Ознака: кои

Ohridsko ezero

Германски искуства: Охрид да тежнее кон одржлив туризам

Post Views: 0 Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата. „Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата.  „Јас не можам да...

Continue reading

dul

Интрепелација нема, а разрешување може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески

Post Views: 7 Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација. Ова е типично во нивен стил, дефукусирање на јавноста во моменти кога централната власт се соочува со бројни проблеми во надворешната политика, економијата и безбедоноста на земјата, рече Јаковчески. Нивното барање да се свика итна седница поврзана со состојбите во Трпејца не можев да го реализирам затоа што за тоа немаше предуслови. Нема итна седница, туку вонредна, која се свикува во...

Continue reading

rakce

Европски и Крив слатководен рак-наши малку познати соседи

Post Views: 0 Astacus astacus и Potamon fluviatile, изгледаат чудно исто како што звучат. Ова се двата видови на слатководни ракови кои што живеат кај нас. Првиот,  Astacus astacus или Европски слатководен рак се среќава почесто, додека  Potamon fluviatile или Кривиот слатководен рак е далеку поредок. Европскиот рак може да се сретне низ целото Охридско Езеро, додека Кривиот се среќава исклучиво на територијата помеѓу Калишта и Радожда, а го има и во целиот албански дел. Овој рак пред околу 25 години го имало во многу поголеми количини, но отприлика во тој период во скоро сите води...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

piom sredba so gragjani

Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани

Post Views: 4 Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем. Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии. „Бидејќи се ова регионални...

Continue reading

letter

Отворено писмо до јавноста од охридските пратеници Шокароски и Николоски

Post Views: 1 Почитувани, Би сакале по втор пат да се обратиме на јавноста по повод случувањата во с. Трпејца со диво изградените објекти на крајбрежјето. При нашата посета на селото на 5 мај оваа година бевме запознати дека два објекти се бесправо изградени на самиот брег на езерото, дополнително бевме запознати дека исвеститорот се обидува да го сруши најсветото за жителите на с. Трпејца параклисот и светиот камен којшто со децении преставува свето место за нив. Во таа прилика ја повикавме Општина Охрид согласно своите надлежности делегирани со позитивните законски акти да ги изврши...

Continue reading

plocnik

Времето не лекува се

Post Views: 7 Охриѓани сеуште носталгични по калдрмата во чаршијата. Тие живо се сеќаваат на шеталиштето поплочено со камен уште од турско време. Чаршијата беше поплочена со оригинална калдрма од турскиот период  се до 50-тите години од минатиот век кога е заменета со автентични камени плочи. За жал, во 2006 година каменот беше заменет со мермерни плочки од низок квалитет, а од црвенкастите камени блокови не е оставена ниту мала апликација за да потсетува на старата убавина. Старата охридска калдрма, која важеше за една од најпознатите и најубавите во Македонија, остана уште само...

Continue reading

ohridija

Охрид ќе добие уште шест кружни текови

Post Views: 28 Локалната го променува регулирањето на сообраќајот во централното градско подрачје. Наместо светлосната сигназизација, одсега кружни текови. И раководителот на одделението за сообраќај и експертите се категорични дека овој начин на сообраќај за учесниците е побезбеден и го намалува времето на чекање. Работите отпочнаа на рскрсницата помеѓу Туристичка и Асном, кај стара Охридија, со тоа што се извадија старите билбориди, две сијалици и други метални елементи кои попречуваа во градежните активности. Кружните раскрсници даваат перспектива, за разлика од семефорскиот систем...

Continue reading

sos

Нема СОС линија во Охрид

Post Views: 8 Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна.  Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината. Искуствата покажуваат дека СОС линиите  се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и родителите...

Continue reading

sms poraki

Поефтинува мобилната телефонија

Post Views: 1 Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ. „За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската комисија...

Continue reading

Lupco Neckovski

Ново јавно наддавање за охридските плажи

Post Views: 24 Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и  врски. „Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што...

Continue reading

kosnicka

Трошоци за живот или трошоци за преживување?

Post Views: 1 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top