Охридските градежници имаат се помалку работа

Градежните фирми наголемо ја чувствуваат економската криза.

 |  Валентина Нелоска  | 

Во моментов градежниците се соочуваат со голем пад во обемот на изведување на градежните работи вели Јонче Илоски од градежното претпријатие „Пирин Комерц“.

zgradaТоа се должи најверојатно на моменталната ситуација во државата која е зафатена од рецисија и со неа се осеќа и пад во градежништвото. Покрај кризата, и неповолните банкарски каматни стапки имаат влијание граѓаните да го одлагаат градењето за подобри времиња појаснува Илоски.

Охридското градежништвото дека се наоѓа  во криза потврдуваат и податоците од секторот за урбанизам. Лани од овој сектор издале 180 одобренија за градба, додека годинава за периодот јануари – јули се издадени 60 одобренија за градба кажува Никола Манески, портпарол на локалната самоуправа. Интензитетот на градба во 2008 бил на ниво од претходната година, додека годинава споредено со лани се издадени 1 / 3 од вкупно издадените барања. Иако треба да се земе предвид 2 половина од оваа година сепак владее скептицизам дека ќе се достигне ланската бројка  од  180 барања.     

Од локалната самоуправа велат дека  во Охрид има доволно локации  за градба и тие не преставуваат проблем туку целата ситуација се должи на економската криза. Иако во помал обем сепак во Охрид се гради, а падот во градежништвото  спореден со останатите општини во Македонија  е помал појаснуваат од таму.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top