Ознака: кои

dzubre

Градежен отпад се фрла насекаде

Post Views: 1 Дворно место од станбен комплекс на ул „Галичица“, затрупано во градежен шут. И не само градежен шут, на тоа место може да се забележи и покуќнина, кревет и сл, но и зелен отпад. Расфрлан е насекаде, како резултат на несовесното однесување на поединци, укажуваат мештаните од ова маало. Јован Наумоски и јавно проговори за проблемот со градежниот шут. „Од кога се реновираше зградата на поткровјето остана еден огромен дел нафрлан како шут, многу време е тоа, скоро две три години но сега последниве денови сите околни куќи и жители од оваа мала го фрлаат својот градежен шут...

Continue reading

bolnica

Квалитет има, ама недостасува кадар

Post Views: 7 Д-р Горан Балевски, специјалист уролог во Општата болница во Охрид е трет на листата на најдобро рангирани доктори за месец  март.  Оваа листа ја составува Министерството за здравство според системот за плаќање по успешност. Наградени се оние доктори кои се движечка сила во своите институции. Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок од  30 000 ден. Д-р Балевски не го крие задоволството од ваквото признание. Тој вели дека за да се дојде до едно вакво признание потребен е голем труд и ангажман, но објаснува дека самиот без неговиот тим не би го постигнал ваквиот...

Continue reading

pecurki

В шума по печурки само со дозвола

Post Views: 0 Собирањето на печурки, лековити растенија, смреки и останатите шумски плодови повеќе не е бесплатно. Луѓето кои собираат шумски плодови и на тој начин заработуваа, сега  ќе мора дел од заработката  да и плаќаат и на државата.  Од неодамна државата започна со  наплата на природното шумско богатство според Законот за шуми.  Собирачите на шумски плодови мора да обезбедат дозволи  кои се издаваат во ЈП „ Галичица“  поддружница на „Македонски шуми“.  Покрај собирачите на шумски плодови со вадњето дозволи под контрола ќе се стават и откупните претпријатија.  Според тарифникот...

Continue reading

Matija

Почина познатата треварка Матија Пауновски

Post Views: 22   Во 79-та година во животот во Мостар, Босна и Херцеговина, синоќа почина познатата треварка Матија Пауновски, соопшти нејзиното семејство. Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија. Дел од својот живот таа помина во Охрид и Македонија, каде беше позната по чаевите за слабеење, но и по лековитите напитоци за превенција и борба против многу болести. Матија беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина....

Continue reading

sr

Охридското Супер радио, најслушанa локална радио станица во РМ

Post Views: 4 Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија. Според анализите од 15-ти април објавени на официјалната страна на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Супер радио со уддел од 14,7 % е водечката локална радио станица во државата. – Јас можам само да искажам огромна благодарност до целиот тим на Супер радио, до сите кои со еден мал дел во моментов, но и годиниве наназад ставија по една коцка во мозаикот наречен Супер радио. Искрена благодарност до сите...

Continue reading

sesta sednica na sovet

Долга дискусија за дневниот ред од шестата седница на совет

Post Views: 2 Советниците на денешната шеста седница на совет дискутираа исклучиво за точки од предложениот дневен ред и покрај обидот на опозицијата да вметне уште неколку точки, а кои по подолга дискусија не беа прифатени. Имено предлозите на координаторот на советничката група на СДСМ Томислав Тунтев кој побара советот да добиe Информација за активностите на Плаошник, информација за инвестицијата на Субрата Рој за Љубаништа и информација за Аеродромот за вода,  советот не ги прифати.  Сепак ставот на Тунтев е дека советниците и охриѓни имаат право да знаат што се гради на Плаошник...

Continue reading

detstvo

Малите охриѓанчиња другаруваа на хуманитарната „За посреќно детство“

Post Views: 3 Хуманитарната спортско-рекреативна и едукативна манифестација, „За посреќно детство“, вистински празник за малите охриѓанчиња. Собрани во огромен број на градскиот плоштад, но и во делот пред Охридско лето, децата другаруваа, спортуваа, учеа, слушаа приказни, песни и имаа безброј други активности. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст од Охрид, кои се јавуваат како организатори на оваа интересна манифестација вели дека децата има и што да видат, и што научат на секој еден од поставените штандови на градскиот плоштад. „ Голем број на луѓе можат да се забавуваат...

Continue reading

sigri

Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет

Post Views: 6   За лицата со телесен инвалидитет се одржаа јубилејните 25-ти спортски игри. Стрелаштво, пинг понг, неколку атлетски дисциплини и трка со инвалидски колички се дисциплините во кои лицата со телeсен инвалидитет ги одмерија своите спортски вештини. Учествуваа над 100 натпреварувачи од кои 50- тина со телесен инвалидитет, 22-ца слепи и слабовидни и 8-мина со оштетен слух. На спортските игри учествуваше и Оливера Наковска Бикова,  освојувач  на златна медалја во стрелаштво на параолипмиските игри 2012 во Лондон. Очекувано и на овој натпревар таа беше убедливо најдобра со...

Continue reading

suma

Доаѓа сезоната на шумски пожари

Post Views: 21 Врнежите од дожд и ниските температури ја намалија опасноста од пожари. Но, од НП Галичица велат дека воопшто не седат со скрстени раце. Објаснуваат дека големата влажност и високите температири кои се најавени за наредниот период се причина за бујна тревна вегетација што пак е причина повеќе за полесно предизвикување на шумските пожари. Од Галичица објаснуваат дека со цел состојбата во паркот да остане стабилна и ризикот од пожари да биде сведен на минимум, се вршат обуки на населението кое живее во селата во рамки на националниот парк Галичица. Планирано е да се поделат...

Continue reading

nikola bakraceski

Реакција од кабинетот на Градоначалникот

Post Views: 5 Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека воопшто не е изненаден од доаѓањето на Зоран Заев во Охрид непосредно по неговото назначување за претседател на СДСМ, но додаде дека ваквата посета требало да ја направи многу порано кога градоначалник на градов беше човек од нивните редови. -Г-динот Заев требаше да се грижи за градот Охрид и вработените во Локалната самоуправа во времето кога неговиот другар и партиски колега Александар Петрески во градот Охрид и Локалната самоуправа направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и нанесе децениска и милениумска штета на...

Continue reading

sdsm

Заев: Да ја спуштиме топката

Post Views: 0 Новиот претседател на СДСМ Зоран Заев, меѓу своите сопартијци од Охрид. Заев на денешната прес конференција кажа дека има многу поплаки од граѓани на Охрид, дека се изложени на огромни притисоци во локалните институции каде што работат. „Многу граѓани кои што немаат своја членска книшка а се вработени во локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем дел преку советот слушнавте беа принудени да поднесат оставки од своите раководните кадри, голем дел од луѓе кои немале до крај регулирано работен однос се повијувани на информативни разговори она што...

Continue reading

ХУзунов

Бакрачески слушна за успесите и проблемите на ОУ Христо Узунов

Post Views: 0 Градоначалникот Никола Бакрачески на крајот од школската година оствари  посета на ОУ  „Христо Узунов“. Ова школо е едно од  најголемите во Охрид во кое учат околу 1300 ученици. В.д. директорот Тони Симоноски го информираше градоначалникот за постигнатите успеси на нивните ученици на локално, регионално и републичко ниво, но и за проблемите и потребите на училиштето.   „ Најгорлив проблем се вратите и прозорците кои прават дополнителни трошоци на школото во грејната сезона. За да се зголеми енергетската ефикасност треба нивна замена. Покривот  е од азбест табли и исто...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top