Ознака: едно

Elizabeta Kanceska Milevska

Канческа Милевска нема време за „Охридско лето“

Post Views: 22 Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска деновиве е зафатена со докажување дека се е валидно околу проектот „Скопје 2014“, па не успеала да види кој се се токми за прв човек на реномираниот фестивал „Охридско лето“, иако конкурсот заврши уште на 26 октомври. Инаку од министерството за ТВМ велат дека пристигнале 12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност....

Continue reading

mobing

За мобингот мора гласно да се зборува

Post Views: 2 Едно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието. „Имаме...

Continue reading

Ohrid

Државното земјиште во Охрид не ќе да е едно евро

Post Views: 3 Не секое градежно земјиште може да се откупи од државата за едно евро. Според најновите измени на законот за градежно земјиште на седницата на Владата на РМ одржана кон крајот на јули годинава, донесена е нова уредба. Таа се однесува на изменување и дополнување на уредбата на начинот и постапката на оттуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за оттуѓувањето и давањето под закуп, како и висината на...

Continue reading

Gimnazija

Гимназијалците фасцинирани од Белград

Post Views: 1 Средношколците од општинското средно училиште Св. Климент Охридски се вратија од уште едно патување кое имаше образовен, културен и забавен карактер. Минатиот викенд во Белград присуствуваа на изведбата на мјузиклите „Чикаго“ на Театар Теразија и „Цимери“ во Театрот Славија. Учениците од прва година од драмската секција и новинарскиот клуб презадоволни од оваа посета, со воодушевување зборуваат за впечатоците од мјуклите кои ги гледале. Проектот за посета на театарски престави надвор од Македонија, во случајов Белгард го осмисли и реализира драмската секција под водство...

Continue reading

ogrevno drvo

Подготовките за грејната сезона завршени

Post Views: 3 Ниските утрински и ноќни температури кои деновиве бележат драстичен пад веќе ја најавуваат грејната сезона. Граѓаните на Охрид кои денес ги анкетиравме веќе се одлучиле како ќе се греат. Некои од нив за огрев ќе користат дрва како поисплатлива алтернатива додека пак на некои електричната енергија им е единствената солуција, има и такви кои немаат средства ниту за едното ниту за другото.Цената на огревно дрво во НП „Галичица“ се движи околу 2 300 денари по метар кубен за бука, додека пак за даб е 100 денари повеќе. Од паркот велат дека располагаат со ограничени количини...

Continue reading

Две сообрааќајни несреќи во едно деноноќие

Post Views: 2 Во Фатална сообраќајка кај Враништа загина Марица Ѓоргеска, а во сообраќајна несреќа во Охрид, едно лице се здоби со тешки  телесни повреди. Ова е билансот на СВР Охрид за днешниот ден, среда 7 ми октомври.Утрово во 10 часот и 50 минути, на пресекот на Булеварот ,,Туристичка,, и улицата ,,Даме Груев,, се случи сообраќајна незгода, во која учествувале патничко моторно возило марка ,,Шевролет-Авео,, со Охридски регистарски таблици и пешакот Д.Д. роден 1943 година од Охрид. Незгодата е случена во моментот кога пешакот го преминувал булеварот ,,Туристичка,, при што на него...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top