Ознака: знамиња

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Post Views: 6 Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада. Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”. Од Ноу Камп реагирале веднаш...

Continue reading

Завземена државната управа во Доњецк

Post Views: 8 Стотина демонстранти со руски знамиња в раце ја завемале зградата на украинската државна управа во градот Доњецк на истокот од Украина. Повеќе од 2000 луѓе се собрале денес попладне на плоштадот пред зградата на регионалната управа а поголема група мажи го пробила полицискиот кордон, пренесува АР. Многу демонстранти имале развиорени руски знамиња, и извикувале „Русија! Русија!“ За сега нема информации за евентиални жртви или повредени. Учесниците во проруските протести во текот на претходните денови завземале неколку згради на државната управа ширум Украина, а особено...

Continue reading

Заменети искинатите знамиња на плоштад и Самоилова тврдина

Post Views: 1 Државното знаме на Македонија на јарболот на плоштадот Св. Климент Охридски и на Самоиловите тврдини со месеци се вееше искинато.  Тоа не само што им предизвикува непријатно чувство на граѓаните да го гледаат националниот симбол во таква состојба и е лоша слика за посетителите на градот туку е и противзаконито.  ТВМ побара информација од локалната самоуправа во чија надлежност е одржување и замена на државното знаме поради дотраеност а е истакнато на јарбол на културни знаменитости во Охрид. Од општината со одговор дека не е во нивна надлежност одржувањето на јарболите...

Continue reading

Колосална статуа на Исус во Полска

Post Views: 12 Статуата во малиот полски град, кој се наоѓа во западниот дел на земјата, е висока 33 метри, а е поставена на постоље високо 17 метри. Изградена е со приватни донации. Ја осмислил пак, локалниот свештеник Силвестер Зањадцки. На поставувањето на статуата се собрале неколку илјади луѓе. Според организаторите имало околу 20.000 верници, кој во рацете држеле знамиња на Полска и на Европската унија. Колосалниот кип на Исус во Полска предизвикал и спротивставености. Едни тврделе дека тој е кич и срам за земјата, додека другите имале став оти во малиот град ќе привлече голем...

Continue reading

Запалени српски знамиња на протестот против „Отворен Балкан“ во Тирана

Post Views: 0 Полицијата во Албанија уапсила две лица под сомнение дека го запалиле српското знаме на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“. Уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“. На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, запалено и газено било српското знаме. На социјалните мрежи се споделуваат две видеа на кои се гледа палењето.

Continue reading

protesti

Протести за судските пресуди за случајот „Монструм“

Post Views: 7 Полицијата против насобраните демонстранти во врска со судските пресуди за случајот „Монструм“ употреби шок-бомби, за да ги одврати од кај Основниот суд-Скопје кон Јајапашината џамија. Демонстрантите фрлиле солзавец кон полицијата и новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата. Околу илјада насобрани лица по попладневната молитва тргнаа од кај комплексот Чаирчанка, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за шестмината обвинети во случајот петкратно убиство на Смилковското...

Continue reading

znaminja

Ќе биде ли македонското знаме избрано за најубаво?

Post Views: 0 Од месец јануари оваа година, канадскиот веб портал „The Province“, го започна натпреварот за избор на најубаво знаме. Трката започна со избор на 64 државни знамиња, избрани како знамиња на етникумите кои се најбројни во Канада.  Во нокаут фазата Македонското знаме извојува победа над канадското знаме, додека бритнското знаме се покажа како поппуларно од германското. Победникот се очекува да биде избран во недела на 15-ти февруари. {loadposition content9}

Continue reading

Низ градов насекаде се веат државни знамиња

Post Views: 62 Веќе неколку дена низ градов на повеќе локации се вее македонското знаме. Граѓаните прашуваат по кој повод се поставени знамињата и тоа на локации кои општината ги има одредено за поставување на овај симбол кога се празници, кога е ден на жалост или пак имаме посета на градов од страна на некоја делегација. Знамиња има кај кружните текови кај Охридска банка и кај гимназијата, а се веат и на градскиот плоштад. Истакнувањето на знамето на РМ не го одредува општина Охрид. Таа само ги истакнува местата каде може да се постави знамето. Други државни органи или институции...

Continue reading

znaminja

Македонски знамиња виртуелно се веат пред парламентот во Атина

Post Views: 3 Доколку на електронскиот атлас google earth сакате да се прошетате до грчката престолнина, на плоштадот Синтагма ќе ве изненадат 9 македонски знамиња.Хакерот со прекар Јови, најверојатно ги презел од центарот на Скопје, односно од пред владата на Република Македонија, бидејќи нивниот број, но и положбата се идентични. Целата ситуација станува интересна со фактот дека од google ги одобриле знамињата и покрај тоа што реално пред грчкиот парламент нема такви јарболи. Објектите кои сакате да ги вметнете треба да постојат во реалноста и тие треба да бидат подобри од останатите...

Continue reading

zname meslesevo

И во Мислешево се развиори Македонското знаме

Post Views: 12 На влезот на струшкото село Мислешево вчера  со пригодна свеченост беше кренато македонското знаме. Јарболот со знамето е поставен на имот од Ѓорѓи Трифуноски  кој тврди дека  не бил информиран дека земјиштето на кое се постави јарболот му било одземено од страна на државата. Оваа замисла Мислешевци ја реализираа и покрај тоа што општината не им даде дозвола за постаментот, на кој е поставен 25 метарскиот јарбол. Свеченоста за поставувањето на државниот симбол помина во знакот на патриотски песни, а беше интонирана и химната на РМ.Жителите на Мислешево велат дека доколку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top