен концерт наменет за помош на слепите лица

Post Views: 9 Прекрасната празнична атмосфера  за посетителите ја приредија охридскиот хор, оркестарот на гимназијата и музичката група Сигма.Концертот беше со хуманитарен карактер, а  средствата кои се собраа се наменети за донирање на слепите лица од Охрид. Славчо Џајкоски, претседател на  Здружението на слепи лица вели „ вечерашните  средства ќе бидат правилно искоритени. Ова е само почеток на акцијата која ќе следува во 2009 година за подобрување на  животните услови на семејствата на слепи лица. Станува збор за околу 40 –тина семејства претежно социјални случаи на кои им е потребна...

Continue reading

Lions logo

Лајонс клубот „Охрид“ ќе избира Топ 10

Post Views: 1 Лајонс клубот Охрид започна со реализација на својот најнов проект„Топ 10“. Станува збор за проект со кој се опфатени 125 ученици од 5 основни училишта во градов. Со реализација на проектот се отпочна минатиот викенд, кога избраните основци беа тестирани по повеќе предмети:македонски јазик, математика, англиски јазик и информатика. „Вакви тестирања ќе се прават во четири циклуси, за на крај да се изберат најдобрите за кои Лајонс клубот има подготвено богати награди и стипендии“ – вели проектниот менаџер, Драган Спасески – Охридски и додава „Целта ни е да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top