Ознака: кои

Goran i Dragana

Нова пракса

Post Views: 24 Владата одговори на барањата на Центарот за култура, се пофали првиот човек на установата Драгана Боцеска. Таа е задоволна од средства во износ од околу 4 милиони денари, кои Министерството за култура ги одобри за реализација на зацртаните проекти во програмскиот дел и кажа каде ќе се употребат истите. Боцеска додаде дека установата е во првата фаза за реконструкција на кино секторот. „Исто така со големо задоволство ги најавувам и активностите кои шти ни се ветени, техничко осовременување и во кино секторот и секако во театарскиот дел. До денес имавме и проекти кои...

Continue reading

sajan nat

Петкратниот светски шампион во теквондо, Сајан Бат, ѕвезда на Охрид Опен 2012

Post Views: 1 20те години постоење на Македонската теквондо федерација ќе бидат одбележани на фантастичен начин. Ѕвезда на турнирот кој се организира по повод овој јубилеј ќе биде рускиот теквондо борец Сајан Бат. Она што е најинтересно за Бат е дека тој во земјава доаѓа без ниту еден единствен пораз во својата кариера. Со овој спорт почнал да се занимава уште во детството, а борец е веќе 12 години. Ексклузивно за нашата телевизија, Бат открива како успеал да остане непоразен сите овие години. „Па не знам како сум успеал да останам непоразен. Не знам, тоа е нешто што го имаш во себе,...

Continue reading

karti humanitaren koncert

Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Post Views: 2 Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.   „ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин. Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...

Continue reading

perivlepta

Највредниот живопис во Македонија

Post Views: 7 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години на...

Continue reading

sileks

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 0 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Continue reading

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Post Views: 7 Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски. „Доколку ги исполнат договорите...

Continue reading

kalendar

Талентирани деца има и во Охрид

Post Views: 3 Десарт, Дјелза и Деа Елмази се три исклучително талентирани второоделенци, чиј што најголеми интереси се музиката, ликовната уметност и математиката. Сите тројца литературно говорат и три јазици. Своите големи интелектуални способности несебично ги користат за да им помогнат на своите другарчиња од училишните клупи. Нивната мајка Шпреса Скоро Елмази, вели дека нејзините деца се надполнуваат меѓу себе кога станува збор за нивните таленти, но одговорноста  да се биде родител, да им се помага на три волку талентирани деца е огормна. „ Тие сами навистина и повеќе од мене...

Continue reading

testiranje TOP 10

Лајонс клубот „Охрид“ ги избра најдобрите ученици

Post Views: 10 Денес во просториите на образовниот центар „Пи-си“ се одржа вториот циклус од натпреварите „Топ 10 Избор на најдобар ученик на градот Охрид“, за учебната 2011/2012 година. Електронските тестирања за избор на најдобрите десет ученици, се спроведоа по наставните предмети македонски јазик, англиски и математика.  Учениците задоволни од тестовите и времето кое им беше дадено за решавање. Годинава се натпреваруваа 125 натпреварувачи, ученици од 5-то до 8-мо одделение од шест основни училишта од Охрид. Училиштата ги избираат најдобрите ученици, додека од Лајонс клубот „Охрид“...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

jadenje

Патот до срцето води преку желудникот

Post Views: 6 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во  четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења. За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек  со прилог од некој замрзнат зеленчук во најголемиот...

Continue reading

peceno jagne

Охриѓани мераклии на јагнешко и велигденски јајца

Post Views: 7 Полни раце работа за интернистите во Општата болница. Продолжениот празничен викенд се покажа и тоа како работен за нив. Се чини Охриѓани баш си го сакаат јагнешкото и велигденските јајца бидејќи добар дел и претерале со ваквата храна. Ова особено станува проблем поради долгиот период на велигденски пости. Според лекарите, токму наглото консумирање на мрсна храна по постот е главната причина за јавување на тегобите. Во Интерното одделение при Општата болница само за овие неколку дена регистрирале преку 180 случаи на пациенти кои прекумерно консумирале мрсна храна викендов. „Ние...

Continue reading

колектор Пештани

Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Post Views: 5 Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top