Post Views: 4
Стариот дел на Охрид блеска со автентичните фенери од минатото. Фенерчињата се изработени од ковано железо, идентични како и старите фенери кои ги красеа и осветлуваа староградските куќи.
Post Views: 8
Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација...
Post Views: 7
Оваа програма ја спроведува Британскиот совет, а е финансирана од Владата на Велика Британија. На 21ви август следува обуката за наставници.
„Училишта на 21-от век“ е програма вредна 10 милиони фунти и ќе опфати 380 наставници во 63 училишта од во наредните неколку месеци. 2.000 микро бит уреди кои се користат за кодирање, ќе бидат донирани во основните училиштата во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Кочани и Скопје.
Овие микро бит уреди ќе им помогнат на младите луѓе да научат нови дигитални и програмерски вештини на забавен и интерактивен...
Post Views: 1
Македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк, Дуке Бојаџиев вечер со свој концерт пред фестивалската публика на годинешното „Охридско лето. Низ неговата интернационална кариера, Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов.
„Овој пат свирам со мојата стара постава со која настапувам овие години , Исмаил Лумановски на кларинет, тој доаѓа од Њу Јорк, Мартин Ѓаконовски Шпато од Келн и Костас Анастасијадис е од Солун. Тие ми се стар тим со кои работиме концерти веќе...
Post Views: 5
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот деновиве одржа презентација пред тур-операторите кои ќе бидат ко-егзибитори на саемот во Истанбул, Турција од 9-12.02. 2022 година.
АППТ ги информираше ко-егзибиторите за турскиот туристички пазар и последните движења, како и очекувањата од овој пазар, но и за значењето на турските туристи за туризмот.
Оваа година АППТ ќе го претстави туриситчкиот потенцијал во Истанбул заедно со 5 учесници (BademTour “Balkan Incoming”, Фибула травел, Генерал Турист, Dmcbalkans и RadikaMountainResort) на 40м2 штанд на кои во...
Post Views: 0
Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022.
Со промоцијата на монографијата НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“.
Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно...
Post Views: 2
На плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.
На настанот присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.
Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава,...
Post Views: 21
Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 л за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид.
Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“, „Кочо Рацин“, „Климентов Универзитет“ и „Браќа Миладиновци“.
Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Р.Е. „Механизација“ на ул. „АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи...
Post Views: 10
Традиционалната древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска, ќе се одржи и оваа година, во четврток на 7 мај, за благослов на градот Струга и на целата наша Татковина.
Меѓутоа, поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, овој пат Литијата...
Post Views: 5
Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.
Целта е полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите, текстот оди во прилог на времето кога објектите биле изградени, гледајќи го објектот и читајќи го текстот посетителите добиваат целосна приказна, што полесно останува во нивната меморија, информираат од локалната.
Таблите согласно Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управа...
Post Views: 26
Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе.
Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит откри дека животното пристигнало од Црвеното Море и сега брзо се шири преку Јадранот.
Бројот на јајца што ги положува е многу голем, а се мрести во текот на целата година – изјавил Дулчиќ во телевизиска емисија на ХРТ.
Тој додаде дека оваа риба била откриена минатата година на две места во Јадранското море – во близина...
Post Views: 3
Голем шумски пожар избувна денеска во регионот на Анталија, Турција, јавуваат турските медиуми.
Огнот избувнал во шумскиот предел во населбата Јеникој, а акцијата за гаснење се спроведува од воздух и од копно. Како што јавува агенцијата „Анадолија“ причината за пожарот сè уште не е позната, а поради опасност било евакуирано дел од населението во областа Калемлер.
Предизвикана е штета на неколку куќи, а настрадале и животни додека многу жители во паника се обиделе да избегаат од тоа подрачје.
„Дејли сабах“ јавува дека е евакуирано население и во Јеникој и Евренсеки, во...