Post Views: 11
Мал е бројот на учениците од Охрид и Струга кои знаат какви риби живеат во Охридското Езеро. Се надеваат дека преку проектот „Млади амбасадори на живиот свет во Охридското Езеро“ и предавањата за живиот свет во него, во голема мерка ќе ги зголемат не само нивните знаења за рибниот фонд, туку и знаењата за вредностите на езерото и заштитата на животната средина.
„Јас пред да се одржи овој час не бев доволно запознаена со животинскиот свет во Охридското Езеро.Мислам дека со ваквите часови, преадавања лично јас а и останатите ќе се запознаат со убавините на Охрид и животинскиот...
Post Views: 3
Волонтерите од Клубот на млади, Клубот на уметници „Арс Вивенди“ како и волонтерите од проектот за хумани вредности, кои функционираат во рамките на О.О на Црвениот крст од Охрид, своите вештини повторно ги ставија во функција на хуманоста.
Имено повеќе од триесеттина волонтери деновиве напорно работат во изработка и боење на гипсени фигури, кои овој петок ќе ги продаваат на градскиот плоштад во 14:30, по повод денот на вљубените „Св Валентин“.
Средставата кои ќе бидат собрани од продажбата на овие прекрасни и уникатни примероци ќе бидат наменети за купување на...
Post Views: 0
Брачното советувалиште отворено во рамките на Центарот за социјални работи иако целосно функционално, досега посетено само по обврска со закон. И покрај бројката на разводи кои варираат од четириесетина до педесетина предмети, во ова брачно советувалиште, сепак се чини дека ваквиот тип на советување сеуште е табу тема за охриѓани.
„Доброволно доаѓање од страна на страните за надминување на тие проблеми нема. Приморани се согласно закон доколку имаат деца во бракот, за да се обидат да ги надминат тие ситуации, но доброволен пристап, немаме за жал од страна на граѓаните....
Post Views: 4
Секојдневното замајување на јавноста од страна на ОО СДСМ Охрид преку пресови е само типичен пример за нивната заплашеност од делата кои се спроведуваат во Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески, стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на ОО СДСМ.
Излегуваат на прес обвинувајќи за урбанизација при тоа непокажувајќи еден единствен документ кој укажува на урбанизација на Студенчишкото блато. Единствен факт на страната на СДСМ се само клеветите и лагите и модифицираните зборови обвинувајќи ја локалната власт и ВМРО ДПМНЕ....
Post Views: 1
Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов.
Претседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок.
„Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне...
Post Views: 5
За прв пат општина Охрид издаде брошура за сите оние инвеститори кои сакаат да вложат во нашиот град. Овај потег на Локалната секако е за поздравување, но во првото издание на брошурата можат да се воочат голем број недостатоци пред се од технички карактер како и нелекторирани делови што ги збунуваат сите оние кои подетално ќе ја проучат. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостоловски вели дека кој работи тој и греши.
Јас сум свесен дека има некои технички недостатоци но во наредното издание ќе се потрудиме да ги отстраниме. Но важно е што се испочитувани оние основни барања...
Post Views: 7
Старите катастарски планови на општините што се наоѓаат на хартија, поцинкувани плочи или фолии до крај на 2014 година ќе се дигитализираат и во иднина ќе се чуваат во дигитална форма.
При своето гостување во Дневникот на ТелевизијА ТВМ директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески истакна дека дигитализацијата ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати,...
Post Views: 0
ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев.
Синоќа во преполнетата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев“ се одржа свечената приредба на основците од училиштето чиј патрон е големиот поет. Подготовките за приредбата, која што беше круна на дводневното чествување на делото на Прличев, траеле два месеци, изјави директорката на училиштето Силвија Мојсоска.
„Ние веќе два месеци наназад ги правиме плановите за одбележување...
Post Views: 2
Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид.
Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се случат во секојдневниот живот. Според наставниците кои што...
Post Views: 0
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека наредната недела треба да биде објавен тендер за субвенционирани авио летови од Охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Станува збор за проект кој градските власти долго време го најавуваат. Тоа за почеток се однесува за летовите до Северна Италија, Цирих, Виена и Љубљана.
„Доколку добиеме зелено светло од антикорупциска комисија со оглед на тоа што сега влегуваме во еден изборен период и доколку добиеме зелено светло во текот на наредната недела ќе објавиме тендер за субвенционирање на летови. Се надевам дека авио...
Post Views: 3
Растечката опсесија со здрава исхрана и нетолеранција на храна во Велика Британија придонела во пораст на бројот на луѓе кои страдаат од „орторексија“. Орторексија често започнува со обид за правилно хранење и слабеење но може многу брзо да прерасне во изгладнување или посериозни проблеми со исхраната.Оние кои страдаат од оваа состојба често се многу внимателни за својата исхрана и дури и исфрлуваат цели прехранбени групи – најчесто поради лажното верување дека не можат да го толерираат тој тип на храна. Тие истовремено се придржуваат и до екстремен режим на вежбање....
Post Views: 4
Нов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.
„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по...