Post Views: 3
Акција на регионално одмрзнување. Во повеќе градови на екс југословнските простори, Скопје, Сараево, Белград, Љубљана, Загреб, Бања Лука, Приштина и Подгорица, отпочна најголемата регионална кампања. Таа се состои во поддршка на населението за формирање регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права извршени во периодот од 1991ва до 2001ва год на просторот на поранешна СФРЈ. Денес, пред општина Струга, отворен пункт за потписи на стружаните. Бранкица Затаракоска од младински образовен форум е дел од тимот на...
Post Views: 9
Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема.
Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...
Post Views: 2
„Јандекс“ исто така учествува во истрагата на Европската комисија која ја проучува ситуацијата со доминацијата на Гугл на Андроид платформата. „Ние сметаме дека сервисите за корисниците – како што се пребарувањето, картите, поштата итн. – треба да се одвојат од оперативниот систем Андроид“, изјавија од „Јандекс“.
Во 2014 година Гугл забрани претходна инсталација на сите сервиси на „Јандекс“ за мобилните уреди Fly, Explay и Prestigio. Во „Јандекс“ сметаат дека веројатноста Гугл да продолжи со таквата практика е голема.
Според податоците на Mail.ru, во јануари оваа...
Post Views: 5
Цената на струјата од 1 јануари наредната година да се зголеми за 6,95 отсто, предложи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Конечната одлука за цената ќе биде донесена до крајот на неделава.
Граѓаните ја добија својата новогодишна честитка. Несомнено, најавите за новите поскапувања ќе бидат шок за буџетот на секое семејство. Логично е дека повисоките сметки за електрична енергија ќе повлечат низа други поскапувања, особено кај животните продукти.
Од регулаторната комисија за енергетика образложија дека поскапувањето требало да биде двојно повисоко од предложеното,...
Post Views: 4
Бензините од синоќа на полноќ поскапea за еден, односно 1,5 денар по литар, а дизел горивата поевтинaa за еден денар, одлучи v;era Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 76 денари, додека Еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари и ќе се продава за 78 денари за литар. Новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 69,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 58,50 денари за литар.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита.
Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите.
„Ќе биде испочитувана...
Post Views: 2
Од 1 јануари струјата најверојатно ќе поскапи за 10% до 12%. На ова вчера укажа вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој не шпекулираше за колкав процент ќе поскапи струјата. Џон Герисен од УСАИД изјави дека енергетските компании побарале зголемување на цената на електричната енергија за 12% од 1 јануари идната година.
Трите енергетски компании, ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, веќе ги доставија до Регулаторната комисија за енергетика остварените и планираните трошоци од работењето, врз основа на кои ќе се крои новата цена на струјата. Ниту од Регулаторната комисија,...
Post Views: 3
Корупцијата навлезена во сите пори на општеството. Политиката и јавната администрација на прво место а останатите сфери од општествениот живот со послаба интенција. Најсилен инструмент во борбата против корупцијата е конфискација на имотот. Имплементација на законот за управување со конфискуваниот имот веќе резултира и може да се тропне пред европските порти, кажа денес од Охрид, Министерот за правда Михајло Манески. Додаде дека во државата се води успешна политика за справување со корупцијата.Слаѓана Тасева официјалниот претставник на земјава за ГРЕКО, рече дека има...
Post Views: 8
Денешната работилница претставува подготовка за имплементација на „Законот за дискриминација“, донесен од Собранието на Р. Македонија во април годинава, со цел граѓаните кои припаѓаат на различна етничка заедница, со психофизички недостатоци но и сите кои припаѓаат на различна вера и религија ќе се најдат во Законот кој треба да овозможи почитување на разликите без оглед кој на која група припаѓа. Законот за Дискриминација во Р Македонија е изготвен како резултат на потрбите во РМакедонија но и препораките на ЕУ, вели претставникот на Министртвото за труд и социјална...
Post Views: 31
Државната пописна комисија информацијата ја испрати ноќеска до сите медиуми преку соопштение во кое им препорачува на сите учесници на пописот да ги сопрат идните активности поврзани со оваа операција. Во соопштението се вели:
– Државната пописна комисија на вечерашната седница констатираше дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на пописот. Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со ЕУРОСТАТ во делот кој го разработува членот 6, став 3,...
Post Views: 9
Вторпат од почетокот на учебната година високите температури се причина наставата да трае до 12 часот.
Ваква одлука донесоа министерствата за образование и здравство по препорака на Комисијата за заштита на населението од топлотни бранови. Така ќе биде во наредните три дена, но во зависност од прогнозите на синоптичарите не е исклучена можноста од продолжување на скратената настава.
….на оваа мерка се одлучивме по препорака на надлежната комисија во министерството за здравство. Тоа значи дека сите директори и наставници мора да ја прилагодат програмата и наставата...
Post Views: 0
Тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија(СЕММ), закажана за 24 април во Охрид.
Членовите на Управниот одбор, на Жалбената комисија и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата, ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за Етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.
Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Жалбената комисија на СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една од главните алатки што ги применува...