• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во Македонија се владее со страв, уцени и казни, рече Љубчо Георгиески од партиската конвенција во Охрид

Во Македонија се владее со страв, уцени и казни, рече Љубчо Георгиески од партиската конвенција во Охрид

Во Македонија се владее со страв, уцени и  казни, рече Љубчо Георгиески од партиската конвенција во  Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
Вмро НП
Вмро НП

Земјата  е пред крстопат да продолжи да назадува и да се одалечува од ЕУ и НАТО со политиките на актуелната владејачка гарнитура или да тргне храбро во промени кои ќе ја спасат државата и ќе ја вратат надежта кај граѓаните, рече лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски на партиската конвенција која се одржа во  Охрид.  Место за еуфорија нема затоа што живееме очајно во сите сегменти од животот и треба да го  вратиме достоинството на  државата, рече Георгиевски.  Во својот говор тој ја  нападна политиката на најголемата владејачка партија која, како што рече владее недемократски и тоталитарно.  Нема поголеми непријатели за Македонецот од оној кој има систем на владеење дека со страв ќе победува на сите избори, кажа при тоа  Георгиевски.
Вмро НП
„ Денес ако направиме  анализи на состојбата со демократијата во Македонија ќе видиме дека се владее со страв, уцени и со закани преку системот на финансиски казни, затварња и пресии врз државната администрација и гласачите. Зборот срам е тој со кој треба да се опише сегашната состојба во Македонија и треба да се засрамат сите кои на ваков начин владеат, но и интелектуаците, новинарите и медиумите кои прифатиле да учествуваат во тој систем на пресии, но треба да се засрамиме и сите ние граѓаните што дозволуваме некој со диктатура и нетолеранција да владее со македонскиот народ, рече пред симпатизерите и членовите на ВМРО НП “, рече Георгиевски.

Георгиевски ја обвини владејачката ВМРО ДПМНЕ дека е директно одговорна што Македонија не е член на ЕУ и НАТО, а младите ја напуштаат земјата. Упати критики и на адреса на  претседателскиот кандидат Ѓорѓе  Иванов дека спротивно на неговите заложби го променил идентитетот на Македонскиот народ.
Вмро НП
Во својот говор Георгиевски истакна дека ВМРО НП има програма и визија за подобра иднина на земјата.  Посочи дека целта на претстојните историски избори е  ВМРО НП да освои 10 пратенички мандати и да влијае во креирањето на политиката, а најави и враќање на демократијата  во земјата.
Пред присутните членови и симпатизери на ВМРО НП  обраќање имаше и носителот на изборната листа во 5 Ванчо Костоски. Како иден  пратеник ,тој најави дека меѓу остамнатите сегменти од општетсвениот живот, ќе се залага за намалување на казнената политика во земјата  најмалку до 70 проценти.

„ Да ги ослободиме бизнисмените, сопствениците на дуќани, малите и средните претпријатија да не живеат под стегите на инспекторските служби. Ги повикувам и просветните работници и матичните лекари, кои наместо да ја вршат својата работа,  се претворени во обични административци и плаќаат високи казни, од 700 до 3000 евра. Се со цел сите тие да се држат под контрола и пресија како и целото население во Република Македонија“, порача Костоски.  

На конвенцијата беа претставени 120 кандидати за пратеници на ВМРО НП и носителите на листите во сите 6 изборни единици.  Од сите присутни во салата посебно беше поздравен Ламбе Арнаудов, кој во 3 -та изборна единица  ќе се бори за пратеник , веднаш зад лидерот на ВМРО НП,  Љубчо Георгиевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top