Ознака: експлозија

vagon

Најмалку 30 жртви во експлозијата во Италија

Post Views: 0 Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и две деца го загубија животот, а 36 се повредени во експлозијата до која дојде по синоќешното излетување од шините на железничката композиција составена од 14 вагони-цистерни со течен гас на северот на Италија, јавија утрово италијанските медиуми.До несреќата дошло кај градот Виареџо, кога пет вагони на товарната композиција излетале од шините, а две цистерни со течен гас експлодирале, предизвикувајќи голем пожар кој ги зафатил блиските куќи.   Пет лица го загубиле животот во една од двете згради кои се урнале откако вагоните удриле во нив,...

Continue reading

terorist

Најмалку 35 загинати во експлозија во Ирак

Post Views: 1 Најмалку 35 лица загинаа денеска, а 72 се ранети во експлозија на автомобил-бомба во квартот Шула во северозападен Багдад, соопшти ирачката полиција Експлозијата се случила во близина на познат ресторан во квартот, каде живеат претежно шиитски муслимани. Безбедносната ситуација во Ирак од минатата година бележи подобрување, но поради серијата напади во април, минатиот месец стана најкрвав за цивилите од ноември 2008 година.                     {loadposition content9}

Continue reading

logo

Бомба експлодира крај атинска банка, нема повредени

Post Views: 1 Бомба експлодира утрово пред банка во јужниот дел од Атина, но нема повредени, соопшти грчката полиција. Бомбата била активирана пред влез на Евробанк во атинското предградие Агиос Димитриос. Половина час пред тоа во локален весник било пренесено предупредување од анонимен глас за поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста. Полицијата претпоставува дека нападот е извршен од леви екстремисти чии напади стануваат се побројни откако во декември минатата година полицаец застрела 15-годишно момче. Досега во нападите нема жртви. Нивни цели станаа полициски станици,...

Continue reading

rudnik

Дванаесетмина загинати во експлозија во рудник во Иран

Post Views: 1 Дванаесет лица загинаа денеска во експлозија на метан во рудник за камен јаглен во Иран. Несреќата се случи во еден од најголемите рудници за камен јаглен кој се наоѓа во близина на градот Заран, на 950 километри југоисточно од Техеран. Според Иранското радио, повредени рудари изјавиле дека причината за несреќата се лошите услови за безбедност и неодговорноста на раководството на рудникот. {loadposition content9}

Continue reading

Atina

Силна експлозија во центарот на Атина

Post Views: 6 Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми. Во експлозијата нема убиени и повредени.Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина. Експлозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.Грчката корпорација за државен имот,...

Continue reading

Kirijakos Micotakis

Експлозија на бомба пред канцеларијата на братот на Дора Бакојани

Post Views: 3 Рачно изработена бомба експлодира ноќеска пред канцеларијата на пратеникот на грчката владејачка партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис во Атина, предизвикувајќи само материјална штета, соопшти локалната полиција.Бомбата експлодирала на скалите пред канцеларијата на 41-годишниот Мицитакис, кој инаку е брат на грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и син на поранешниот премиер Константинос Мицотакис. Полицијата информира дека за време на експлозијата во зградата во која се наоѓа канцеларијата немало никого, напоменувајќи дека не добила предупредување...

Continue reading

Krim

Најмалку 26 жртви во експлозијта во Украина

Post Views: 4 Најмалку 26 лица загинаа во силната експлозија која делумно урна четирикатна станбена зграда на полуостровот Крим во Украина, соопшти утринава украинското Министерство за вонредни ситуации. Според најновиот биланс, загинале 26 луѓе, додека 21 биле спасени од спасувачките екипи“, изјави претставник на Министерството. Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на експлозијата во црноморскиот пристаништен град Евпаторија. Местото на несреќата , вчера, заедно го посетија премиерката Јулија Тимошенко и претседателот Виктор Јушченко. Причината за експлозијата засега...

Continue reading

eksplozija Tripoli

Пет лица загинаа во експлозија во северниот либански град Триполи

Post Views: 1 Најмалку пет лица загинаа, а 17 се ранети изутринава во експлозија во северниот либански град Триполи. Либанските сили за безбедност соопштија дека инцидентот се случил кога автомобил-бомба експлодирал во близина на автобус, кој превезувал либански војници. Според претставник на служните за безбедност експлозијата се случила на јужниот излез на градот, додека автобусот патувал кон главниот град на Либан Бејрут, кој се наоѓа на околу 80 километри јужно од Триполи. Ова е втор бомбашки напад врз либански војници во изминатитре два месеци. На 13 август 18 војници беа убиени,...

Continue reading

Damask

Најмалку 17 лица загинаа во експлозија на автомобил – бомба во Дамаск

Post Views: 1 Најмалку 17 цивили  загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми. Според сириската државна телевизија, во автомобилот имало околу 200 килограми експлозив. Експлозијата се случила во близина на еден безбедносен објект на патот кон аеродромот, на крстосницата која води до светилиштето Сит Зејнаб, популарно меѓу шиитските верници од Иран и Либан. Очевидците тврдат дека безбедносните сили го оградиле местото на експлозијата.  Единицата за борба против тероризмот започна истрага за да го утврди идентитетот...

Continue reading

Експлозија во близина на Сината џамија и Аја Софија во Истанбул

Post Views: 0   Десет мртви и 15 повредени, е досегашниот биланс од експлозијата која одекна во центарот на Истанбул, на плоштадот Султанахмет, покрај трамвајска станица во близина на Сината џамија и Аја Софија, во историското јадро на градот, потврдија градските власти.Инцидентот се случи во 10.20 часот по локално време на плоштадот Султанахмет. Според агенциите, полицијата смета дека се работи за напад на бомбаш самоубиец, но се уште не е потврдено.Снимките кои стигаат од местто на настанот покажуваат безживотни тела расфрлани по плочникот.Амбулантни возила доаѓаат и заминуваат...

Continue reading

Експлозија на аеродромот во Истанбул

Post Views: 3 Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата. Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите. Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и истовремено...

Continue reading

apokalipsa

Како да преживеете нуклеарна експлозија

Post Views: 6 Во случај на нуклеарна беља, фино е да знаете неколку работи што може ќе ви спасат глава. Еден научник ги скоцкал во водич за преживување. Мајкл Дилан направил математички модел кој го смалува ризикот од радијацијата предизвикана од нуклеарен напад и го пресметал оптималното време за пронаоѓање на засолниште. Советот кој сите го знаеме, е дека идеалното засолниште е под земја, но постојат добри и лоши засолништа, а во вторава категорија спаѓаат зградите изградени од дрво или оние без подрум.Дилан има совет за сите оние кои би се нашле на 33 километри од центарот на експлозија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top