Ознака: инспектори

Sruga

Гласните маки за стружани започнаа

Post Views: 2 Апелираат до сопствениците да бидат крајно внимателни колку гласно музика ќе се слуша од нивните локали. Инспекторите најавија зачестени контроли. Стружани летово  нема да водат битка со прегласната музика која излегува од кафулињата и ноќните клубови во градот. Инспекторите за заштита на животна средина од Струга, најавиа дека веќе превземаат активности за контрола на бучавата. „Минатото лето, инспекторите  реализираа акција за мерење на нивото на бучава во сите угостителски објекти во градот. Сега работата ни е олеснета, секој ноќен клуб, кафуле, дискотека, ресторан...

Continue reading

Струшките пазарни инспектори направиле над илјада контроли на угостителски локали во месец февруари

Post Views: 2 Струшките инспекори од ДПИ се секојдневно на терен во две смени, а работаат и за време на викендите, информира Шпендим Иљази раководител на ПЕ. Во месец февруари, инспекторите имале полни раце работа и направиле околу 1500 контроли на угостителски објекти. При инспекцискиот надзор на струшките локали со записник се направени 145 контроли, а 1300 се визуелни контроли. Инспекторите изрекле 8 прекршочни мерки од Законот за забрана на пушење и 3 мерки за непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести, а затекнале еден нерегистриран објект кој обавувал...

Continue reading

sobi

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 8   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Continue reading

kale

Еден градежен инспектор

Post Views: 25 Општо е познато дека години наназад Охрид се соочува со неконтролирана градежна експанзија. Дали се гради легално или не, тоа не може со точност да се каже, бидејќи и надлежниот инспекторат се соочува со реален проблем, дефицит на кадри. Недоследностите кои постојат во градежната сфера во Охрид, колку и да звучи неверојатно, треба да ги открие и санкционира само еден градежен инспектор.  Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, се согласува со нашата забелешка, вели дека е на место и точно е тоа дека се кубури со градежни инспектори. Танасоски рече...

Continue reading

butka za hrana

Летово во Охрид се јадеше се и сешто и тоа секаде

Post Views: 1 Се контролираше ли доволно храната која оваа летна сезона се продаваше низ Охрид и Струга? Сведоци бевме дека пред секоја сезона сендвичари и тезги за продажба на најразлични видови на храна, преку ноќ никнуваа на мал милион локации низ градот, а за портабл продавачите на пченки и костени, да не стане ни збор. Што велат експертите за ваквата ситуација, која со години ни се случува пред очи? „Значи храна на отворено не е забрането да се продава. Ние ја започнавме таа акција за зелените пазари каде се продава таа храна посебно дел на храната од животинско потекло која...

Continue reading

Ohrid

Туристичките инспектори контра туристичките водичи

Post Views: 7 Туристичките инспектори реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса од страна на туристичките водичи од Охрид дека не си ја вршат работата при надзор на нелегалните водичи. Ваквите тврдења се неточни вели главниот општински инспектор Танас Танасоски. Во текот на летната сезона 2010 од туристичката инспекција биле изречени 9 манадатни казни во висина помеѓу 100 и 300 евра за српски и бугарски водичи. Во 2009 година таа бројка била за 6 опомени помала. Инспекторите направиле  и голем број записници соопмени за странски водичи кои нелегално воделе групи на разглед...

Continue reading

Пазарните инспектори ги има насекаде!!!

Post Views: 0 Пазарниот инспекторат ја контролираше работата на  агенциите за недвижности. Биле повикувани лицата кои објавуваат огласи за продажба на станови на интернет порталите. Деновиве на мета на инспекторатот се и стоваришатта и квалитетот на градежните матријали кои тие ги продаваат.   Пазарниот инспекторат со полни раце работа. Нивна најнова задача е воспоставување на ред кај агенциите за недвижности. „ Имавме одредени сознанија, поради кои ги проверивме сите интернет сајтови за да утврдиме кои физички лица се јавуваат како посредници за продажба на станови и апартмани“,...

Continue reading

Ohrid

Нова туристичка сезона, стари проблеми

Post Views: 1 Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон. Раководителот на општинскиот инспекторат признава дека под притискок ја искинал пријавата за летната тераса „БАС“, лоцирана во строгиот центар на градот, во зона на домување. Група граѓани неможејќи да најдат решение за овој проблем кај надлежните, се обратија со писмо до нашата редакција. „Од најавите дека конечно ќе се стави ред на ноќниот живот во Охрид, нема ништо. Од година во година продолжува нашата агонија, меѓутоа она што се случува во моментов се...

Continue reading

tezga

Пазарните инспектори со полни раце работа

Post Views: 7 Деновиве се во лов на  уличните продавачи. По нивната акција на Плаошник речиси и да ги нема тезгите на кои се продаваше се и сешто. Сликата на која бевме навикти да ја гледаме околу овој  културно историски локлалитет, потполно се измена по акцијата на пазарната инспекција. Викендов инспекторите ги отстранија тезгите кои немаат времени дозволи за продажба од локалната самоуправа, а робата која ја затекнаа во акцијата ја одзедоа. На состанокот на Координативното тело составено од претставици од пазарна, трудова и санитарна инспекција, од дирекцијата за храна, локланата...

Continue reading

logo

Инспекторите на обука

Post Views: 0 Охриѓани пријавуваат загадувачи на сериозни еколошки нарушувања од несовесни сограѓани, до   државниот регионален инспектор вели Игор Трајкоски. Разни отпадоци се фрлаат во езерските води или на заштитени подрачја кажува Трајкоски. Тој апелира до граѓаните да бидат посовесни каде фрлаат отпадоци. Дарко Блинков, државниот инспектор од министерството за животна средина и просторно планирање, укажува дека се зајакнува еколошката свест кај фирмите и приватните лица од загадување на животната  средина. Сепак и понатака остануваат проблеми за решавање како што се загадувачите...

Continue reading

logo

Инспекторите во лов на продавчи на пиратски цедиња

Post Views: 5 Пазарните инспектори во периодот од само 3 месеци откриле и заплениле голем број пиратски цедиња. На импровизирани тезги се продаваат цедиња кои не се легални велат инспекторите. Инспекторите при контролите на ваквите недозволени места за продажба , заплениле цедеа  во вредност од над 50.000 денари. Тие  укажуваат дека и понатака ќе водат борба со пиратеријата.  Апелираат  до сите препродавачи на нелегални цедиња да не продаваат цедиња на црно зато ашто тие продолжуваат со нивните  контроли и ќе ги одземат пиратските цедиња. Инспекторите и полицијата покрај акции за...

Continue reading

Mitre Veljanoski

Државните просветни инспектори ги запоседнаа охридските училишта

Post Views: 11 Петнаесет државни просветни инспектори, без валидни легитимации,  направија упад во охридските основни  и средни училишта и го прекршија  Законот за просветна инспекција истакна Митре Велјаноски  од секторот за јавни дејности при локалната самоуправа Охрид.   Утрово, инспекторите ги запоседнаа училиштата без да ги известат директорите за целта на посетата, за што според Законот за просветна инспекција се должни претходно да се најават додава Велјаноски. Ние, нема да го толерираме кршењето на законот и таквото однесување за што јавно  го креваме гласот против таквото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top