Ознака: кои

cinar

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 0 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Continue reading

suzana patceva

Голема чест, но и одговорност

Post Views: 16 Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот. Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката. Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку билатерални...

Continue reading

mitrevic

Загрозен крвотокот на градот

Post Views: 8 Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на градот...

Continue reading

bankomat

Крадците можат да ве олеснат и преку банкомат

Post Views: 11 Во светот далеку по присутен, но за жал и Македонија фаќа темпо. Компјутерскиот криминал зазема се поголемо место во вкупниот криминалитет во земјава. Компјутерскиот криминал е криминал на сегашноста и иднината. Вака вели професор д-р Светлана Николовска од Факултетот за безбедност од Скопје. Најпознат вид на компјутерски криминал е финансискиот односно кражбите од банкомати. Иако во јавноста не се многу познати, кражбите од банкомати се дефинитивно реалност за нашите граѓани. „Не би рекла дека во Македонија такви криминални случаи немало. Значи имаше изминативе години...

Continue reading

drimski basen

До каде се активностите на проектот за Дримскиот басен?

Post Views: 5 Овој проект е поддржан од Германската Влада преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планирано е да трае до 2015 година и да опфати 4 главни компоненти. Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката на рибниот фонд во трите езера, како и на карактеризација на езерата во Дримскиот Басен согласно директивите на ЕУ.Дел од проектот се и Министерствата надлежни за областа на заштита на животната средина,...

Continue reading

Balwois konferencija

Недостигот на вода-светски проблем

Post Views: 0 Во Македонија има добар хидролошки режим, но сеедно се дава придонес во насока на справување со климатските промени-вели министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми. Проблемот со климатските промени ги засега сите држави во светот, па оттука и справувањето со нив е задача и обврска на сите. Петтата BALWOIS меѓународна конференција за води, клима и животна средина се занимава токму со овие прашања. Неа ја отвори министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Абдулаќим Адеми кој изрази надеж дека оваа конференција...

Continue reading

megjunarodna konferencija bezbednost

Безбедноста-императив за Западен Балкан

Post Views: 0 Нато и Европската унија се иднината на Западен Балкан пред се од безбедносен аспект. Ова е една од поентите истакнати на денешната меѓународна конференција. За „Безбедноста и евроатлантските перспективи на Балканот“ со свој говор се обрати министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа потенцираше дека делувањето на безбедносните институции на Република Македонија истовремено делува и на сопствената, но и на регионалната безбедност. „Во изминатиот период во Македонија беше конституирана една мошне солидна регулативна и институционална основа за натамошна надградба...

Continue reading

sostanok trpejca

Трпејчани на средба со институциите

Post Views: 1 Судар на два закони, едниот за градба, другиот за легализација. Во тоа лежи основниот проблем поради што состојбата со двете дивоградби во Трпејца ескалира. Денес во малата општинска сала, советодавна група на граѓани од Трпејца одржа состанок со претставници од охридската полиција и ОБСЕ. Целта е надминување на проблемот што го имаат со сопственикот на дивоградбите Сребре Петрески, поради што во неколку наврати беше загрозена безбедносната состојба во оваа месна заедница. „Секоја од надлежните институции да си го заврши својот дел од работата“, порача Јавниот правобранител...

Continue reading

гранка

Охридскиот чинар мета на младите вандали

Post Views: 1 Најнова мета на младите вандали, стариот охридски Чинар. Од него скршена огромна гранка. Просторот околу чинарот и онака е место каде најмладите играат, но некои од нив овој пат претерале со играта. Охриѓани зачудени, велат дека многу малку се води сметка за оваа знаменитост. „Не повеќе, многу треба да се води сметка за чинарот. Генерации го чувале години и години и сега некој да го оштети, тоа не е во ред“ велат граѓаните. Некои од очевидците велат дека тоа го сториле учениците кои доаѓаат на екскурзија, но, некои велат дека тоа се локални деца. „Јас сум тука редовно...

Continue reading

nato samit cikago

Македонија останува на својата определба за членство во НАТО и ЕУ

Post Views: 1 Р Македонија останува на својата определба за членство во НАТО, затоа што на овој начин ќе генерираме стабилност, безбедност и развој во државава, во регионот, како и на светско ниво, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Тој додава дека  тоа го правиме преку имплементација и реформи во стандардите во одбраната, а во исто време и преку учество на Македонија во меѓународните мировни мисии. Според министерот, по самитот на НАТО во Чикаго, се потврдија позициите дека Р.Македонија ги исполнува критериумите и дава свој придонес за меѓународните мисии на НАТО. „Мислам...

Continue reading

ekspert

Соработка меѓу Македонија и Израел во сферата на иновациите

Post Views: 0 Светот денес се менува на таков начин и со таква брзина, што и Македонија ќе мора да се адаптира и да изнаоѓа начини да се вклучи во тие текови. На денешните предавања во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид, експертите од Израел ги споделија искуствата кои ги имаат од вакви слични соработки низ целиот свет. Данчо Давчев, Ректор на Универзитетот истакна дека плодна соработка е особено можна на полето на иновациите со користење на европските фондови. „Заедничко учество на проектите финансирани од ЕУ, посебно од програмата за исни технологии....

Continue reading

baner

Со заедничка работа, до одлични резултати

Post Views: 0 Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски. „Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top