Ознака: Италија

odmor

Бесплатно лекување ако одите на одмор

Post Views: 2 Македонците ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија. ФЗОМ склучи договор со 15 земји, па доколку во овие земји итно ви треба лекарска услуга може да се лекувате на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. За да се добие оваа здравствена услуга, македонскиот граѓанин треба пред да замине во странство да аплицира до Фондот за двојазичен образец за една од земјите, кој е бесплатен...

Continue reading

am

„Волшебна Македонија“ наградена во Италија

Post Views: 0 Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA – Landscapes and sounds“ („Волшебна Македонија“) во продукција на Трето Уво, ја освои специјалната награда за особено квалитетен придонес во културолошка, историска и амбиентална презентација на Македонија на 47-миот Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 25 до 29 мај во Лече, Италија. Во конкуренција на вкупно 273 филмови од 60 земји, „Волшебна Македонија“, како што истакнуваат од продукциската куќа, предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од бројните новинари од медиуми од сите...

Continue reading

kup na Italija

Италијанскиот супер куп ќе се игра во Пекинг

Post Views: 20 Следната година италијанскиот супер куп ќе се игра на стадионот “Птичје гнездо“ во Пекинг, соопшти Италијанската фудбалска федерација. Тоа ќе биде четврт пат, најуспешната екипа во серијата А и победникот на Купот на Италија да играат во странство.Јувентус победи во Њујорк во 2003 и Триполи во 2002, додека Милан триумфираше во 1993 година во Вашингтон. Следната сезона во Италија ќе почне 23 август 2009 година, а ќе заврши на 16 мај 2010 година, една недела порано од вообичаеното,како репрезентацијата би имала повеќе време за подготовки за одбрана на титулата на Светското...

Continue reading

aerodrom ohrid

Охрид ќе субвенционира евтини авио летови

Post Views: 0 Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески најави дека наредната недела треба да биде објавен тендер за субвенционирани авио летови од Охридскиот аеродром Св Апостол Павле. Станува збор за проект кој градските власти долго време го најавуваат. Тоа за почеток се однесува за летовите до Северна Италија, Цирих, Виена и Љубљана. „Доколку добиеме зелено светло од антикорупциска комисија со оглед на тоа што сега влегуваме во еден изборен период и доколку добиеме зелено светло во текот на наредната недела ќе објавиме тендер за субвенционирање на летови. Се надевам дека авио...

Continue reading

Alberto Contador

Џиро Ди Италија без Алберто Контадор

Post Views: 17 Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор изјави дека следната сезона нема да ја брани титулата Џиро Ди Италија, туку дека ќе се фокуситжра на Тур де Франс. Организаторите на трката во Франција им забранија на велосипедистите на Астана, чиј член е Контадор да учествуваат на овогодинешново натпреварување поради големиот број на обвиненија за допинг во минатото. „Оваа година бев најбрз на Џиро и Вуелта, па поради тоа ќе се сконцентрирам на Тур Де Франс. Нема да се натпреварувам во Италија, туку за трката во Франција ќе се подготвувам на некое друго место“. „Сеуште немам...

Continue reading

fiko

Фиќо од Италија, на грaдскиот плоштад во Охрид

Post Views: 11 Вистинска атракција на плоштадот Св. Климент беше олдтајмерот фиат фиќо, со кое од Падова, Италија допатува Џорџо Андриан. „Секогаш кога го возам фиќото се чуствувам среќен, го добив од татко ми и тоа е од голема важност за мене“ вели Андриан. „Тешко е да се објасно љубовта кон ова фиќо ова е старо од 1964 година сопственост на мојот татко кој исто така ме научи да го возма ова фиќо“. Предизвикот пак, италијанецот Џорџо Андриан да  дојде во Охрид е тоа што не може да одолее на убавините на нашиот град. Тој вели дека нашето место е прекрасно и порача жителите од двете...

Continue reading

alpinisti

Охридските алпинисти на Доломитите

Post Views: 10 Членовите на А.К. „Патагонија“ од Охрид, Димитри Димитров и Ангел Куртелов деновиве се вратија од кадровската алпинистичка акција во Италија, организирана од страна на Македонската алпинистичка федерација. Охридските алпинисти заедно со аплпинистите Виктор Хаџивасилев и Алекандар Зарапчиев од Скопје, беа дел од ова алпинистичко патување на кое младите алпинисти стекнаа искуства кои како самите велат, се многу различни од оние стекнати тука. „Ова беше совршена можност да се види кој колку напреднал и во кој дел од тренингот треба да работи повеќе, за во иднина да има...

Continue reading

poetska nok Velestovo

Мултимедијално доживување во Велестово

Post Views: 3 Некогаш поетската манифестација, годинава прераснува во мултимедијално доживување. Дваесет и третото издание на на манифестацијата „Поетската ноќ во Велествово“,се избори за виско место од манфестации од ваков ранг во нашата држава, и слободно може да се каже дека таа го има водечкото место, вели организаторот Славе Ѓорго Димовски. Манифестацијата од минатата година го изгради својот меѓународен карактер. Секоја година кругот го прошируваме,вели Димовски, па така минатата година имавме гости од три земји од странски поети од Сирија,Турција,Србија. „Оваа година тој круг...

Continue reading

Најдобри од најдобрите

Post Views: 7 Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи  најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби  посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати. Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top