Во Охрид приведени три лица од Албанија за „кражба“ и „пустошење на шума“

Приведени три лица од Албанија под сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење на шума“.

 |   | 

На 26-ти мај 2021 година, во 00:15 часот во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид ги лишиле од слобода 34-годишниот T.Б., 31-годишниот Л.В. и 25-годишниот A.П., сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривични дела „кражба“ и „пустошење на шума“, казниви по член 235 и член 226 од Кривичниот законик.

– Од судија од Основен Суд Охрид на лицата им била изречена мерка притвор по што биле предадени во Казнено – поправна установа „Затвор“ – Охрид, информираат од МВР.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top