Ознака: денеска

glasanje

Власта ја разгледува можноста за предвремени избори

Post Views: 1 ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на Извршниот комитет, по која треба да го изнесе конечниот став во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори. Синоќа премиерот Никола Груевски ги собра коалициските партнери заедно да ја разгледаат можноста за распишување на предвремени избори. „Вечерва се одржа состанок на претседателите и претставниците на партиите во коалицијата „За подобра Македонија“, при што беа разгледани актуелните барања на СДСМ“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. „Беа направени анализи од повеќе аспекти, беа разгледани позициите на сите и...

Continue reading

benzin

Од денеска поскапи нафтените деривати

Post Views: 2 Бензините од денеска се поскапи за 1,5 до два денарa, а цената на дизел горивата се зголемува за денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 72,50 денари за литар, а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 59,5 денари. Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од комисијата ги истакнуваат повисоката просечна цена на суровата нафта во изминатите 14 дена и повисокиот курс на доларот во однос на денарот. {loadposition content9}

Continue reading

sonk

Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Post Views: 7 Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски. „Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски. Неделков побарал оставка од Речкоски...

Continue reading

Почнува електронското пријавување за стипендии

Post Views: 5 Студентите кои се заинтересирани за стипендии од денеска до 12 декември ќе може да аплицираат за академската 2010/2011 година со пополнување на електронска пријава. Студентите по аплицирањето на интернет, од 16-ти до 29 декември во Министерството за образование и наука треба да ги достават сите потребни документи наведени во Конкурсот, заедно со идентификацискиот број за успешно пополнета електронска пријава. Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 25 јануари 2011 година на интернет-страницата http://mon.gov.mk. Министерството за образование и наука од...

Continue reading

zimska oprema

Од денеска задолжително е носење зимска опрема во возилата

Post Views: 8 Денеска започнува примената на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во моторните возила. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека, согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачите мора да имаат зимска опрема во возилата се` до петнаесетти март идната година. „Согласно пропишаните норми, униформираните полициски службеници ќе наредат на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, согласно законските одредби униформираните...

Continue reading

mob.

Македонија доби прв виртуелен мобилен оператор

Post Views: 2 Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор. Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани. За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички. Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори....

Continue reading

Miladinovci

Иницијатива за пронаоѓање на посмртните останки на Миладиновци

Post Views: 6 Друштвото на писателите на Македонија со иницијатива за пронаоѓање и враќање на коските на браќата Миладиновци во Македонија. „За оваа иницијатива македонските писатели ќе ги извести домашните фактори, а од властите во Република Турција ќе побара помош за достапност на архивите и истражување на целокупната документација за Димитрија и Константин Миладинови кои под неразјаснети околности го завршија својот живот во Цариград во 1862. година“, соопштуваат од македонската писателска асоцијација. Денеска ќе му биде оддадена почит на големиот македонски преродбеник од 19....

Continue reading

alkohol

Од денес продажба на алкохол до 19 часот

Post Views: 1 Алкохолните пијалоци од денеска повторно во продажните објекти се продаваат од 6 до 19 часот, наместо до 21 часот.Според законските одредби, продолженото време на продажба важи од мај до крајот на септември. За оние кои нема да го почитуваат законското решение предвидени се санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра. {loadposition content9}

Continue reading

ivanov

Иванов – Насилството нема да се толерира

Post Views: 2 Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство. „Гледаме...

Continue reading

esen

Пристигна есента

Post Views: 4 Во пет часот и девет минути утрово започна есента на северната полутопка на Земјата. Ќе трае 89 дена, 20 часа и 29 минути. Истовремено на јужната хемисфера денеска започна пролетта. Есента на северната полутопка ќе заврши на 22 декември, кога почнува зимата. {loadposition content9}

Continue reading

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам

Post Views: 4 Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост. Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад. На првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите. Светиот...

Continue reading

skuter

Временското ограничување за скутерите стартува од денес

Post Views: 3   Временското ограничување на пловидбата на скутери во Охридското Езеро стапува на сила денеска. Во текот на денот, во периодот од 11 до 19 часот, скутерите нема да можат да сообраќаат по езерото зашто тогаш е најголема фрекфенцијата на капачи. Капетан Горан Устијаноски вели дека колку што е во нивна можност ќе дејствуваат едукативно и  превентивно, но апелира управувачите на пловилата строго да се придржуваат до законите прописи, а доколку не се почитуваат од страна на инспекторите ќе следува забрана за пловидба, дециден е првиот капетан во Капетанијата на пристаништа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top