Post Views: 13
Македонските граѓани кои се во Турција и имаат потреба за каква било здравствена грижа, ќе може да побараат здравствена заштита во болниците кои имаат договор со министерството за здравство на Турција, информираа од македонското министерство за надворешни работи.
Посебниот договор кој го овозможува тоа стапи на сила деновиве.
Досега можност за лекување Македонците имаа само во турските приватни здравствени установи. Сите кои кои престојуваат во Турција и имаат потреба од здравствена услуга, а не го зборуваат турскиот јазик, може да се јават на кол-центарот со број 112,...
Post Views: 2
Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Р. Македонија, коишто можат да се слушнат и видатод содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени...
Post Views: 1
Како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост, реагираат од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на СДСМ а во врска со Студенчишкото блато и имотот на шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер.
Ви ја пренесуваме писмената реакција од Локалната во целост:
Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот на СДСМ – Охрид ,се...
Post Views: 0
Охридскиот Центар за социјална работа ќе се реновира. Тој е дел од седумте центри на ниво на земјава кои ќе се реконструираат, за што Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 38 000 000 денари преку ИПА програмата на ЕУ. Како што нагласи директорот на Охридскиот Центар, Екрем Каљоши тие веќе отпочнале со подготовка за престојните зафати.
„Во моментот сме во фаза на преселување на материјалите во други простории каде што привремено ќе бидеме сместени со персоналот. Што се однесува каде ќе работиме, лицата ангажирани за остварување на...
Post Views: 3
Труењето на бездомните кучиња опасно за човекот и околината исто колку што е опасно и за самите кучиња. Од здружението за заштита, помош и вдомување на животни, „Анималиа“ алармираат дека пестицидите кои најчесто се користат за ова нехумано постапување со кучињата, а кои многу лесно и сосема легално можат да се набават во земјоделските аптеки се исклучително опасни и за човекот, и за околината. Труењето на бездомните животни и на миленичињата и опасноста од расфрлање отрови на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се среќаваат.
„Огромна опасност...
Post Views: 1
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.
Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на...
Post Views: 0
Количините со стари залихи на пестициди во Југоисточна Европа и Азија се аларманти потенцираат странските експерти. Македонија, пак, сеуште нема извршено детална инторизација на стари залихи, но се вклучува во меѓународен проект за точно да се утврдат овие количини нагласува Емилија Ќупева Неделкоска раководител на одделот за хемикалии и индустриски несреќи во Министретсвото за животна средина и просторно планирање. Претставници од нивното министерство досега немале обуки за управување и инторизација на старите залихи на пестициди. Колкави се нивните залихи во земјава...
Post Views: 7
На иницијатива на Локалниот совет на млади при oпштина Охрид, петок (03 април) со почеток од 12 ч. во малата сала на општина Охрид, претставник од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) од Скопје ќе одржи презентација на тема: „Заштитата на личните податоци – клуч кон приватноста”.
На настанот учествуваа и претставници на невладини организации од Охрид.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија денес контролираше повеќе правни субјекти во Охрид и Струга. Се проверувале евентуални повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Кабелскиот оператор „Пела“ од Струга заработи глоба и му беја одземени два ресивери, а во Охрид контролиран е градскиот пазар, неколку фото студија и едно интернет кафе. На пазарот затекната е фалсификувана роба.
Има пиратерија и присутна е...
Post Views: 0
Oтстатокот од Студенчишко блато да се ревитализира и заштити. За таа цел да се утврдат точните граници и просторот на кој се протега од страна на стручни лица. Останатата површина од урбаната заедница 17.1, во која спаѓа и блатото да се планира со Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен во иднина. Ова беше еден од заклучоцоте на јавната стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за периодот 2014-2024 за повеќе делови од општината каде спаѓа и Студенчишкото блато. Ова воедно бил и заклучок на Владата донесен врз основа...
Post Views: 27
Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.
„Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто...
Post Views: 10
Ренџерските служби во НП „Галичица“ започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите и...