Ознака: Канео

Плажа Канео и стариот дел на Охрид

Post Views: 1 Охридските убавини секојдневно ги инспирираат нашите сограѓани да ги забележат преку фотографии убавите моменти. Преку најновата фотографија го доживуваме прекрасниот поглед од црквата Св. Јован Канео кон плажата Канео и стариот дел на градот. Бидете и Вие дел од #ТиСиТвојотГрад, ги очекуваме Вашите фотографии и снимки на нашиот меил tisitvojotgrad@tvm.mk или преку порака на страниците на ТВМ Телевизија на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм.

Continue reading

Поставено осветлување на мостот кон Канео

Post Views: 2 После долго време, поставено е осветлување од мостот на желбите кон населбата Канео. Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков рече дека ќе се реши и безбедното движење по мостот. Проблемот со кој долги години се соочуваат жителите на населба Канео е решен со поставување осветлување. Има да се реши и безбедното движење по мостот за населбата Канео со цел подобра поврзаност со централното подрачје – напиша Градоначалникот Пецаков на официјалната фејсбук страна.

Continue reading

Акција на Комуналец и Планинската спасителна служба за чистење на карпестиот дел околу Канео

Post Views: 1 Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови. -„Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно...

Continue reading

Акцијата за отстранување нелегални објекти на плажите продолжи на Канео

Post Views: 0 Утрово на плажата Канео, како што беше најавено од општината,  продолжи акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. До денеска општината им даде рок на сопственици на објекти на потегот на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ како и Далјан и од „Свети Стефан“ до „Градиште“ на источното крајбрежје, сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле. Туристичките работници сметаат дека со...

Continue reading

Црквата Св.Јован Богослов – Канео руско македонска поштенска марка

Post Views: 3 Црквата Св.Јован Богослов – Канео на брегот на Охридското Езеро е претставена на поштенска марка, која вчера официјално беше промовирана во Скопје. Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак на промоцијата потенцираше дека на македонската марка, е претставена црквата Св.Јован Богослов -Канео која се наоѓа на живописното место на брегот на бисерот на Македонија – Охридското Езеро, позната во државава и странство. На руската марка, пак, посочи Шчербак, е црквата „Света Троица“ која е меѓу најпочитуваните духовни светлишта на Русија. Во неа се наоѓаат ремек делото од...

Continue reading

Се отстрануваат дивопоставените платформи од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“

Post Views: 4 Денеска во рамки на акцијата за отстранување бесправно изградени објекти на локаланата, на ред за рушење дивите платформи од ресторанот Момир и кафе барот Ликвид. Но рушењето од страна на општината не започна. Сопствениците побарале сами да си ги урнат дивоградбите. Денес се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛИРА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ” И „КАНЕО”

Post Views: 4 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок. Пловните објекти треба да се отстранат заради тековно одржување, уредување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината.

Continue reading

ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПНАТА СТАНИЦА „КАНЕО“

Post Views: 0 Одделението за одржување на канализациона и атмосферска мрежа на ЈП „ Нискоградба“ , изврши чистење на пумпната станица „ Канео“ како и канализациона мрежа и ревизионите шахти. Поради непристапниот терен машината за чистење беше транспортирана со кајче и се вршеше поединечно чистење. Вака темелно чистење на цевководите и шахтите не е извршено од 2003 година. Во претстојниот период продолжува профилактиката на цефководи и шахти низ целиот град пред почетокот на туристичката сезона.

Continue reading

канео

Тајните на Охрид: Св.Јован Канео

Post Views: 7 Една од најпознатите цркви во Охрид, на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. Преданијата велат дека Охрид некогаш имал 365 цркви. Можеби не е најстарата, но во секој случај, Св.Јован Канео е дефи За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер од црквата Св. Константин и Елена во Охрид се споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на...

Continue reading

Оштетена патеката Лабино – Канео

Post Views: 2 Оштетен дел од пешачката патека Лабино – Канео, во стариот дел на градот. Непознатите сторители очигледно знаеле што прават бидејќи од заштитните огради отштрафиле дел од штиците, а истото тоа го направиле и на дел од клупите. За состојбата запознати се од Локалната самоуправа на Охрид. Томе Наневски од Секторот за комунални дејности вели дека секогаш ќе интервенираат онаму каде што има потреба, но сепак повика на поголема свеснот кај граѓаните и им порача да водат сметка, за патеката која е една од најпосетуваните, не само до охриѓани туку и од бројните гости. „Локалната...

Continue reading

Пуштена во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео

Post Views: 23 Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео и два краци, еден кон плажата Лабино другиот кон Воска и Даљан. Добивме една целина, со која на граѓаните им нудиме место за релаксација, спорт и доживување на убави моменти во раскошната природа и пејсажи кои ги нуди погледот од оваа патека, истакна првиот човек на градот, Бакрачески. „Го споделувам задоволството од реализација на овој проект и да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во изведувањето на целокупниот проект од...

Continue reading

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Kанео-Лабино-Кошишта

Post Views: 15 Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео – Лабино – Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини, кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top