Ознака: криза

fasada

Ситиот на гладниот не му верува

Post Views: 1 Сопствениците на куќите кои се без фасада се ставени пред тешка дилема како да ја завршат последната фаза од изградбата на својот дом во услови на тешка економска криза. Во недостиг на финасии сега се растргнати меѓу високите казни од кои боли глава и своите можности за да ја завршат и обојат надворешноста на својот дом.    Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вели дека засега немаат точна цифра на нефасадирани објекти во Охрид. Нивните сознанија се дека повеќето нефасадираните објекти се во руралните средини, а во градот нивната бројка е помала.Во...

Continue reading

bogov

Македонскиот банкарски систем e стабилен

Post Views: 6 Финансиската криза која на големо го тресе нашиот јужен сосед, го наметна прашањето, колку е стабилен нашиот банкарски систем и какви ќе бидат последиците по работењето на македонските банки? Димитар Богов, Гувернерот на НБМ, уверува дека македонските банки, не се изложени кон државен долг на најризичните земји во Еврозоната, а што е најважно не се изложени кон Грција. Парите на депонентите се пласирани во македонската економија, македонски претпријатија и кај македонски граѓани, додава тој. „Од тој аспект не очекуваме пренесување на овие негативни ефекти кон македонските...

Continue reading

sednica sovet

Намалени цените за откоп и закоп

Post Views: 6 Граѓаните на Охрид ќе плаќаат помалку за ископ и закоп. На денешната седница на Советот на општина Охрид, советниците дадоа зелено светло на Предлог – одлуката за давање согласност за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Погребни услуги“. В. Д. директорот Мите Здравески во врска намалувањето на цената за оваа услуга, рече дека претпријатието преферира да ги штити интересите на граѓаните посебно во овие моменти кога се соочуваме со тешка економска криза. Тој додаде, дека простор за намалување на цените...

Continue reading

konferencija

Синдикалците на меѓународна конференција во Охрид

Post Views: 2 Светската финансиска криза која трае 2-3 години покрај финансиски проблеми предизвика и големи екномски, социјални и психолошки последици за вработените. Од овие проблеми недопрена неостана ни  Македонија која на економско – социјален план има доста проблеми. „Уште кога се појавија првите знаци на кризата, ССМ апелираше до владата на РМ навреме да се преземе мерки за да се амортизира незиниот удар врз македонската економија, но и на работните услови и работните места на микро ниво“, истакна претседателот на ССМ Живко Митревски. Тој пред присутните проговори за усвоените...

Continue reading

Dukani

Под клуч чаршиските дуќани

Post Views: 4 Охридските дуќанџии имаат бројни проблеми. Многумина од нив не сакаа да коментираат пред нашата камера за лошата состојба со која се соочува овој еснаф. Неколку од нив се затворени и се издаваат под кирија. Дали економската криза веќе го зема данокот или постојат други околности со точност не може да се каже, бидејќи во Охрид нема еснаф на дуќанџии. И охриѓани се повеќе свесни за ваквата состојба. Велат дека одамна не се сеќаваат на ваква криза во трговскиот еснаф, бидејќи според нив трговијата е гранка која тешко умира.Охридските дуќанџии секојдневно гледаат како соседите...

Continue reading

sostanok sindikati

Синдикатите бараат излез од економската криза

Post Views: 1 Највисоките претставници на Синдикатите од градежништвото, индустријата на градежни матријали, шумарство и преработка на дрво, на состанок во Охрид. Претставниците од Србија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, членки на меѓународната федерација за градежништво, дрвна индустрија и шумарство, како и координаторот за Југоисточна Европа, на едно место ги собра претседателот на Група 9, Живко Митревски, со цел  заедно да утврдат соодветна стратегија за делување, поради економската криза. „На состанокот се разовараше и за колективното договарање...

Continue reading

hoteli

Кризата за хотелскиот бизнис допрва доаѓа

Post Views: 1 Актуелната визна  либерализација кај нас и во регионот, свинскиот грип и економската криза  сериозно се закануваат охридските хотели за дочекот на  Нова година да останат полупразни, па дури и празни. Во овој период лани биле распродадени 90 насто од капацитетите, а тоа ни од далеку не е случај во моментов. Најави има, но слабо оди продажбата на новогодишните  аранжмани  објаснуваат хотелиерите. Некои од нив, меѓу кои е Перо Кутаноски менаџерот на хотелот Гранит, се надеваат дека  ситуацијата  може да се измени за следните 10-тина денови. Кутаноски не е оптимист  дека...

Continue reading

logo

И нашиот туризам во криза

Post Views: 3 Светската економска криза во голема мера се рефлектираше врз туризмот во Македонија, велат од стопанската комора за туризам на Македонија. Од таму со надеж гледаат на сезонава која претстои но и на напорите на владата за зајакнување на оваа стопанска гранка. „Субвенционирањето во туризмот ќе започне на 1-ви јануари и тоа ќе биде една голема инјекција за македонскиот туризам“, сметаат од комората. Светската економска криза си го направи своето. Годинава во голема мера како насекаде во свето се рефлектираше и кај нас. Угостителските капацитети го забележаа најмалиот промет...

Continue reading

Охридските градежници имаат се помалку работа

Post Views: 1 Во моментов градежниците се соочуваат со голем пад во обемот на изведување на градежните работи вели Јонче Илоски од градежното претпријатие „Пирин Комерц“. Тоа се должи најверојатно на моменталната ситуација во државата која е зафатена од рецисија и со неа се осеќа и пад во градежништвото. Покрај кризата, и неповолните банкарски каматни стапки имаат влијание граѓаните да го одлагаат градењето за подобри времиња појаснува Илоски. Охридското градежништвото дека се наоѓа  во криза потврдуваат и податоците од секторот за урбанизам. Лани од овој сектор издале 180 одобренија...

Continue reading

Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот

Post Views: 1 Официјалните податоци од светската туристичка организација за земјите од Европа,поразителни. Бројот на туристи драстично мал и во Охрид. Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот.Официјалните податоци од светската туристичка организација, за првите четири месеци од меѓународните туристички движења се поразителни. Само за Европа истите бележат пад од 10%. Катастрофално е намален бројот на туристи и кај нас, вели Дончо Таневски претс. на здружението на хотелиери. Во изминативе години, најголем број од туристите на Охридското крајбрежје, беа гости од нашите...

Continue reading

turisticki dejci

Туризмот е во криза

Post Views: 4 И на нашите простори се чувствува влијанието на рецесијата па се бараат начини како да се излезе од таа економската криза  истакна продеканот на факултеТот за туризам и угостителство Јован Стојаноски. „Навистина е добро да соработуваат луѓето со теоретски истражувања од областа на туризмот со оние кои се директно засегнати од кризата во туризмот“ вели Стојаноски. Сите тие се во потрага на решенија за излез од глобалната рецесијата која влијае и на домашниот туризам.   На работата на конгресот присуствуваа и голем број  туристички работници. Тие се согласуваат со констатацијата...

Continue reading

Zoran Strezoski

Македонскиот туризам ќе профитира од светската економска криза

Post Views: 6 Македонија е интересна туристичка дестинација и  се очекува само мало влијание на економската криза врз туризмот вели директорот на агенцијата за развој на туризмот Зоран Стрезоски. Летово ќе е во пораст бројката на странските туристи е очекувањето  на Стрезоски. Оваа сезона се очекуваат гости од Израел, Холандија и од земјите на нашето опкружување. Стрезоски со преставници од министерството за економија учествуваа од 11 до 15 март на светскиот туристички саем во Берлин. И охридските хотелиери  се оптимисти за престојната туристичка сезона, пред се кога станува збор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top