Ознака: интервенција

bolnica

Нова ера во развојот на охридската хирургијата

Post Views: 12   Во Општата болница во Охрид денес за прв пат беше изведена лапараскопска интервенција. Зафатот се изврши на 24 годишна пациентка на која и беше отстранета жолчката. Операцијата се одвиваше во присуство на професори од скопската клиника, а целиот зафат можеше да се следи и во живо преку болничките мониторинг-камери. Според претседателот на Управниот одбор на болницата и портпарол, доктор Сашо Василевски ова е многу значаен момент и за болницата, но и за пациентите. Ова не е нова метода во медицината и во светот е етаблирана со години наназад, но во охридската болница...

Continue reading

dolni saraj

Хуманитарен концерт за малечката Елиза

Post Views: 0 Хуманитарен концерт за малечката Елиза. Во рамките на „Канео фест“, младите охриѓани Антонио Малчески и Александар Трифуноски, втората вечер на фестивалот ја резервираа за хуманитарен концерт. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за шест месечната Елиза на која треба да и се направи хируршка интервенција на окото за да прогледа, открива Антонио Малчески, техничкиот директор на фестивалот „Утре ќе се случува хуманитарниот концерт кој ќе започне во 21 часот ќе настапуваат побвеќе охридски звезди со охридски бенд и мислам дека ќе биде забавно и интересно “....

Continue reading

slavina

Во среда, Охрид без вода

Post Views: 10 Како што информираат од Меѓуопштинското јавно претпријатие Проаква , без вода ќе останат и потрошувачите до хотелот „Метропол“, а населените места Лескоец и Велгошти ќе имаат нормално водоснабдување. Прекинот, велат од Проаква, е поради интервенција на водоводната мрежа, односно преземање редовни активности пред почетокот на летната сезона- измивање на водоводната линија, вршење поправки на главните шибери, отстранување дефекти и слично. {loadposition content9}

Continue reading

pozarna

Пламени јазици му се закануваа на охридското кале

Post Views: 8   Охридското кале доведено во опасност. Околу 4часот  утринава  од западната страна на калето према местото викано Лабино избувна пожар. На овој дел од  ридот има густа борова шума и сува ниска вегетација која е најпогодна за брзо ширење на пожарот. Спасе Прентоски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид вели дека за среќа пожарот навреме е пријавен и локализиран, па така калето, а и Охрид избегнаа една голема опасност која можеше многу скапо да не чини. Тој објаснува дека доколку дојде до палење на боровата шума многу тешко тој пожар може да се...

Continue reading

mace

Масовно труење на мачки во стариот дел на Охрид

Post Views: 4 За една недела отруени повеќе од десет животни. Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња. Оствариле и контакт со Ј.П. „Комуналец“ од каде негирале дека труењето е извршено од нивна страна. Од ветеринарен лекар добиена е потврда дека станува збор за труење со препаратот ЛАНАТЕ. Ова не е прв ваков случај, па поради тоа истиот е пријавен во полиција од каде е направен записник. После масовното труење на кучиња, овој случај е доказ дека тешко се стигнува до свеста на извесни...

Continue reading

аmbulantno vozilo

Подготвени за интервенција

Post Views: 2 Охридскиот аеродром подготвен како да интервенира доколку се појави патник со симптоми на свински грип. Насоки во медицинската служба стигнуваат  и од национални, но и од меѓународно ниво.Пандемија сеуште нема, но нивото на ризик е од  висок 5 ти степен. Секторот за безбедност на аеродромот и во негови рамки медицинската служба е во постојан контакт со заводот за здравствена заштита не само во Охрид, туку и на највисоко државно ниво, вели д-р. Лидија Илиевска шеф на медицинската служба. Од час на час се менува бројот на откриени случаи во голем број земји на  заразени...

Continue reading

Д-р Наум Љатко демантира

Post Views: 4 Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко. Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top