Ознака: долг

Георгиески: Уривањето дивоградби ќе биде долг и болен процес

Post Views: 0 Помина рокот од  20 дена, што  градоначалникот Константин Георгиески им го даде на сопствениците на дивоградби во Охрид. Во петок на седница со ребалансот на буџетот дополнително ќе се издвојат  пари  за уривање на дивоградби. Оние кои не ги отстранија објектите , а веќе  добија решение,  ќе им ги отстранува општината, но на нивни трошок.Ќе се уриваат  единствено  оние обејкти кои имаат правосилни решенија за отстранување. „Ние имаме седница на советот во петок на дневен ред има ребалнс на буџетот и со ребалансот се предвидени дополнителни 2 милиони денари за отстранување...

Continue reading

Алексијоски: ПОранешното раководство на МЗ Д.Лакочереј 3 мил денари од граѓаните не ги уплатило на ЕВН за долг

Post Views: 0 Точно е дека во последните две недели поголеми периоди од денот немаше доволно количество на вода и периоди во кои воопшто немаше вода во Долно Лакочереј. Тоа е резултат на користењето на водата за наводнување и големиот број диви приклучоци пред броилата, кажа денеска на прес конференција директорот на МЈП Проаква Владимир Алексијоски. Екипите на јавното претпријатие од вчера овозможиле покрај со резервоарска вода селото да биде снабдувано и со дополнителни количини  вода од бушотина која се наоѓа во Градинар. Тоа треба да го стабилизира снабдувањето со вода за пиење...

Continue reading

struja

ЕВН ги исклучи од струја и струшките основни училишта

Post Views: 20 ЕВН почна да исклучува и во Струга. Наставниот процес во сите основни училишта се одвива во студени и недоволно осветлени училници, а часовите траат до 15 минути. Проблемот датира од пред неколку години информираше в.д директорот на ОУ „Јосип Броз Тито“, Тони Савески. Наследениот долг по однос на неплатени сметки за електрична енергија на училиштето изнесувал околу еден милион денари. „Проблемот ескалираше вчера во пладневните часови околу 12 часот бевме исклучени. Од моите сознанија разговарано е и се очекува можеби во текот на денешниот ден проблемот да се реши“ –...

Continue reading

„Нашата животна средина наш генерациски долг“

Post Views: 1 Во рамки на активностите посветени на 5ти Јуни 2019, светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во рамки на хуманата димензија и хуманите вредности во заштитата на животната средина, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“. На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност. Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во...

Continue reading

logo

Граѓаните и понатаму најголеми должници кај извршителите

Post Views: 5 Според податоците на Комората на извршители, долговите на 85.538 граѓани во деветте месеци од годинава дошле пред извршителите. Од нив, извршителите наплатиле вкупно 21 милион евра. Извршителите наплаќале и долгови од држаните органи институции и претпријатија. Од вкупно 3.505 нив до септември годсинава наплатени се 9,2 милиони евра. Најголем должник е ЈП „Македонија пат“ која должи на фирми. Заклучно со септември 17.559 фирми поради долговите биле дадени на извршител. Од нив се наплатени околу 43 милиони евра долг.Од вкупниот износ на наплата, најмногу средства по региони...

Continue reading

danok

Стотици милиони евра долг кон државата по основ неплатен данок

Post Views: 0 Вкупно 4.239 фирми и граѓани од крајот на август до крајот на ноември не платиле даноци, покажува Црната листа на даночни должници објавена од Управата за јавни приходи. Тие на државата и должат 272 милиони евра, пишува „Инфо +“ порталот. На последната листа која е објавена деновиве додадени се нови 677 фирми неплаќачи на даноци и 75 граѓани чиј долг е околу 13 милиони евра. Маѓу 20 најголеми должници се јавни претријатија. ЈП „Македонија пат“ должи 5,7 милиони евра (352,879,803 денари) за неплатен ДДВ и данок од добивка, ЈП „Македонски шуми“ кое се води како неплаќач...

Continue reading

ЈП „Охридски Комуналец“: 27 милиони денари во нови возила, покриен долг од 7 милиони денари

Post Views: 1 По неодамнешниот снимен јавен настап на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Охрид во кое беа изнесени низа неточни реченици и со ништо непоткрепени обвинувања должни сме јавноста да ја запознаеме со фактите околу работењето и инвестициите на ЈП Охридски Комуналец. ЈП Охридски Комуналец во минатата година оствари инвестиции во висина од 9 милиони денари од сопствени средства инвестирани во опрема. Инвестирани се 27 милиони денари во нови возила, а средствата за ова се обезбедни од Локалната самоуправа. Платени се над 7 милиони денари долгови по извршни решенија. И за крај, со...

Continue reading

ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица

Post Views: 4 Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де...

Continue reading

izvrshiteli

Како „дерат“ извршителите

Post Views: 1 Старите телевизори не се интересни за извршителите, зашто никој не им ги купува, но без размислување би земале пијано, персиски килими, уметнички слики, луксузен мебел, ама нив ги нема во домовите на должниците, стои во написот на МК News порталот. Телевизори, клима-уреди, машини за перење алишта и садови, микробранови печки, лустери, килими, троседи, двоседи, се најчестите предмети кои извршителите ги изнесуваат од домовите на граѓаните-должници. За наплата на долг може да се земат и бунди, вредни уметнички слики, златен накит, сребрен есцајг, мебел со антиквитетска...

Continue reading

Општина Охрид бара начини да се справи со затекнатиот долг

Post Views: 18 Долгот на општина Охрид е огромен финансиски товар за почеток на нови инвестициски зафати, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Локалната власт ќе бара начини како да функционира понатаму во комплицираната финансиска ситуација со долг од 22 милиони евра. Ќе мора да најдеме решение, да се погрижиме за брзо време да функционира успешна наплата во даноците на имот и порамнување. Ќе имплементираме еден софтвер за наплата на даноци кој ќе ни ја даде јасната слика за кого и на кој начин се наплатувале даноците во општина Охрид. Ќе биде неселективен и прецизен, изедначен со...

Continue reading

ucilishte Struga

Образовните институции во Струга пред колапс

Post Views: 0 Училиштата во Струга, се во лоша финансиска состојба и во голем долг. Образванието во Струга пред колапс. И покрај големиот долг со кој се соочуваат струшките образовни установи, средствата од буџетот на општината за нив се намалени. Овие податоци се според информациите со кои располага советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, кои на последната седница на Совет и јавно ги обелоденија. Одговорот кој Аврамоски го побара за некоја наредна седница на совет, го доби веднаш од градоначалникот на општината Рамиз Мерко. Мерко рече дека во основните училишта недостасувале средства...

Continue reading

logo

Премиерлигашките тимови со долг од над 3 милијарди фунти

Post Views: 3 И покрај доминацијата на англиските тимови на европската сцена во последните неколку години, нивните долгови сепак се трупаат, па така Daily Telegraph објавува дека вкупниот долг изнесува повеќе од три милијарди фунти. Повикувајќи се на истражувањата од компанијата Deloitte, англискиот весник кажува дека најзадолжен е тимот на рускиот тајкун Роман Абрамович, Челзи, кој е 711 милиони фунти во минус, додека Манчестер Јунајтед во сопственост на амриканското семејство Глејзер е во 649 милиони фунти долг. Останатите два тимови од англиската четворка се со исто така големи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top