Ознака: започна

Започна пријавувањето за „Трката на Поeзијата“ на 23 мај во Струга

Post Views: 0 Регистрацијата за „Трката на Позијата“ на 23 мај во Струга започна на пладне во 12:00 часот на 15.02.2021 година, истата ќе се одвива во три фази: 1 фаза: 15.02.2021 – 28.02.2021 година 2 фаза: 01.03.2021 – 04.04.2021 година 3 фаза: 05.04.2021 – 02.05.2021 година За секоја информација обратете се лично на contact@poetryrun.mk, во директни пораки преку социјалните медиуми или преку официјалниот телефон кој што е оставен на веб сајтот. Струга отсекогаш пленела со својата убавина и уникатност. Овој преубав град истовремено лежи и на езеро и на река и има...

Continue reading

Започна гаснењето на пожарот на дивата депонија во Струга

Post Views: 2 Механизација синоќа се упати кон опожарената дива депонија во Струга, со цел да овозможи услови за нејзино гаснење, информираат од граѓанската иницијатива “Доста е“. „На запалената депонија пристигна булдожер и камиони со тампон. Тие вечерва ќе работат на овозможување пристап на противпожарните возила и камиони со земја до запалените делови на депонијата.“-соопшти граѓанската иницијатива “Доста е“. Граѓаните на Струга денеска масовно излегоа на протест од кој побараа итна санација и дислокација на дивата депонија која го загадува градот со месеци.

Continue reading

Во Русија започна вакцинација на животни против коронавирус

Post Views: 10 Претставничката на оваа институција, Јулија Мелано прецизираше дека вакцинацијата на домашните миленици почнала во неколку руски области. „Првата испорака на единствената вакцина против корона, а која е наменета за животните, Carnivac-Cov стигна во руските градови, за да се спречи ширењето на заразата меѓу животните“, изјави Мелано, објави новинската агенција ТАСС, а пренесува Танјуг. Ова е единствена ваква вакцина во светот и создадена е од руските научници. Русија во март објави дека ја регистрирала првата вакцина против вирусот за животни откако тестовите покажаа...

Continue reading

Се поставува потпорен ѕид на „Римската бања“ кај Плаошник

Post Views: 14 Во тек се активностите од реализацијата на Проектот за поставување на потпорен ѕид од северната страна на објектот „Римска бања“ на локалитетот Плаошник во Охрид. Изградбата на потпорниот ѕид е неопходна за да се спречи свлекување на земјиштето кое  може да предизвика големи штети на римска бања со мозаични подови која датира од I век од н.е. По изградбата на ѕидот ќе се обезбедат и соодветни услови за извршување на конзервација и реставрација на архитектурата и на мозаиците од бањата. Реализацијата на овој Проект кој го раководи д.и.а. Анита Танеска, виш конзерватор...

Continue reading

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици

Post Views: 2 Викендов екипите на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Општина Охрид, уште еднаш упатува апел до граѓаните при посета на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете.

Continue reading

ЗАПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“

Post Views: 0 По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска започна акцијата за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид. Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина. Градоначалникот Пецаков при денешната теренска посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии, со цел да имаме убав и чист Охрид. Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.

Continue reading

Историска размена помеѓу Реал и Барселона

Post Views: 6 По осумнаесет години брак, Барселона би можела да ја прекине соработката со Nike, познатата американска компанија за спортска опрема. Барселона ја започна соработката со Nike во 1998 година кога Kappa отиде во историјата, а тоа може да му се случи и на Nike во 2018 година до кога трае моменталниот договор. Како што пишуваат каталонските медиуми, Барселона најверојатно во 2016 година ќе премине во редовите на германскиот Adidas, чии дресови ги носи нивниот најголем ривал, Реал Мадрид. Adidas будно ги следи напнатите односи помеѓу Nike и Барселона и ја чека својата шанса...

Continue reading

Започна реконструкција на пумпна станица за водоснабдување на Струга и околината

Post Views: 0 Од Општина струга информираат дека деновиве започна реализацијата на еден многу важен проект за Општина Струга, проект кој е во застој повеќе од 30 години. Во интерес на граѓаните започна реконструкција на пумпна станица на водоснабдување на Струга и околината, финансирана од Министерство за транспорт и врски со вредност од 4.5 милиони денари. Моментално се работи на инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум, Струга.

Continue reading

„Размислувај поразлично“ – започна Мобил филм фестивал

Post Views: 0 Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе се прикажуваат онлајн на 11. издание Мобил филм фестивал. Под мотото „Размислувај поразлично“, филмската програма ќе биде бесплатно достапна на платформата Cinesquare.net. Сите филмови на фестивалот се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал. 22 филма се избрани да се прикажуваат во официјалната конкуренција, 36 во „ковид“ програмата, а 31 од анимираната програма. Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм...

Continue reading

logo

РК „Охрид 2013“, започна со продажба на блок карти

Post Views: 9 Од денес Ракометниот клуб РК Охрид 2013, започна со продажба на блок карти. Сите заинтересирани картите може да ги набават од билетарата на спортската сала „Билјанини извори“ или од лицето задолжено за продажба на истите, Гоце Спасески 075/ 202 – 333. {loadposition content9}

Continue reading

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Post Views: 1 Започнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“. При денешната теренска посета на улицата, градоначалникот Константин Георгиески потенцираше дека ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти, кои оваа година се реализираат во Општина Охрид. – Оваа улица долги години наназад беше во многу лоша состојба и претставуваше навистина голем проблем за жителите на населбата “Видобишта”. Нејзината реконструкција...

Continue reading

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО ЗЛЕСТИ

Post Views: 1 Согласно договорот за изведување на градежните работи предвидено е да се изврши санација на дел од Културниот дом во селото Злести, каде ќе се изврши, замена на кровниот покривач, целосна замена на надворешната столарија од објектот, изведување на нова армирано бетонска плоча, обработка на внатрешните ѕидови, изведба на нов спуштен плафон и замена на електричната инсталација во тој дел од објектот. Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овој простор од Културниот дом жителите на селото Злести, ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top