Ознака: Лајонс

Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на Рибарски алманах

Post Views: 10 Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 – 1941 година, единствен од таков вид во нашата земја. На тој начин, оваа ретка колекција на имиња и фотографии станува достапна за пошироката јавност. Овој чин претставува своевиден поклон за охриѓани за Денот на рибарите, со целокупна поддршка од директорот на Државниот Архив, Д-р Емил Крстески. В.Д....

Continue reading

Лајонс клубот Десарети донираше еколошко катче на ОУ „Глигор Прличев“

Post Views: 6 Лајонс клубот Десарети доби Еколошко катче. Сместено  пред кабинетот на наставниот предмет биологија, новото еколошко катче ќе ги едуцира основците за екологијата и нејзината важност во заштита на природата. Тоа е донација на Лајонс клубот Десарети. Во рамки на одбележување на годината на јубилеи на лајонизмот, а согласно годишната програма на ЛК Десарети преку овој гест ќе ја подига еколошката свест, вели Сузана Наумоска, претседателот на ЛК „Десарети“ „Го одбравме училиштето„Григор Прличев“  кое нас денес буквално не изненади со овој проект колку може децата сами да...

Continue reading

Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, одбележува 10 години од постоењето

Post Views: 5 Во рамки на одбележувањето на овој значаен јубилеј утрово во 10 часот во централна градинка „Јасна Ристеска“ ќе биде промовиран проектот „Офтамолошки скрининг“ за рано откривање на диопртија кај деца на возраст од 3-6 години, со кој ќе бидат опфатени 200 деца. Во 13 часот во просториите на Црвен крст Охрид клубот ќе донира 25 пакети со основни прехрамбени и хигиенски производи на социјално загрозени семејства, по што во ОУ „Григор Прличев“ ќе биде предадена донација од 100 бели рози.

Continue reading

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава засади бели рози

Post Views: 1 Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ  кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната  помош од страна на вработените во ЈП „Комуналец“ –Охрид. Дениците сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да му додадат...

Continue reading

Д-р Петар Бачевски лауреат на наградата „Горна порта“ од Лајонс клуб Охрид

Post Views: 2 Со хуманитарна забава вчера во Кадмо бар, Лајнс Клуб Охрид го одбележа својот девети јубилеј, заедно со членови на другите лајнс клубови од Охрид, гости од сродните клубови, многубројни пријатели на клубот и хумани граѓани на Охрид. Со оваа прослава се заокружи уште една успешна и плодна година во која членовите на клубот водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредности, како и афирмација на суштината на лајонизмот, се ангажираа во организација на многубројни настани и активности. Се потрудивме да ја оправдаме одговорноста која како претставници на...

Continue reading

logo

Женскиот Лајонс клуб „Деница“ ја организира третата „Хуманитарната вечер под маски“

Post Views: 1 Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Трета година по ред  Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на денот на шегата организира „Хуманитарна вечер под маски“, на која оваа година дениците ќе се обидат да соберат средства кои ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град. Инаку средствата кои беа собрани од првиот ваков хуманитарен настан во организација на дениците беа донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Минатата година пак преку „Хуманитарната...

Continue reading

Лајонс клуб Охрид донираше во рамки на Неделата на борба против гладта

Post Views: 4 Лајoнс клубот од Охрид донираше пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена за ранливите категории на граѓани. Со тоа и тие се приклучуваат кон одбележувањето на неделата на борба против гладта која оваа година се одржува под мотото Помислете на нас. Лајанс клубот од Охрид како и досега така и во иднина движејќи се од помислата за хуманите вредности и помагање на оние на кои тоа им е најпотребно ќе се вклучува во сите хуманитарни акции кои се организирани и од сопствени средства ќе  донира основни средства за живот на социјалните категории на граѓани,...

Continue reading

logo

Лајонс клубовите „Деница“ и „Охрид“ во борба против оштетувањата на видот кај децата

Post Views: 2 Лајонс клубовите „Деница“ и „Охрид“ го реализираат проектот за превенција и рано откривање на оштетувањата на видот кај децата од предучилишна возраст. Проектот се состои од едукативни презентации за родителите и децата од детските градинки и поттикнување што порано да се спроведува скирининг на видот кај децата. Проектот е насловен „За децата појасно да го гледаат светот“, а предавањето ќе го одржи Специјалист офталмолог Д-р. Виолета Павлоска во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со почеток во 16:30.  

Continue reading

Започна првата фаза на уредување на Лајонс паркот во Охрид

Post Views: 3   Означен стартот за уредување на Лајонс паркот Охрид. Започна првата фаза за подготовка на хортикултурно уредување на дел од  потегот покрај пешачката патека од каналот Студенчишта до каналот Рача. Изградбата на паркот е заложба на сите 4 Лајонс клубови од Охрид со поддршка од општина Охрид. Маријан Талев, гувернерот на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, напомена дека како дистрикт 132 ќе ја поддржат оваа акција која е за граѓаните на Охрид. „Ние сме горди Лајонси со овој проект што денес започнува во Охрид. Како Лајонси имаме 8 сервисни акции, првата е вид, млади, хуманитарни,...

Continue reading

gradinka pregledi

Дечињата од градинката „Развигорче“ учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје

Post Views: 9 Најмалите, дечињата од градинката „Развигорче“ денес учеа како правилно да се грижат за своето орално здравје и како правилно да ги четкаат запчињата. Тие добија вистинско стоматолошко искуство. Си седеа на столче и беа мирни додека двата тима стоматолози од ординациите „Денториа“ и „Д-р Сашо Стоев“ им ги прегледуваа запчињата. Оваа акција е во организација на Лајонс клубот „Охрид“ и овие две ординации кои исто така се членови на лајонсите. „Потпомогнати сме од Лакалут, Денториа и д-р Сашо Стоев, двете ординации, сите доктори ни се тука, еве видовте вие и практично како...

Continue reading

gradinka

Четкањето на заби се учи од мала возраст

Post Views: 12   Едукација за правилно четкање на заби денес се одржа во детската градинка Јасна Ристеска. Познати стоматолози од ординациите Денторија и Сашо Стоев на дечињата им предочија што треба да јадат за забите помалку да им се расипуваат, како правилно да ги четкаат запчињата и на крај им поделија пакет подароци. Проектот е поддржан од Лајонс клубот Охрид, а планираме да продолжи и во наредните години, истакна др Ертан Омеров од стоматолошката ординација Денторија. Тој додаде дека децата одлично соработувале со нив, а тие запишале колку има млечни, расипани и трајни заби...

Continue reading

logo

Дениците го разубавија Охрид со уште 70 садници бели рози

Post Views: 1 Втора година по ред на 6-ти ноември,  членките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид,  садат бели рози во паркот пред хотелот „Гарден“. Продолжуваат со нивните заложби, Охрид да прерасне во „град на белите рози“. Даниела Котеска Лозаноска, членка на Лајонс клубот „Деница“ истакна дека  нивната цел е ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, а оваа активност да прерасне во традицонална. „Оваа година засадивме седумедесетина садница, поголема бројка од минатата година. Можеби тоа се должи на поддршката која ја добивме за оваа акција од другите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top