Ознака: доаѓаат

kiril i Metodij

Одбележан денот на сесловенските просветители

Post Views: 10 Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии. Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат...

Continue reading

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Post Views: 12 Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив. „За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи,...

Continue reading

maticen kancelarija

Матичен лекар кога ќе ти притреба

Post Views: 14 Или двосменско работење или работење во различни смени со замената. Од сега вака би требало да функционира примарната здравствена заштита во градов, но и во земјава. На овој начин Фондот за здравство се обидува да обезбеди континуирана здравствена заштита за пациентите. Ова особено добро ќе им помогне на интернистите при Општата болница во Охрид кои велат дека имаат прекумерна работа, но и дека непотребно трошат скапоцени ресурси. Причина: Голем дел од пациентите кои доаѓаат кај нив всушност требало да отидат кај својот матичен. „Тоа ќе биде задача на Фондот да ги стави...

Continue reading

opsta bolnica

Се вжештува незадоволството кај пациентите

Post Views: 0 Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови. Единствено што се загрева е нетрпението на пациентите. Тие се жалат на ладните простории во Општата охридска  болница. Реагираат дека на некои одделенија нема доволно греење или тоа  е ограничено на неколку часа во текот на денот. Пациените кои се задржуваат на лекување не смеат да употребат грејни тела од своите домови. Така некои се принудени да се откажат од лекување во болнички услови и продолжуваат на домашно...

Continue reading

kamp dijabet

5-ти летен едукативен камп за децата со дијабетес

Post Views: 14 Започна петтиот летен едукативен камп за децата со дијабетес од целиот свет. Тие на овој камп ќе учат како да бидат посамостојни во животот, како да спортуваат безбедно и како полесно да се справуваат со оваа болест, без тоа да им го намалува квалитетот на нивното живеење. Овој летен камп веќе традиционално е организиран и е под покровителство на Лајонс Интернешенел или поточно Дистрикт 132 од Македонија, чие мото е „Ние служиме“. „Ние служиме на тие што им е потребно. Вечерва сме собрани за 30-40 деца кои се дојдени од повеќе земји. Ние ќе служиме наредните 10 дена,...

Continue reading

touch screen

Mерки за заштита на инфо пултовите

Post Views: 1 Завршени се сите постапки за поставување  на инфо пултови. Информациите кои ќе бидат поставени се бесплатни и ќе бидат од корисни и за туристичките субјекти во градот и за гостите, нагласува раководителот на Тлер Гоце Симоноски. Тоа е планирана активност на Локалната самоуправа  за помош на сите заинтересирани во туризмот. Симоноски додава дека со ова ќе се надмине досегашната грда слика на „чекачи“ на туристи, а посетителите на современ начин ќе доаѓаат до информации. За заштита на инфо пултовите од нашиот добро познат вандализам се преземени неколку  мерки. „Дополнително...

Continue reading

Plakati

Ќе се вратат филмските плакати низ градов

Post Views: 0 Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив. Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската...

Continue reading

nagradena slika

Молитва за радоста

Post Views: 0 Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top