Ознака: кривично

privedeni

Субвенции за добиток кој не постои

Post Views: 2 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акција под оперативно име “Тера“ со цел лишување од слобода на вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието, при што до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава. А.Ш.(71) од с. Блаце-Скопјеи Б.Ш.(38) с. Блаце-Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично  дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“, Д.А.(45)...

Continue reading

Sv Nikola

Ограбена црквата св.Никола во Радожда

Post Views: 3 Засега непознати сторители, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец, извршиле кривично дело „Тешка кражба „во црквата „Св.Никола„ во селото Радожда. Непознатите сторители на овој вандалски чин, насилно влегле во црквата  „Св.Никола„ и против-правно одзеле 12 икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со постолје. Материјалната штета, на бесправно однесените икони, кои се дел од културно-историското наследство, изнесува 1.800.ооо денари. Сторителите, со подесен алат, го скршиле цилиндарот од бравата на влезната врата, обивајки ја со употреба на физичка сила....

Continue reading

МЈП Проаква: Постапката на Евн Македонија со која ги остави без вода пиење Охрид и Струга е кривично дело

Post Views: 1 Постапката на ЕВН Македонија, исклучувањето на струјата на пумпните станици со што Охрид и Струга неколку часови останаа без вода, Директорот на МЈП Проаква, Томе Паскалоски ја квалификува како кривично дело. Компанијата со својата постапка за која предходно не го информирале јавното претпријатие го загрозило нормалното функционирање на градот и неговите витални објекти болници, училишта, градинки, додава Паскалоски. Граѓаните не беа информирани за што станува збор и беа збунети што се случува. Евн Македонија прекинот со електрична енергија на  пумпните станици  на МЈП...

Continue reading

svr

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Со кривична пријава се стекнаа уште три лица од Охрид на возраст од 27 до 41 година, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“. На 5-ти овој месец околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените отишле...

Continue reading

sudenje

Струшкиот суд на потег

Post Views: 17 После нецели осум месеци се затвора доказната постапка за несреќата која се случи на 11 септември минатата година, кога на деловниот простор „Пливалиште“, Струга на шанк од струен удар настрадаа тројца стружани. Иако бранителите на прво и трето обвинетиот инсистираа да се актуелизира барањето, да се сослушаат сведоци вработени во ЕВН Струга, ова барање категорично беше одбиено од страна на застапникот на обвинението Никола Неделкоски. Според Неделкоски обвинетите се сторители на кривично дело тешки дела против општата сигурност, од небрежност за што се изрекува казна...

Continue reading

ubistvo

На чекор до пресуда

Post Views: 8 Денеска во Основниот суд во Струга, со изјавата на Др Панде Видиноски, вештакот од психијатриското одделние од Скопје, се заокружи доказната постапка на кривично правниот настан за убиството на Џемаил Исмаили. Завршни зборови имаа обвинителот Никола Неделкоски, бранителот на оштетениот Димитрија Цобоски и бранителот на обвинетиот Емил Балабан. Според обвинителот Неделкоски, изнесените докази во постапката кажуваат дека обвинетиот ги сторил трите кривични дела за кои се терети и тоа со умисла го лишил од живот Џемаил Исмаили, се обидел да го лиши од живот неговиот син...

Continue reading

sudenje ubistvo

Блиску до разоткривање на мотивот

Post Views: 2 Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата...

Continue reading

falsifikuvani pari

Скопјани пазареле со фалсификувани пари во Струга

Post Views: 7 Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Х.Е. (45) и А.И. (45), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.На 2 септември годинава пријавените во Струга во продавница за текстилни производи пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра.Од полицијата информираа дека се испитува дали овие две лица пуштале и други фалсификувани банкноти во оптек. {loadposition content9}

Continue reading

Вакцинацијата на децата против ковид не е кривично дело, туку слободен избор на родителот

Post Views: 11 Рецензираме пост на Фејсбук којшто се однесува на вакцинацијата против ковид-19 на децата над 12 години. Во постот се тврди дека „доколку го вакцинирате вашето дете против ковид-19 вршите кривично дело, дека ризикот од сезонски грип е поголем од ризикот за ковид, дека вакцината е експериментална, како и дека вакцината против ковид има 50 пати поголема веројатност да убие, отколку самиот вирус“. Овие изнесени тврдења не се вистинити. Вакцинирањето на вашето дете со вакцина против ковид не претставува кривично дело. Во Република Северна Македонија, вакцинацијата против...

Continue reading

svr

Фатен коселчанец кој лажно пријавил кражба

Post Views: 9 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (53) од охридското село Косел.   На шести овој месец, пријавениот во СВР Охрид пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10000 евра и постелнина. Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно...

Continue reading

logo

Обид на насилник да прегази василичари

Post Views: 2 Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани. Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни повреди...

Continue reading

logo

Обид за убиство во Кичево

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово. Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тука, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел од живот да го лиши СФ. (19) нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top