Ознака: дестинација

„Струга-Твојата туристичка дестинација”

Post Views: 29 Општина Струга во рамките на апликацијата „Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Струга-Твојата туристичка дестинација”. Целта на планот е навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура, поточно, реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни...

Continue reading

Angola

Ангола, неоткриена дестинација за македонскиот бизнис

Post Views: 9 Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи презентација на Ангола како можна нова бизнис дестинација.На презентацијата насловена како „Ангола – неоткриена дестинација за македонскиот бизнис“, бизнисмените ќе имаат можност да се запознаат со анголското стопанство и со можностите за соработка. Промотивниот ден на Ангола, освен во функција на претставување на економските и инвестициските потенцијали, ќе има за цел и подетално да информира за законските, финансиските и административните регулативи за водење бизнис, сервиси и услуги за поддршка на бизнисот.Компаниите...

Continue reading

ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ВО ИТАЛИЈА

Post Views: 1 Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини. Оваа кампања за италијанскиот пазар ќе продолжи и во наредниот период. Се очекува бројот на гости од Италија, да биде значително зголемен поради промоциите и редовната авио линија Милано – Охрид.

Continue reading

turisti

Балканските земји, привлечна дестинација за туристите од Далечниот Исток и Индија

Post Views: 0 Кружни тури за туристи од Далечниот Исток наскоро се очекуваат и на македонскиот туристички пазар. Според Емил Димитровски, член на Управниот одбор на Стопанската комора за туризам, во наредниот период, европските дестинации ќе бидат повеќе барани, за разлика од дестинациите на Блискиот Исток. Тој смета дека во 2016та пред се ќе има интерес за турите на Јадранско и Егејско Море, Грција, Италија и Шпанија. Што се однесува до Балканот, Димитровски вели дека се поактуелни ќе стануваат кружните тури за туристите од Далечниот Исток, Јапонија, Кореа и Индија, за кои тој очекува...

Continue reading

Дебрца, нова дестинација за зимски туристички авантури

Post Views: 4 Започнува реализација на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“, кој во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се финансира со средства од Европската унија. Носител на проектот е Црвениот Крст на Македонија, Општинска организација Охрид, а партнери се општина Дебрца и Алпинистичкиот клуб „Патагонија” од Охрид од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Градот Грамш, регион Елбасан, Албанија, брои околу 9000 жители и е центар на истоимената општина, со околу 36.000 жители. За таа цел се оствари...

Continue reading

Скандинавци и Англичани го откриваат Охрид како привлечна туристичка дестинација

Post Views: 6 Сместувачките капацитети во Охрид и крајбржјето стануваат се попривлечни за квалитетни гости со подлабок џеб. Во се поголем број Скандинавци и Англичани го откриваат Охрид како привлечна туристичка дестинација. Доаѓаат квалитетни гости кои бараат и квалитетни услуги, а ги добиваат кај нас за релативно пониски цени во однос на околните дестинации, вели Будимир Соколовиќ сопственик на Вила и Винарија Мал Св. Климент. „ Изненадуваат скандинавците за нив сме тотално непозната дестинација. Исто така и за гостите до Англија. Најголем дел од нив за прв пат слушнале за оваа...

Continue reading

Георгиески денес го најави концептот 365 дена ДЕСТИНАЦИЈА

Post Views: 4 Нашата визија за Охрид е 365 ДЕНА ДЕСТИНАЦИЈА, 365 дена можности за сите, порача на денешната прес конференција Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Овој развоен концепт со огромен потенцијал, за охриѓани ќе значи поттик на економската активност од најмалите до најголемите бизниси, а за гостите задоволство од содржините што им стојат на располагање 365 дена во годината, кажа Георгиески. Создавањето на вакви можности несомнено ќе донесе развој, поттикнување на постојната и креирање на нова понуда, развој...

Continue reading

Kire Lazarov

Следна дестинација на Лазаров, Барселона Интерспорт

Post Views: 4 Екипата на Барселона Интерспорт е следната дестинација во кариерата на Кире Лазаров. Тоа денеска го тврди познатиот шпански дневен весник El Mundo Deportivo, според кој нашиот најдобар ракометар поради финансиските проблеми си заминува од Атлетико Мадрид и се сели во редовите на нивниот ривал. Истиот медиум тврди дека наскоро треба да се очекува и официјална потврда на трансферот на 33-годишниот капитен на македонската репрезентација во редовите на Барса. „Пред неколку месеци клубот се сретна со мојот менаџер на кого му беше објаснето дека поради неповолната финансиска...

Continue reading

Презентирана дел од опремата за безбедност на вода од проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“

Post Views: 6 Во рамки на проектот „Регионот Охридското езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ кој е финансиран од Европската Унија, ИПА 2 програма за прекугранична соработка, а го спроведува Црвен крст Охрид, викендов во Поградец Албанија, беше презентирана дел од опремата за безбедност на вода. Во присуство на Евроамбасадорот во Албанија Г-дин luigi Soreca, претставници на Владата на Р.Албанија, Градоначалникот на Поградец, претставници на Федерацијата за спасување на вода од Албанија, претставници на Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој...

Continue reading

Амбициите на Дебрца општината да стане туристичка дестинација

Post Views: 1 Општина Дебрца во туристички цели ќе ги искористи културните, археолошките и природни вредности со кои е опкружена. Ова се идните планови и намери на општината која започна со првични археолошки истражувања на значајни локалитети. Како позначајни се споменуваат Требенишкото кале, кулите во Песочан и Годивје, како и локалитетот Градиште во Слатино. Тие се дел од проектот кој се релаира годинава ,а е насловен како „Дебрца археолошка топографија на стари градови и тврдини“. На бројни локалитети низ Дебрца работеа истражувачки археолошки тимови предводени од проф. д-р Виктор...

Continue reading

Охрид има услови да стане спортска триатлон дестинација

Post Views: 0 260 натпреварувачи од 20 земји ќе учествуваат на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кои ќе се одржат на 15 и 16 септември во Охрид. Организацијата на еден ваков голем европски спортски настан е на Триатлтон федерацијата на Македонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ Охрид. „Самиот настан бара големи организациски активности. Започнавме многу поодамна, сега финишираме. Натпреварот ќе се одржува на популарната плажа Бафало. Делот со велосипеди се обавува на патниот правец Св Наум до кружниот тек кај Инекс Горица. Натпреварувачите...

Continue reading

За Охрид како туристичка дестинација се поголем е интересот и кај соседите во Албанија

Post Views: 6 Охрид и регионот се поинтересни за туристите од соседна Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид како нова дестинација во нивните аранжмани , покажаа последните средби на меѓународниот туристички саем што се одржа во Тирана, информира Илкер Мустафа од Тлер. „ Охрид е дестинација која се бара и ќе се бара на албанскиот пазар. Од остварените средби интересот е голем. Се бара нова труистичак понуда и аранжамни и во иднина ќе има гоелм инетерс на тој пазар за Охрид“, вели Мустафа.     На меѓународниот саем што се одржа од 6...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top