Тешка кражба извршена од малолетник

Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“  СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените  дела.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr
свр

полицијаПоради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“  СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените  дела.

Пријавениот шеснаесет годишен малолетник, тешката кражба ја извршил на 13 октомври оваа година во канцеларија на одделението за даноци од локалната самоуправа Охрид. Тој се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и се префрлил до прозорот на канцеларијата на оддлението за даноци. Успеал насилно да го отвори прозорецот, влегол во канцеларијата и бесправно одзел едно компјутерско куќиште  и една тастатура.

Следниот ден, пријавениот малолетник извршил уште една кражба од истата општинска просторија. На истиот начин влегол во канцеларијата и одзел 2 компјутерски монитори и едно куќиште.

По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на малолетникот од каде одземени се штрафцигери, обувки и неколку предмети врз кои е извршено вештачење. Со малолетното лице, во присуство на неговиот родител извршен е разговор во СВР Охрид за што е известен и социјален работник.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top