Ознака: казни

rabotnici

За некого празник, за некого делник

Post Views: 3 Работодавачите задолжително да им исплатат паричен надомест на работниците кои ќе бидат ангажирани за време на денот на независноста и на верскиот празник Бајрам, побара Министертсвото за труд и социјална политика. Им порача да внимаваат да не ги надминат дозволените прекувремени работни часови и најави засилен надзор по фирмите. Онаму каде ќе утврдат непочитување на Законот ќе следат парични казни од 7 и 15 илјади евра.Нема санкции за оние кои ќе ги спојат празниците со викендот. Личен избор на работодавачот е дали и петокот ќе го прагласи за неработен ден, велат од...

Continue reading

pecurki

За берба на шумски плодови само со дозвола

Post Views: 20 Почитувајте го законот без годишна дозвола  не  собирајте шумски плодови.  Во спротивно законскиот престап скапо ќе  чини. За годишната дозвола треба  да се издвојат  400 денари. Пропишаните казни за оние кои нема да го почитуваат Законот се до 2000 евра.  Веќе , една година се спроведува системот за одржливо користење на шумските плодови и ефектите се позитивни информира, Панче Николов директорот на секторот за споредни шумски плодови при ЈП Македонски шуми.  Досега во земјава се регистрирани 46 откупни  фирми, а над 3000 собирачи на шумски плодови платиле и обезбедиле...

Continue reading

logo

ВМРО-НП:„Екстерното оценување, тотално непотребен квази проект“

Post Views: 3 Ванчо Костоски кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-Народна, на денешната прес конференција потенцираше дека денес во образованието  просветните работници најголем дел од своето време го минуваат во извршување на наметнатите административни оврски. Костоски се осврна и на како што кажа, притисокот кој просветните инспектори го вршат врз директорите на средните и на основните училишта и професорите како и на енормно високите казни во образованието за неизвршување на тие административни обврски, казни кои се движат од 700-3000 евра, а за кои ВМРО НП ќе се залага да...

Continue reading

Вмро НП

Во Македонија се владее со страв, уцени и казни, рече Љубчо Георгиески од партиската конвенција во Охрид

Post Views: 6 Земјата  е пред крстопат да продолжи да назадува и да се одалечува од ЕУ и НАТО со политиките на актуелната владејачка гарнитура или да тргне храбро во промени кои ќе ја спасат државата и ќе ја вратат надежта кај граѓаните, рече лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски на партиската конвенција која се одржа во  Охрид.  Место за еуфорија нема затоа што живееме очајно во сите сегменти од животот и треба да го  вратиме достоинството на  државата, рече Георгиевски.  Во својот говор тој ја  нападна политиката на најголемата владејачка партија која, како што рече владее недемократски...

Continue reading

Dinamo

УЕФА го казни Динамо со 200.000 евра

Post Views: 8 Дисциплинската комисија на УЕФА на седницата во Нион го казни хрватскиот фудбалски клуб Динамо со 200.000 евра поради дивеењето на навивачите на овој клуб на натпреварот во Удине, Италија. „Лично сум запрепастен и изненаден од висината на паричната казна. Според моите сознанија, ниту еден клуб за слични инциденти не е казнет со толку драстична казна. За деталите од казната понатаму немам коментар“, изјави директорот на клубот Дамир Врбановиќ. Хрватскиот првак можеше да помине и полошо со оглед дека се спомнуваше и забрана за натпреварување во Европа. Навивачите на Динамо,...

Continue reading

digitron

Казните за фирмите ќе се менуваат

Post Views: 1 Сто шеесет закони со околу 6.000 казнени одредби до крајот на јуни годинава треба да бидат коригирани. Во наредниот период инспекторите само ќе ги опоменуваат фирмите бидејќи одредени законски казни ќе бидат намалени и до 50 проценти, а некои ќе бидат зголемени и за 100 отсто. Со нивната корекција ќе се преполови и зафаќањето од Буџетот кое сега е 0,3 проценти, односно 7,5 милиони евра. Според вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Владата ги усвои мерките за унапредување на казнената политика на последната седница и тие се во корелација со бизнис-заедницата,...

Continue reading

fabrika

Комплетна еколошка документација до крај на овој месец

Post Views: 10 Рокот за обезбедување на А и Б интегрираните еколошки дозволи за фирмите важи до крајот на март. Од 1-ви април инспекторите на увид ќе ја бараат комплетната еколошка документација, а оние фирми кои нема да ги имаат интегрираните еколошки дозволи ќе се соочат со дебели казни, а можеби и со клуч на врата. Но оние кои немаат комплетна еколошка документација имаат се уште време до крајот на месецот да ја завршат процедурата, ако не сакаат да се соочат со законските санкции. Интегрираното спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ) претставува систем кој е наменет за големите...

Continue reading

policajci

Што прават полицајците кога се на работа???

Post Views: 7 Додека еден спиел на работното место тројца се пијанчеле, нивна колешка фалсификувала податоци, на други пак им бегале приведните. Шеснаесет полициски служебеници се парично казнети од 10% до 20% од плата во времетраење и до шест месеци.Најголема казна измината недела заработила служебеничка од СВР Куманово. Работела како помлад референт за лични карти, а службената положба ја злоупотребила со внесување на невистинити податоци во компјутерската евиденција. М.Е. во наредните шест месеци за делото кое го направила ќе добива за 20% по мала плата.Тројца полицајци за консумирање...

Continue reading

navivaci Verder

Вердер ги казнува неонацистите

Post Views: 6 Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер. Германскиот клуб ја разгледува можноста да ја прошири забраната на сите натпревари во Германија. На натпревар од Бундеслигата Вердер-Бохум, група на млади момчиња се обиде да рашири неонацистички транспаренти и знамиња. „Не ни се потребни такви навивачи во стадионот. Овој инцидент го сфативме многу сериозно и во иднина ќе направиме се за да ги спречиме таквите инциденти.“ стои во соопштението на управниот одбор на Вердер. Група навивачи ги спречила неонацистите да ги рашират транспарентите...

Continue reading

policija

Ригорозни казни за пијаните возачи

Post Views: 0 Горната граница за дозволена количина алкохол во крвта за возачите од сегашните 0,5 промили, од среда нема да важи, а полицијата ќе толерира единствено 0,1 промили. Ова се дел од измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кој се предвидуваат парични казни од 200 евра и тримесечно одземање на возачката дозвола за возачите кај кои ќе бидат измерени од 0,1 до 0,5 промили. Казните за возачите со над 0,5 промили ќе бидат одредувани пропорцијално во зависност од нивото на алкохол во крвта. Секој возач што ќе одбие да биде алкотестиран ќе треба да плати казна од...

Continue reading

uzurpirani trotoari

Узурпирани тротоари

Post Views: 6 Узурпирани тротоари. На повеќе локации во општина Охрид може да се регистрираат автомобили онаму каде што најмалку им е местото, на тротоарите. По се изгледа ригорозните казни не ги плашат возачите, кои безмилосно го ставаат во опасност животот на пешаците и го оневозможуваат нормалниот проток на сообраќај. Најголема опасност им прети на најмладите, а да не зборуваме за мајките со колички кои немаат друга алтернатива освен да се движат по коловозот. Граѓаните не сакаа да коментираат пред нашата камера. Наш сограѓанин револтирано ни кажа: „Имате камера снимајте. Нема...

Continue reading

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Post Views: 1 Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работи, на 5-ти март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април. Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12-ти март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top