Ознака: детски

gradinka

Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата

Post Views: 2 Предшколската установа „Јасна Ристеска“ подготвено ќе ја дочека зимата и ниските температури кои се очекуваат. Градинката навреме набавила нафта , во три објекти сменета е дограмата се со цел да има поефикасно греење, а во „Росица“ по пат на донација добиле две печки со пелети така што проблемот со греењето и во овој објект е решен. Во моментов се врши и ремонт на парните котли, па директорката на оваа установа, Роза Костоска вели дека нема причина за никаква загриженост кај родителите. Се додека служат временските услови објектите на градинката ќе се загреваат со клима...

Continue reading

logo

Хуманоста на дело

Post Views: 7 По осми пат Охридскиот Црвен крст организира крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Акцијата ќе се спроведе утре од 09:00 до 16:00 часот во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ и охридското одделение на Институтот за трансфузиологија. –Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден дестки живот“ што ја споревдува охридската медиумска заедница, а во која Црвениот крст се приклучи активно од самиот почеток. И утре на пунктовите пред обложувалницата „Спорт лајф“ ќе бидат поставени наши волонтери...

Continue reading

baner

„Заедно за еден детски живот“

Post Views: 0 Утре, од 12:00 до 17:00ч, да бидеме на градскиот плоштад и сите заедно да ја покажеме нашата хуманост. Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  11 годишно момче од Охрид на кого му е потребна итна операција во Пекинг, а која чини 35 000  евра. Својата хуманост можете да ја покажете и со донирање на 100 ден.+ддв, на следниве телефонски броеви:ONE 075/143-113VIP 077/143-115 Финансиски средства можете да уплатите и на следнава ж.с-ка:530-5000176152-54депонент: Охридска банка Во понеделник, со почеток во 20ч. во Центарот за култура „Григор Прличев“ со купената...

Continue reading

рибарче

Одекнаа звуците од детскиот фестивал „Распеано Рибарче“

Post Views: 8 Се одржува 17 -тото издание на детскиот фестивал Распеано рибарче. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ е раздвижено и распеано. Децата од основните и приградските училишта уживаат во тактот на веселите детски песнички на најразлични теми. Коле Петкуќески директор на најстариот, градски детски фестивал вели дека ова е празник за децата на кој ќе се изведат 19 песни.   „Фестивалот започна од 1998 година и е 17 години најквалитетен,  детски музички производ во Охрид и пошироко. На сцената како интерпретатори, балетски групи и хор има околу 100-тина  деца...

Continue reading

tocokovi

Се одржа општинското натпреварување во Детски семафор

Post Views: 6 Традиционално и годинава во Охрид се одржа општинскиот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор.“ Оваа манифестација се одвива во два дела, теоретски, проверка на познавањето на сообраќајните знаци, правилата и прописите преку тестирање и практичен дел односно вешто возење со велосипед на уреден полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“. Цане Георгиески претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид, ја истакна важност од организирањето на една ваква манифестација. „Секоја нова генерација мораме да ја подготвуваме...

Continue reading

Праќаат сок на месечината

Post Views: 2 Мал чекор за лименката но голем за производителот на сокови. Вака потезот, на јапонскиот производител на пијалоци, го опишуваат на интернет страницата io9.com. Компанијата Otsuka, имено, планира да прати лименка од својот пијалок на Месечината. Ако се се одвива според планот, тоа ќе биде прво праќање на некаков предмет во маркетиншки цели. Otsuka на месечината ќе прати сад тежок 1 килограм, исполнет со напиток во прав и детски сништа. Дел од пратката ќе биде “капсула на сништата” на која на површината од титаниум ќе бидат изгравирани детски сништа. Превозот на оваа пратка...

Continue reading

semafor

Детскиот семафор со помалку учесници, но со одлични резултати

Post Views: 4 Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар. „Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар...

Continue reading

деца

Од октомври „Детски час за приказни“на англиски јазик

Post Views: 5 Децата  на возраст од  4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат  „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи. „Ние  преку  читање на приказни, кој  ги имаме во изобилство од англиска литература,  ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го слушаат...

Continue reading

врте

Бесни деца искршени реквизити

Post Views: 10 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...

Continue reading

igraliste

Во тек е изградбата на детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 8 Децата од населбата „Гоце Делчев“, конечно ќе го добијат своето катче за спорт и игра. Генерации од нив израснаа играјќи на улица, секојденвно стравувајќи од автомобилите. Велат, дека не можат да дочекаат да го добијат својот долгоочекуван спортски терен. Советникот за улици, Зоран Шикалески објаснува дека овој нивен зафат се гради според постоечкиот Урбнистички план, донесен уште во 1991 година и согласно програмата донесена од страна на Советот на општина Охрид. „На тој дел ќе се изградат две игралишта, едно детско игралиште, со детски реквизити, нишалки, лизгалки...

Continue reading

gradinka

„Збогум градинке моја, среќно првачиња“

Post Views: 22 Сите ние до крај на животот се сеќаваме барем на еден од нашите другари од градинка. Денес дечињата од охридските градинки, ја завршија оваа учебна година. Подготвени догодина да,седнат во училишните клупи, и да станат првачиња, се пофалија за она што го научиле од професионалниот тим воспитувачи во охридските градинки. Градинката е средина во која се формираат здрави детски личности, со примена на современи воспитно образовни средства и под будното око на професионален тим воспитувачи, опремени со кодекс на однесување на највисоко ниво, кажа директорката на ЈОУДГ...

Continue reading

ucenici

Мајски концерт

Post Views: 2 „Деца за деца“. Вака е насловен мајскиот детски концерт кој ќе се одржи утре во просториите на О.У. Св. „Климент Охридски“, во 17 часот. Од училиштето велат дека утрешниот концерт ќе биде рај за очи за сите присутни, на кои вратите на училиштето им се ширум отворени. Проф. Валентина Кузманоска вели дека ќе има богата културно уметничка програма во соработка со КУД „Ѓердан“, како и настап на рибарчињата, ученици од школото кои настапија на детскиот фестивал „Распеано рибарче“. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top