И во Мислешево се развиори Македонското знаме

Во Мислешево се развиори македонското знаме.

 |  Маленкова Татјана  | 
zname meslesevo
знаме Мислешево

На влезот на струшкото село Мислешево вчера  со пригодна свеченост беше кренато македонското знаме. Јарболот со знамето е поставен на имот од Ѓорѓи Трифуноски  кој тврди дека  не бил информиран дека земјиштето на кое се постави јарболот му било одземено од страна на државата. Оваа замисла Мислешевци ја реализираа и покрај тоа што општината не им даде дозвола за постаментот, на кој е поставен 25 метарскиот јарбол. Свеченоста за поставувањето на државниот симбол помина во знакот на патриотски песни, а беше интонирана и химната на РМ.
Жителите на Мислешево велат дека доколку инспекциите се обидат да го срушат знамето, тие на сите куќи ќе постават поединечни знамиња.

„На македоснкиот народ сакаме да му кажеме дека живееме во Македонија и дека сме горди на македонското знаме кое треба да се вее на македонска територија и ќе се вее со векови. Ако некој се обиде да го руши, спремни сме да поделиме илјада знамиња на секоја куќа“, вели Стрезо Јовчевски од месна заедница Мислешево.

Жителите  на Мислешево бараат законите во земјава да важат подеднакво за сите. Тие ова го поткрепуваат со тоа што скоро во сите соседни села со албанско население се виорат албанските знамиња кои на никого не му сметаат и никој не ги отстранува. Токму поради тоа бараат никој да не игра ни со македонското знаме во Мислешево.

„Националната свест во Струга и овде во Мислешево е на многу ниско ниво. Мора да се подигне националната свест мора, да знаеме дека живееме во Македонија, вели помлад жител на Мислешево.

Поставувањето на македонското знаме вчера во Мислешево беше вистински празник. Над илјада жители на Мислешево од најмладо до најстаро сплотени со песна и овации го следеа настанот.

„Она што не собра денеска сите овде е знамето на РМ. Значи не стои тука ниту еден политички субјект зад поставувањето на јарболот, вели жител на Мислешево.

Општина Струга неодамна донесе решение да се прекине со градба и да се урне постаментот, бидејќи бил изграден без дозвола, а во законот точно пишувало каде треба да се вее државното знаме. Во објаснувањето на локалната самоуправа, додадоа дека доколку Мислешевци сакаат вакво знаме,  тогаш тоа прашање може да се регулира преку граѓанска иницијатива, која е неопходно да помине низ повеќе филтри, како и со официјално барање до надлежните општински служби.
Паралелно со знамето, жителите од селото вчера поставија и табла на која стои натпис „Добредојдовте во Мислешево“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top