Ознака: кои

niskogradba

Зачестени сервисните интервенции на водоводната мрежа

Post Views: 2 Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава  дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста. Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми...

Continue reading

soblekuvalni

Нови соблекувални за спортската сала на Гимназијата

Post Views: 1 Модерна сала и модерни соблекувални по европски терк ќе добие охридската гимназија. Проектот за реновирање и изградба на соблекувалните долго време се очекуваше. Досега учениците од гимназијата „Свети Климент Охридски“ за потребите на часот по физичко образование ја користеа малата дотраена соблекувална која сега веќе е разурната. Со изградбата на новите соблекувални, тие ќе добијат европски услови за физичко образование. „Конкретно значи од вчера се започна со тие активности значи во делот на спортската сала во Гимназијата. Комплетно значи ќе бидат направени нови соблекувални...

Continue reading

Ohridsko ezero

Еколошка немоќ пред езерото

Post Views: 4 Алармот за спас на Охридското езеро од човечката негрижа е вклучен пред 11 години. Свеста кај населението за значењето на езерото во изминатава декада  континуирано се подига. Заштитата е вечен процес кој никогаш нема да има крај. Тоа ќе биде континуирана борба со многу интереси и предизвици. Двете држави, на чии територии се наоѓа огромната водена површина, прават обиди да ја зачуваат неговата чистота која е од непроценлива важнот. Потпишан е заеднички македонско-албански Договор за заштита на езерото, изработена е заедничка Студија за состојбата на Охридското езеро...

Continue reading

Gimnazija

Охридската гимназија најпосакувана за идните средношколци

Post Views: 1 Голем интерес за упис во О.С.У. „Св.Климент Охридски“. Од слободните 440 места во оваа образовна установа, само во првиот дел од јунскиот уписен рок, пријавени околу 370 идни гимназијалци. И тоа, за 12- те слободни гимназиски паралелки, 4-те економски, како и медицинската, која веќе четврта година по ред буди голем интерес кај идните средношколци. Директорот на гимназијата Наум Рилкоски задовлен од текот на уписите, најави неколку олеснителни околности за следните уписни рокови. Директорот Рилкоски, задоволен и од текот на државната матура неодамна спроведена во оваа...

Continue reading

fekalii

Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Post Views: 10 Корења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој...

Continue reading

novinarstvo

Пишувај гласно, зборувј моќно

Post Views: 2 Мотивација и желба за студирање. Ова е еден од условите кој треба да го исполнат студентите кои сакаат да се запишат на високата школа за новинарство и односи со јавноста. Сеуште тече конкурсот за упис на студенти на оваа школа за 2011-2012 година. Вкупно 80 студенти можат да се запишат на високата школа за новинарство, а со тоа да го искористат и правото на прв професионален ангажман уште за време на студиите, вели Александра Теменугова, раководителот на наставна програма.„Кандидатитетреба да имаат завршрно 4 години средно образовоание кое што треба да го потврдат....

Continue reading

zapleneti mrezi

Уништени запленетите рибарски мрежи

Post Views: 7 Вкупно 1440 рибарски мрежи  запленети од Езерската полиција во водите на Охридското Езеро, денеска беа уништени на депонијата во Мауцкер. Пред уништувањето Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска лично ги виде запленетите мрежи во седиштето на езерската полиција. „Денеска ќе бидат уништени вкупно  1440 рибраски мрежи со вкупна должина од 70 километри. за илустрација тоа е двојно повеќе одколку што е должината на државната граница со Република Албанија“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Можам да констатира дека во периодот кога...

Continue reading

konferencija

Mеѓународна конференција за борба против трговија со дрога

Post Views: 4 Охрид домаќин на Меѓународна конференција посветена на “Националните стратегии за борба против трговијата со дрога – намалување на снабдувањето со дрога“. Конференцијата е во организација на Министерството за внатрешни работи и Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. „Ваквите конференции се од исклучителна важност не само заради темата која се обработува, туку несомнено претставува еден од најсложените проблеми и еден од најкомлексните облици на криминал, туку и заради можноста експертите на соодветно ниво да се започнаат меѓу себе и да...

Continue reading

Проработи информативниот центар на Галичица

Post Views: 1 Информативниот центар на НП „Галичица“, ставен во функција. Управата на паркот веќе ги зазеде своите позиции во канцелариите на центарот, уште пред еден месец. Во тек е фазата на уредување на делот за посетители. Според најавите на директорот на паркот Зоран Ангелоски, до крајот на јули целиот објект треба да биде комплетно уреден и официјално да биде ставен во употреба за сите посетители. Изминатиот период во рамките на активности на националниот парк се случија многу работи. Една од нив е процедурата за обука на лиценцирани туристички водичи која е единствена од ваков...

Continue reading

Mr Balkan

Да се ослободиме од стравот на минатото

Post Views: 1 Австралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид. Австралиско...

Continue reading

krvodaritelstvo

Светски ден на крводарителството

Post Views: 11 Симболична крводарителска акција за одбележување на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Меѓу хуманите крводарители имаше и нови сили, но и вистински рекордери и ветерани кои несебично давале крв низ годините. Денес е посебен ден за крводарителите и за Црвениот крст од Охрид, но нашите активности не запираат во текот на целата година-вели претседателот на Охридскиот Црвен крст-Сашо Точков. 14 Јуни минува во знакот на црвената боја, во знакот на организациите на Црвениот крст, но пред се, во знакот на сите хумани луѓе кои несебично даруваат крв. Денес е Светскиот...

Continue reading

konferencija GO

Колку квалитетно работат граѓанските организации во нашата земја?

Post Views: 3 Иако во Македонија има над девет илјади граѓански организации, сепак останува голема резервата кај граѓаните во врска квалитетот на нивното работење како и квалитетот на услугите кои тие ги нудат. За истите да може да функционираат, потребни се финансиски ресурси. ЕУ издвојува средства преку ИПА инструментот, но локалното финансирање на ГО сеуште не е доволно развиено, вели Сунчица Саздовска од проектот за “Техничка поддршка за граѓанските организации” ТАКСО. Најголемиот број од нив, над 70% е лоциран во Скопје, каде функционираат и оние најактивните. Експертите сметаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top