Ознака: интервенции

brza pomos

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 1 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Continue reading

spasiteli

Точков: Спасителите сезонава одговорија на задачата

Post Views: 0 Летнава сезона во Охрид помина без фатален исход, во доменот на делување на спасителите на вода. Спасителите, целосно ја покажаа својата професионалност, ажурност, подготвеност да реагираат во секакви ситуации, нагласи Сашо Точков, претседателот на ОО на Црвен крст Охрид. Тој додава дека тие претставуваат гордост за градот, бидејќи покрај тоа што од нив биле задоволни концесионерите на плажите, добиле и бројните коментари на социјалните мрежи од сите страни на светот. „Можам да кажам дека споредбено со минатата година кога имавме 25 интервенции на давеници, оваа година...

Continue reading

spasiteli

На Охрид му требаат глисер или хеликоптер за брзи интервенции при несреќи

Post Views: 2 Параглајдерист во несреќа  загина кај Љубаништа, вчера. Навреме интревенирале и спасителиете на вода и медицинската помош, но немало спас за серизоните повреди со кои се здобил параглјадеристот, информира Сашо Точков претседател на ЦК Охрид.  Точков вели дека нема виновници за вчерашниот трагичен настан и ги отфрла  шпекулациите кои вчера се појавиле во медиумите за доцнење на итната медицинска помош. Возилото пристигнало на време со  оглед на условите на патот и оддалеченоста на Љубаништа од градот. Сепак оваа несреќа отвори дилеми дали градот има соодветна опрема за...

Continue reading

pozarna

Охридската единица го одбележа Денот на пожарникарите

Post Views: 15 Охридската противпожарна единица го одбележаа 20-ти Мај Денот на пожарникарите. Голем број гости им го честитаа денешниот ден на пожарниакрите. Меѓу посетителите беа и најмладите охриѓанчина кои се провозија низ градските улици во противпожарните возила. Децата знаат за бројот 193 дека е повикувачки за пожарната, а знаат и што работат пожарникарите. „ Пожарникарите гасат пожар и спасуваат од неволја. Гасат пожар и земаат  деца од пожарите“, објаснуваат  децата за работата на пожарникарите. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со претставници од Локалната самоуправа...

Continue reading

galicica

Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки

Post Views: 2 Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро. Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една...

Continue reading

Неколку интервенции за извлекување на заглавени возила на превојот на Галичица

Post Views: 4 Од планинснката спасителна служба со апел до граѓаните, со возила да не го минуваат превојот на Галичица, односно строго да се придржуваат до сообраќајните правила и поставената сигнализација. За само неколку дена од службата одговориле на два повици за извлекување на заглавени возила, од кои едното дури и со погон на 4 тркала. Поради последните врнежи од снег и специфичните температурни услови, во моментов владеат можеби најнеповолни услови за пробивање низ снежната покривка, која на места од коловозот надминува 60 цм, а има и доста поголеми навеви, објаснуваат од службата. Планинската...

Continue reading

jovan babace

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 17 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Continue reading

spasuvaci

Успешно лето полно работа за Црвениот Крст од Охрид

Post Views: 0 Зад Цревниот крст од Охрид уште едно успешно лето полно со работа. Спасителите на планина и непристапни терени, спасителите на вода и медицинските тимови на Црвениот крст од Охрид, оваа туристичка сезона со рекорден број интервенции, речиси дупло повеќе од лани. Така Спасителите на планина кои го обезбедваа Европското првенство во прецизно слетување со параглајдер, имаа три посериозни интервенции и преку десет интервенции на укажување на прва помош на самите учесници.Спасителите на вода пак забележаа дваесет и три интеревенции на извлекување давеници од Охридското езеро...

Continue reading

strniste

И натаму незаконски се палат стрништата

Post Views: 11 Започна пролетта, започнува и садењето на земјоделските култури. Земјоделците ги подготвуваат своите површини. Сето ова ќе беше одлично, ако оној дел на несовесни земјоделци, подготовките не ги вршеа со палење на стрништата. На овој начин, и отвораат дополнителна работа на територијалната противпожарна единица од Охрид. Од таму не информираат за рекорден број на интервенции на отворено. Единицата досега интервенирала дури 46 пати што е многу над просекот од изминативе години. Командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски вели дека иако бројката...

Continue reading

lizgavo

Опасно е, се лизга!

Post Views: 0 Зголемен бројот на скршеници на екстремитетите. Остатоците од снегот на дел од охридските улици, кои дебело замрзнаа, предизвикуваат невољи. Не ретко се случува гаѓаните да се лизнат, дападнат и притоа да се здобијат со набиеници, исчашување, но и со скршеници. Од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, директорот Митко Тилев вели дека овој период имаат покачен број на интервенции како последица од лизгање и паѓање на замрзната површина. Најчесто страдаат луѓето од повозрасната категорија кои доаѓаат со скршени екстремитети, додава тој....

Continue reading

niskogradba

Зачестени сервисните интервенции на водоводната мрежа

Post Views: 2 Секоја година пред почетокот на летната сезона, се интензивираат сервисните интервенции на водоводната мрежа во градот и приградските населби. Станува збор за тековни проверки, пробивање на водоводните цевки, зафати кои минимум еднаш во годината мора да се спроведат, вели Влатко Ивановски раководител на Одделението за одржување, во Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид. Ивановски додава  дека претходно се прави договор со сите институции и се информира јавноста. Од „Нискоградба“информираат дека години наназад, приградската населба Трпејца, се соочува со проблеми...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top