Ознака: килограми

ribna corba podgotovka

Започнаа подготовките за чорбата за Гинис

Post Views: 8 500 килограми лосос, 200 килограми ослиќ, 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода се дел од намирниците за чорбата со која Охрид ќе се обиде да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди. Чорбата за која далеку ќе се слушне ќе се подготвува во недела на денот на рибарите. Истата ја донира  Сандре Трпоски, а ја подготвуваат учениците од угостителското училиште Ванчо Питошески под менторство на професорот по готварство Блаже Јорданоски. Намирниците за чорбата се веќе набавени, а поради огроманата количина која треба да се зготви подготовките започнаа уште...

Continue reading

kanal sverc, radozda

Уште една успешна акција на МВР

Post Views: 0 Во исклучително успешна и координирана акција предводена од граничната полиција  на МВР  во соработка на полициската станица од Струга, синоќа во Радожда во близина на караулата пронајдени се  26 килограми опојна дрога Марихуана и 33 килограми риба Белвица. „Синоќешната акција беше координирана со нашите служби и како резултат на оваа координација  беше реализирано приведувањето на двете лица од македонска страна кои што  се директни учесници во криумчерењето на риби и на опојна дрога марихуана. Исто така пронајдени се и одземени значителна количина риби околу 25 килограми...

Continue reading

zapleneto kafe

Спречен шверц со кафе во водите на Oхридското езеро

Post Views: 3 Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани. На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична пријава....

Continue reading

Jasmina Borizova

Хуманоста на тест

Post Views: 8 Лековите и здравствената подршка се луксуз за 35 годишната Јасмина Борисова од Охрид. Таа пред три години преживеала мозочен удар а година по тоа и шлог. Борисова е самохрана мајка на две малолетни деца. Живее од социјална помош и во нејзиниот дом месечно влегуваат едвај 6 000 денари. Борисова вели дека тешко закрепнала од ударот и сеуште ги трпи последиците од него. Борисова наеднаш изгубила 20 килограми од својата тежина и сега има помалку од 40 килограми. Вели дека сите лекарства кои одат на негативна листа ги прекинала, бидејќи за истите нема средства да си ги купи....

Continue reading

pazar

Од житно пазариште до простор со модерни кафулиња

Post Views: 5 Охридскиот Плоштад низ времињата го менувал изгледот. Денес е модерен простор со современи кафулиња, споменици, цветен парк, а некогаш бил житно пазариште. Но, и сега и некогаш сите патишта воделе кон него. На тој простор, покрај езерото, се тргувало, се купувало и продавало, пристигале автобуси, доаѓале добронамерници, но и поробувачи. Во периодот помеѓу двете светски војни на плоштадот бил лоциран житниот пазар. Житото се продавало на кантар, со специјална направа наречена осмак, а не на килограм како денес. Најмногу на житното пазариште се тргувало со пченица. Два...

Continue reading

kesi

Од први мај стоп за најлонските кеси помали од 5 килограми

Post Views: 0 Најлонски кеси помали од 21 микрон и  5 килограми ќе се забранат за употребата од први мај.  Наредбата   ќе ја спроведува министерството за економија  преку државниот пазарен инспекторат, а е иницирана од министерството за животна средина и просторно планирање. „Законодавецот направил пропуст и  оставил на совеста на  продавачите дали ќе ги користи хартиените кеси“, вели  Ѓоко Бошалески началник на ПЕ на државниот пазарен инспекторат. Продавчот не е должен да користи хартиени кеси за транспорт туку само за  размер во кеси помали од 5 килограми ,но никако купената стока...

Continue reading

На охридскиот пазар плаќаш за десет килограми , а добиваш осум

Post Views: 15 Продавачите на зеленчук на охридскиот пазар стоката ја мерат на небаждарени ваги, се жалат купувачите. Особено сега кога е сезона на зимници и зеленчук се купува на големо, купувачите плаќаат многу повеќе, а добиваат многу помалку. Некои од продавачите зеленчукот го мерат и на ваги стари повеќе од десет години. Пазарниот државен инспекторат синоќа изврши 40 контроли на охридскиот пазар, со цел да се види коку се почитува Законот за трговија, Законот за метрологија и за заштита на потрошувачите. Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната  инспекција вели дека при контролата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top