Струшкиот суд на потег

Во Основниот суд во Струга, денес заврши доказната постапка за кривично правниот настан во кој од струен удар загинаа тројца стружани. Од одбраната на обвинетите сметаат дека прерано се затвара еден ваков комплексен кривично правен настан. Наспроти ова, судскиот совет предводен од судијата Живко Аврамоски, на 18 април во понеделник ќе ја соопшти пресудата.

 |  Билјана Николоска  | 
sudenje
судење

sudenjeПосле нецели осум месеци се затвора доказната постапка за несреќата која се случи на 11 септември минатата година, кога на деловниот простор „Пливалиште“, Струга на шанк од струен удар настрадаа тројца стружани. Иако бранителите на прво и трето обвинетиот инсистираа да се актуелизира барањето, да се сослушаат сведоци вработени во ЕВН Струга, ова барање категорично беше одбиено од страна на застапникот на обвинението Никола Неделкоски. Според Неделкоски обвинетите се сторители на кривично дело тешки дела против општата сигурност, од небрежност за што се изрекува казна од 1 до 5 год. Тој водејќи се од изведените докази на главниот претрес покрева обвинение поради фактите, дека обвинетите немале регистрирано фирма, не го известиле државниот трудов инспекторат за извршување на дејноста 8 дена пред започнување на истата, како и непоседување на А тест за заземјување на електричната инсталација на шанкот. Од се ова произлегло и тоа дека електричната инсталација не била стручно изведена бидејќи висел кабел кој не бил никаде приклучен. Неделкоски исто така рече дека причина за појава на високиот напон било оштетување на една од светилките која дошла до гола фаза, а доколку металната конструкција била заземјена не би дошло до струен удар. Полномошникот на оштетените Љубиша Мукоски се приклучува кон кривичното гонење на обвинителството, но според него во текот на целата постапка што се водела за овој случај, се стекнувал впечаток дека нешто недостасува, а тоа е одговорност на локалните и централните инспекциски надзори.

Димитрија Цобоски, бранителот на обвинетиот Гоце Јанески, рече оти во овој случај на некој начин се премина преку правата вистина или пак се прави обид за тоа, предметот да се затвори само со тројцата кои седат на обвинителната клупа.

Обвинетите, Гоце Јанески, Цвете Вранишкоски и Климе Миладиноски уште еднаш изразија жалење до фамилиите за немилиот настан. Изјавата на Јанески за крај не остави ниту еден рамнодушен во судницата. Тој рече: „Овие седум месеци поминувам низ пекол, се чуствувам како жив мртовец и немам воља за живот. Тешко се помирувам со фактот дека ќе носам товар за цел живот, но од морална страна. Не сум виновен од правен аспект и чист сум пред законот“. Јанески рече дека потполно верувал во стручноста на Цветкоски Маријан кој ја поставил електричната инсталација и имал овластена фирма за тоа, а никогаш од него не бил побаран А тест за тоа, а доколку било побарано ќе го обезбедел истиот. Останува да видиме како ќе пресуди судијата Живко Аврамоски, кој на 18 ти април, понеделник закажа објавување на пресуда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top