Ознака: директори

kompjuteri

Две недели нема интернет во охридските школи

Post Views: 9 Две недели охридските основни и средни школи се без училишен интернет. Менаџерските тимови и наставниците се снаоѓаат според можностите.   Директоркатa на ОУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска за настанатиот проблем објаснува дека без интернет конекција,  кој го користат од фиксната телефонија, е само едната училишна згрaда каде што се одвива предметна настава, но се снаоѓаат за наставниот процес да тече нормално. „ За електронскиот дневник не е проблем. Овде во училиштето имa интернет преку T-home интeрнетот  е добар.Нема само во предметната настава.   Електронскиот дневник...

Continue reading

sostanok direktori skoli

Активот на директори на училишта дискутираше за проблемите и предизвиците на образовните установи

Post Views: 5 Во вторник започнува второто полугодие и редовното одвивање на наставата во основните и средните училишта од градов. Денес активот на директори од училиштата остварија работна средба со секретарот на локалната самоуправа, Димитар Спасески, на која беа предочени моменталните услови за работа во сите образовни институции и беше дискутирано околу предизвиците во нивното работење. Претседателот на активот на директори на основни и средни училишта, Јордан Пуроски, вели дека е задоволен од ситуацијата во охридските училишта. „На ниво на град имаме многу добра комуникација...

Continue reading

Ohrid

Извештаите за работа на ЈП и училиштата во градов, камен на сопнување

Post Views: 7 Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа. ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и...

Continue reading

svr ohrid

Кривични пријави за поранешни в.д директори на ЈП „Градски гробишта“

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(59) и К.П., в.д. директори на ЈП Градски гробишта-Охрид, за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП Градски гробишта, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието,...

Continue reading

професори

За време на екстерното охридските директори на службен пат

Post Views: 6 Од ОО на СДСМ упатуваат критики кон директорите на охридските училишта. За време на спроведување на екстерното тестирање  во училиштата првите раководни луѓе  заминаа на службен пат во Турција, обвинува портпаролот на ОО СДСМ , Александар Кузески. Охридските социјалдемократи прашуваат дали овој владин проект и не е толку приоритетен  за охридските директори и училишта.Иако сите разборити луѓе во државата знаат дека единствена цел на фантомскиот проект екстерно тестирање е да се дисциплинираат наставниците и  дополнително да се внесе конфузија во образовниот систем во...

Continue reading

gimnazija

Градоначалникот назначи нов в.д директор на охридската гимназија

Post Views: 19 Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија. „Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста излегоа...

Continue reading

biljanini

Конкурс за раководни лица во Охрид

Post Views: 1 Во понеделник ќе биде објавен конкурс за поставување на директори на ЈП во градов. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека документацијата е подготвена. Со сите  ЈП во градов во моментов управуваат в.д директори. Во охридската јавност деновиве најактуелна беше состојбата во ЈП „Билјанини Извори“, каде вработените по оставката на Иван Цветкоски барале во најкус рок поставување на директор. Градоначалникот  со став. „Оставката ја имам разгледано и не се имам произнсесно по оставката. Значи се додека не донесам решение за разрешување сеуште таму директор е постоечкиот...

Continue reading

uciliste

По се изгледа образовните институции во градов ќе добијат нови директори

Post Views: 5 Образовните институции  меѓу првите на тапет во кадровските промени по промената на локалната власт. Дали наскоро осумте основни, трите средни училишта и детската градинка ќе добијат нови директори? ТВМ дознава дека директорите на сите основни и средни училишта од градов денес одржале состанок со секретарот на општината. На состанокот им било кажано до утре да си поднесат писмени оставки. За секој од директорите биле издвоени по пет минути и им било сугерирано да си поднесат писмена оставка, а на прашањето од некои од директорите што ако не го сторат тоа им било кажано...

Continue reading

festival

Фестивал на француски филм ќе има

Post Views: 5 Фестивалот на француски филм годинава ќе го одбележи својот мал јубилеј. Се е подготвено за петтото издание на овој фестивал наменет за љубителите на седмата уметност. Иако во јавноста се проширија гласини дека оваа година ќе останеме пократки за едно вакво културно доживување поради немањето пари, фестивалот сепак ќе се одржи. Зоран Велјаноски Летра, член на бордот на директори на ФФФ вели дека нема место за вакви гласини бидејќи финансиската конструкција за овој фестивал е направена уште минатата година кога Министерството за култура издвоило пари од буџетот токму...

Continue reading

hristo uzunov

Новите директори се навистина нови

Post Views: 2  Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“  дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие...

Continue reading

ucilnica

Локалната ги крие кандидатите за директори во училиштата

Post Views: 0 Пропаднаа во вода шпекулациите дека во Охридските основни училиште на директорската фотеља ќе седнат староновите директори.  „Во Општинското Основно Училиште, Григор Прличев конкурсот е завршен, постапката е во тек и согласно законот и комисиската расправа, како и одлуката на училишниот одбор, градоначалникот ќе треба да се произнесе деновиве, по предлогот од Училишниот одбор“, вели претставникот од секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумовски. „ Мислам дека ќе го почитуваме законот и во двете ОУ ќе бидат избрани за директори други лица.Неможе...

Continue reading

direktor

Градоначалникот денес назначи двајца директори

Post Views: 0 Градоначалникот Александар Петрески денес назначи двајца директори. Едниот е в.д. ,а другиот, пак од в.д стана директор. Тоа се Перо Георгиески новиот в.д. директор во Основното училиште „Григор Прличев“ и Сашо Алче, сега директор на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Ставрески поднесе оставка на директорската позиција во училиштето „Григор Прличев“ со кое менаџираше во два манадати. До објавата на конкурс оваа должност ќе ја обавува Перо Георгиески. Сашо Алче, пак ќе биде на челната позиција на охридското комунално претпријатие во наредните 4 години, после 2 и пол...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top