Ознака: избрана

Одделенскиот наставник Маре Ѓоргиоска од ОУ Григор Прличев е избрана меѓу 9те најуспешни македонски наставници

Post Views: 6 Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера...

Continue reading

Финансиска поддршка од Општина Охрид за Здружението за поддршка на лица со аутистичен спектар и атипичен развој

Post Views: 11 „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“ ќе добие финансиска поддршка од Општина Охрид. По распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар на територија на Општина Охрид која згрижува деца со атипичен развој, градоначалникот Кирил Пецаков донесе одлука за избор на „Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој“.

Continue reading

emikl

Избрана преодната влада, СДСМ не оди на избори

Post Views: 28 Собранието на Македонија синоќа ја избра новата преодна влада на чело со Емил Димитриев до вонредните парламентарни избори на 24 април. Тој го предложи истиот состав на владата каков што беше и под досегашниот премиер Никола Груевски на кој претходно парламентот му ја констатира оставката што ја депонира во минатата недела. Иако беа предложени од мандатарот Димитриев, на седницата не присуствуваа министрите од опозициската СДСМ за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски. Извршниот одбор на СДСМ синоќа оцени дека...

Continue reading

Избрана најдобрата поема во ракопис-наградата “Григор Прличев“

Post Views: 1 Жири комисијата за доделување на наградата „Григор Прличев” што НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид ја доделува за најдобра поема во ракопис во 2021 година, во состав: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), проф. д-р Мишел Павловски (член) и д-р Славчо Ковилоски (член), на својот заеднички состанок одржан на 24.12.2021 година едногласно ја донесе ОДЛУКАТА за избор на најдобра поема за 2021 година, при што како највисоко рангиран го посочи ракописот : „Цветко”, Шифра: Когито. Поемата „Цветко” под шифра: Когито, пишувана во модернистички...

Continue reading

Dosta Dimoska

Почина Доста Димовска

Post Views: 4 Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава. Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка...

Continue reading

sindikat

Нов Синдикат на новинари

Post Views: 2 Формиран првиот независен Синдикат на новинари и медиумски работници во земјава. Основачкото собрание се одржа во Скопје, а за прв претседател беше избрана Тамара Чаусидис.„Мисијата на Синдикатот е многу едноставна, таа е да ги застапува економските интереси и да ги подобрува условите за работа на своето членство, да се бори за еднакви услови за вработување и унапредување, за подобрување на стандардите во медиумската сфера“, изјави Тамара Чаусидис, новинар. За новинарите денешниот ден е историски. По 20 години делби и суети, очекуваат обединети во Синдикатот да издејствуваат...

Continue reading

Nina Balaban

Охридскиот стрелец Нина Балабан избрана за амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година

Post Views: 5 Охриѓанката Нина Балабан која е избрана за млад амбасадор на Младинските олимписки игри во Нанџинг 2014-та година, од страна на Интернационалниот Олимписки комитет. ИОК синоќа ја објави импресивната листа за 100-те инспиративни млади луѓе кои ќе служат како млади амбасадори на Младинските Олимписки игри во Нанџинг-2014 година, на која сосема заслужено се најде и стрелачката Нина Балабан, од С.К. „Охрид“. Инаку Нина на само еден месец пред почетокот на Европското првенство што треба да се одржи во Москва, се закити со златен медал на меѓународниот Турнир во Врање што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top