И Охрид за брзо ќе мигрира во електронскиот катастар

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности,  Славче Трпески, дигитализацијата ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати, олеснет пристап до дигиталните катастарски планови на ниво на целата држава.

 |   | 
Трпески
Трпески

Старите катастарски планови на општините што се наоѓаат на хартија, поцинкувани плочи или фолии до крај на 2014 година  ќе се дигитализираат и во иднина ќе се чуваат во дигитална форма.

При своето гостување во Дневникот на ТелевизијА ТВМ директорот на Агенцијата за катастар на недвижности,  Славче Трпески истакна дека дигитализацијата ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати, олеснет пристап до дигиталните катастарски планови на ниво на целата држава.

Трпески„Многу ни е важна дигитализацијата на катастарот бидејќи на овај начин ќе ги исправиме грешките од минатото кои години наназад се таложеле.  Бидејќи дигитализацијата не е само прецртување на плановите кои што сега се во катастарот туку за секоја парцела мора да се извади предметот од кога е воспоставена па до денес и точно да се утврди која е површината и кој е сопственикот. Тоа е една придобивка а другата е што ќе се овозможи побрза работа на катастарот . Ако сега буквално со мастило треба да се црта на плановите  што одзема време тоа ќе се прави во електронскиот катастар. Морам да кажам дека дигитализацијата е на половина меѓутоа во електронскиот катастар имаме мигрирано повеќе од 700 катастарски општини. Во Охрид тоа не е случај, работиме на тоа и ќе биде за брзо. Така што копијата од катастарски план во општините кои мигрираа кон електронски катастар, се издава на самиот шалтер како имотен лист. Реформата е сеопфатна и не само за Агенцијата , после тоа овие податоци ќе служат за многу државни органи , на пример општината  ќе има дигитална основа врз која ќе може соодветно да ги планира урбанистичките планови.“ – изјави за ТВМ директорот на Агенцијата за катастар на недвижности,  Славче Трпески.

Инаку, претставници од подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и раководството на Агенцијата во Скопје, денеска во Охрид одржаа состанок на кој се дискутираше токму за процесот на дигитализација на катастарот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top