Ознака: кражба

Кражба во црквата мал „Св. Климент“ во Охрид

Post Views: 11 На 25-12-2021 година во СВР Охрид, приведен е М.Ч. (55) од Охрид кој претходно, е затекнат при кражба во црквата мал „Св.Климент” во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Sv Atanasija Lukovo

Црквите лесен плен за крадците

Post Views: 0 Преку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.Увид...

Continue reading

svr

Кражба на пари од црква во Пештани

Post Views: 2 Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.  

Continue reading

svr

Тешка кражба извршена од малолетник

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“  СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените  дела. Пријавениот шеснаесет годишен малолетник, тешката кражба ја извршил на 13 октомври оваа година во канцеларија на одделението за даноци од локалната самоуправа Охрид. Тој се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и се префрлил до прозорот на канцеларијата на оддлението за даноци. Успеал насилно да го отвори прозорецот,...

Continue reading

svr

Кривична пријава за албанскиот граѓанин кој ја ограби „Св.Богородица Пречиста“

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против А.Д.(38) од градот Дибер, Република Албанија. Него одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен во казнено-поправната установа во Тетово. Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“-предмети...

Continue reading

Најопасна за вашиот компјутер е Хајди

Post Views: 6 Компанијата McAfee која се занимава со сигурноста на Интернетот спроведе истражување кое покажа дека секое десетто пребарување кое вклучува има на модел на Викторија Сикрет ќе ве однесе на „инфицираната“ веб интернет страница. Тие најчесто содржат некои вируси кои се дизајнирани за кражба на идентитетот. Претставниците на McAfee велат дека имињата на славните личности често се користат за привлекување на луѓето на заразените сајтови. Минатата година најопасна беше Камерон Дијаз, која оваа година падна на второто место. {loadposition content9}

Continue reading

kradec

Фатен искусен крадец во Охрид

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид. На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите. Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска...

Continue reading

krazba

Охриѓанец се послужил во маркет и одбил да плати

Post Views: 8 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид. Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 03 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот. Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот.   {loadposition...

Continue reading

sostanok

Полицијата и трговците заедно во борба против крадците

Post Views: 9 Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација. Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски. Со цел да се слушнат проблемите на...

Continue reading

Во Охрид приведени три лица од Албанија за „кражба“ и „пустошење на шума“

Post Views: 3 На 26-ти мај 2021 година, во 00:15 часот во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид ги лишиле од слобода 34-годишниот T.Б., 31-годишниот Л.В. и 25-годишниот A.П., сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривични дела „кражба“ и „пустошење на шума“, казниви по член 235 и член 226 од Кривичниот законик. – Од судија од Основен Суд Охрид на лицата им била изречена мерка притвор по што биле предадени во Казнено – поправна установа „Затвор“ – Охрид, информираат од МВР.

Continue reading

Ikoni

СВР Охрид го расплеткува случајот со кражбата на икони

Post Views: 3 Се претпоставува дека ова се иконите што пред една недела биле украдени од црква во Крушево, а кои преку Албанија требало да бидат прошверцувани. Во близина на иконите пронаједоно е и опажарено возило марка Мерцедес. СВР Охрид и полициската станица од Дебар пронајдоа 25 икони во месноста Жичен Мост, во атарот на селото Спас, во близина на македонско-албанската граница. На лице место беше извршен увид од страна на истражен судија и екипа на дебарската полиција. „Полицијата иконите ги пронајде во четири јутени вреќи запакувани во две големи најлонски кеси. Вреќите се...

Continue reading

krazba

Тешка кражба на „Дејан Војвода“

Post Views: 2 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од село Лакочереј, за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка телесна повреда“. На 17- ти јуни, околу 22.40 часот, на улица „Дејан Војвода“, во Охрид, првопријавениот со влечење и ја истргнал чантата на 57- годишна жена од Словенија во која имало мобилен телефон, пари и лични документи, додека второпријавениот го задржувал лицето кое се движело заедно со жената. При влечењето, жената при пад на земја се здобила со тешки телесни повреди во пределот на десната надлактица, по што и е укажана лекарска помош во Специјализираната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top