Ознака: денеска

povredeni

Денеска ќе бидат погребани храбрите струмички браќа

Post Views: 5  На гробиштата во струмичкото планинско село Рич, денеска ќе бидат погребани телата на Блажо (50) и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои настрадаа во гаснењето на пожарот во понеделникот над Струмица. Општина Струмица денеска прогласи Ден на жалост за несреќно загинатите. – Сочувствуваме и ја делиме болката со семејствата на трагично загинатите наши сограѓани, кои и по цена на нивните животи се жртвуваа во гаснењето на огнената стихија. Во истовреме нашите молби се за заздравување на преостанатите тројца наши...

Continue reading

petkratno ubistvo

Откриени сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци!

Post Views: 5 Станува збор, како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за група од Скопје- следбеници на радикалниот ислам. Приведените војувале во Авганистан и Пакистан против НАТО војници. Од приведените, некои се директно инволвирани во убиствата, за што има и материјални докази, но има и лица за кои нема податоци. Најголем дел од нив се македонски државјани. При извршените претреси во 26 објекти во полициската акција „монструм“, пронајдено е поголемо количество оружје, а во тек е вештачење дали е користено во петкратното убиство. Според Јанкулоска...

Continue reading

Musa Dzaferi

Вицепремиерот Џафери во посета на Бугарија

Post Views: 2 Вицепремиерот задолжен за имплементацијата на Рамковниот договор, Муса Џафери денеска ќе престојува во посета на Бугарија. Џафери ќе има обраќање на конференцијата организирана од Атлантскиот клуб на Бугарија на тема: „Евро-атлантската ориентација на Косово“. За време на престојот во Софија, вицепремиерот Џафери ќе се сретне со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, со вицепремиерот и министер за финансии, Симеон Дианков, како и со министерот за надворешни работи, Николај Младенов.Џафери, исто така, ќе има средби и со директорот на Атлантскиот клуб на Бугарија,...

Continue reading

sl vesnik

Неважечките документи ќе се објавуваат електронски

Post Views: 8 ЈП Службен весник на Република Македонија денеска ќе ја презентира новата електронска објава за неважечки документи на свидетелства, индекси, уверенија, дипломи и легитимации. Во проектот „Интеграција со надворешните системи“, Службен весник досега овозможи електронска објава за неважечките документи поврзани со Министерството за внатрешни работи, лична карта, пасош, возачка и сообраќајна дозвола. Воедно ја реализира и т.н. виртуелна комуникација со нотарите и извршителите. {loadposition content9}  

Continue reading

Vartolomej

И вселенскиот патријарх заинтересиран за чудото во Св. Димитрија

Post Views: 0 За несекојдневниот феномен што се случува со фреските во скопската црква Св. Димитрија се заинтресирал и вселенскиот партијарх Вартоломеј кој денеска во Истанбул се сретна со претседателот Ѓорге Иванов. Иванов утрово во Цариградската патријаршија присуствуваше на литургија  за што ја предводеше Вартоломеј Тема на разговор биле и нерешените црковни проблеми. “Секоја посета на Истанбул ја користам за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, стекнавме едно лично пријателство и меѓусебна почит и затоа ме покани на денешната литургија и на молитва која се прави еднаш во...

Continue reading

freski

Чудото во скопско Св.Димитрија

Post Views: 0 Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија. Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците, постапно почнаа да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнаа да бледеат, а на површина излегуваше природната боја.Овој процес прво започна на фреската “Воведение на пресвета Богорoдица”, која што се наоѓа од десnата страна од влезот на црквата. Во текот...

Continue reading

venus

Венера го „бакна“ Сонцето

Post Views: 5 Голем број луѓе денеска го следеа спектаклот на небото – планетата Венера помина преку Сонцето. Оној кој ја промаши глетката, мора да сочека на следниот „транзит на Венера“ – по 105 години. Во раните утрински часови по средноевропско време (06.06) планетата Венера и Сонцето, набљудувани од Земјата, понудија ретка слика. Венера се провлече како мала темна точка пред светлечкото Сонце. Засенувањето траеше до околу седум часот, а најдолго, речиси седум часа, можеа да го следат жителите на источна Азија и Австралија. Но, притоа беше потребна претпазливост, при...

Continue reading

Денеска се слават светите маченици Козма и Дамјан

Post Views: 1 Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бесребреници. Едни од оние кои што се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува...

Continue reading

coffee

Кафулињата и рестораните со продолжено работно време

Post Views: 11 Угостителските објекти од денеска ќе работат еден час повеќе, односно наместо до 12 на полноќ до 1 часот по полноќ. Според Законот за угостителска дејност, сите угостителски објекти за исхрана вака ќе работат до 31 август, кога се скратува работното време за еден час. Државниот пазарен инспекторат најавува засилени контроли за почитување на работното време и на Законот за заштита од пушењето. {loadposition content9}

Continue reading

Prici princeza od Kent

Принцот од Кент во Македонија

Post Views: 1 Принцот Мајкл од Кент заедно со висока бизнис делегација од денеска престојува во петдневна посета на Македонија.Британската бизнис делегација во текот на работната посета на земјава ќе оствари повеќе средби со стопанственици околу можностите за воспоставување деловна соработка и нови британски инвестиции во Македонија. Попладнево во зградата на владата принцот Мајкл ќе оствари средба со премиерот Груевски, по што британската деловна делегација предводена од принцот Мајкл ќе учествува на бизнис форумот во владата на кој ќе присуствуваат премиерот како и членови на економскиот...

Continue reading

sajt

Промовиран сајтот „Стоп педофилија“

Post Views: 6 Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше веб-сајтот www.stop-pedofilija.org.mk, кој дава информации како да се препознае педофил, кој може да стане жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.Мотото на веб-сајтот е „Секој почеток е тежок. Скрши ја тишината. Побарај помош. Помогни им на другите“. Министерството спроведува и едукативни работилници во 126 основни и средни училишта, но ја избра и оваа форма за информирање на најмладите зашто се тие и најчести корисници на интернетот. – Примарна цел е подигнување на...

Continue reading

Struga

Јавно наддавање за градежни парцели во Струга

Post Views: 11 Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно надавање за отуѓување 18 парцели државно градежно неизградено земјиште на подрачјето на општина Струга, со намена за изградба на трговски комплески. За локацијата со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, Советот на општина Струга неодамна донесе Детален урбанистички план. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко очекува јавното надавање да заврши успешно, со оглед на големиот интерес за 18-те парцели  кои ќе бидат предмет на јавно наддавање. Според Мерко, на локациите кои се предмет на јавно надавање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top