Ознака: кои

balkanski

Со „Танец“ започнува Балкански фестивал

Post Views: 1 По 51-ви пат, на сцената на Долни Сарај, ќе започне традиционалното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На шестте  фестивалски вечери ќе биде промовиран светскиот и нашиот фолклор. По свеченото дефиле низ охридската чаршија, во 21 часот со целовечерен концерт фестивалот ќе го отпочне ансамблот Танец. На фестивалот покрај македонски ансамбли ќе земат учество и фолклорни ансамбли од Австрија, Полска, Хрватска, Србија, Албанија, Турција и  Бугарија.„ Ревијално ќе се престават  анасамблите од Полска, Австрија и Србија. Тоа е еден новитет  на затворањето...

Continue reading

fontance

Тропските горештини и во Охрид

Post Views: 1 И во Охрид деновиве како под сач. Охриѓани како знаат и умеат се справуваат со горештините. Некои се придржуваат до советите на лекарите, некои пак не му се плашат на сонцето.  Од Одделението на Итната медицинска помош велат дека туристичката сезона е во тек, па така и нивната работа добива на интензитет. Д-р Ацо Стојаноски Раководителот на одделението за Итна медицинска помош и домашно лекување  вели дека нормално е со појавата на вакви горештини да се зголеми и бројот на повиците. „Бројот на повиците секој ден е различен. Но од десет до дваесет повици имаме на ден...

Continue reading

proakva

Охриѓани летово нема да останат жедни

Post Views: 0 Летово вода за пиење ќе има. Од „Проаква“ велат дека во Охрид нема да има никакви рестрикции и дека водоснабдителниот систем располага со доволна количина  вода која е исправна за пиење. Нашиов град со вода се снабдува од 6 локалитети од каде се собираат од 370 до 400 литри во секунда што е дури повеќе од потребното. Златко Старкоски, директорот на МЈП „Проаква“ вели дека поради тоа граѓаните многупати недомакински се однесуваат со водата и трошат многу повеќе од потребното. Има и такви кои  нелегално се приклучуваат на водоснабдителниот систем.  Старкоски објаснува...

Continue reading

francuski filmski festival

Дојде да ја прими наградата, а незнае ништо за Македонија

Post Views: 9 Делата на режисерот  Жак Доајон, повеќе шепотат отколку што викаат, а во одредени филмови има и насилство врз чувствата. Вака накратко човекот кој го прави изборот на филмовите за Францускиот Филмски фестивал Ив Алион го  опиша творечкиот опус на  режисерот и почесниот  гостин на фестивалот  Жак Доајон. Режисерот пак со задоволство раскажа за снимањето на филмот Никаквица, филм кој го снимал пред 1 век. Кажа дека во тоа време многу полесно се снимале филмови и дека не се секогаш парите главни виновници доколку некој филм не е добро прифатен. Пример за ова е токму филмот...

Continue reading

secaci

Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата

Post Views: 17 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку. „Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...

Continue reading

pastrmcinja

Охридското Eзеро доби концесионер

Post Views: 24 Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат  дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто  не се сложуваат со одлуката...

Continue reading

mal bazen

Децата желни по школите за пливање

Post Views: 0 Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените...

Continue reading

biznis forum

Турски фирми најавуваат инвестиции во Охрид

Post Views: 17 Охрид денес домаќин на стопанската комора од Менемен-Турција. Заедно со регионалната стопанска комора од Охрид, претставниците од Менемен потпишаа меморандум за соработка. Крајната цел се разбира е економски бенефит и развој и на Охрид, но и на Менемен. Потпретседателот на регионалната стопанска комора од Охрид, Ружди Муфти, смета дека големи се можностите за соработка во областа на туризмот за кој Муфти вели дека е фабрика без оџак. „Разговаравме за соработката, наши фирми во еден убав број беа присутни на овој состанок. Сега се во тек заеднички Би-Ту-Би средби. Фирмите...

Continue reading

plostad

Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната

Post Views: 6 Локалната склучи 26 договори за поставување урбана опрема. Според програмата за поставување урбана опрема за ова лето што ја донесе Советот на Општина Охрид предвидено е да се постават 17 фрижидери за сладолед. Досега се издадени дозволи само са 7, а остануваат уште десет. За продажба на книги предвидени се 8 дозволи, а досега се издадени 6. Остануваат уште две. За локација за продажба на уметнички слики издадени се десет дозволи, односно сите што беа предвидени. За продажба на сувенири предвидени беа 14 дозволи, издадени се 13, а останува уште една. Ова се резултатите...

Continue reading

sovetnici

На дневен ред советнички прашања

Post Views: 3 Советниците од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница наменета за советнички прашања побараа од градоначалникот да одговори кратко и јасно, Колкав е долгот на општина Охрид во моментов? И зошто во Охрид нема капитални инвестиции? „Сега сакавме да слушнеме како тој долг во моментов изгледа и на тоа прашање небеше даден конкретен одговор затоа што баравме да се каже цифрта на новонастанати долгови не ни дадоа адекватен одговор што исто така прави сомнеж дека новите долгови се многу големи што дава сомнеж за иднината на Охрид“, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски. Спротивно...

Continue reading

bazen

Доцни почетокот на школите за пливање

Post Views: 4 Охриѓанчињата кои се заинтересирани ова лето да посетуваат школа за пливање, со нетрпение очекуваат да влезат во водите на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Но, за нив долгоочекуваниот момент никако да се случи. Големите пак не можат да се договорат. Градскиот базен „Атина Бојаџи“ започнува со работа утре, меѓутоа само рекреативно. Повеќето од 200 те деца запишани во школите за пливање ќе треба да почекаат школите да ги усогласат термините за работа. Од Локалната велат дека базенот е комплетно спремен за отворање на оваа нова пливачка сезона, односно  отстранети се сите...

Continue reading

star grad

Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Post Views: 7 Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top