Ознака: даде

bakteriji

Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Post Views: 12 Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите. „Но...

Continue reading

hotel

Поделени мислењата за индиската инвестиција во Љубаништа

Post Views: 3   Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу  тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој реагира...

Continue reading

Ramazan Bajram

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Post Views: 6 Верниците со исламска вероисповест го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означи крајот на едномесечниот пост. Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена, денеска е вториот ден од празникот. Ведат Хасан Сарачаглу пензиониран наставник кој сега живее во Истамбул – Турција се потсетува како некогаш се славел Рамазан Бајрам или Шеќер Бајрам во Охрид.  Раскажува дека кога биле деца родителите ги носеле од роднина до роднина, од пријател до пријател со цел да ги запознаат, а во денешно време родителите оделе сами, а децата...

Continue reading

den za borba protiv nasilstvo vrz sex rabotnici

17-ти Декември – Ден за борба против насилството врз сексуалните работници

Post Views: 2 Денешниот ден, 17-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. „Опција“ од Охрид која е невладина организација што работи на програми за поддршка на сексуални работници во Охрид и Струга, со низа активности и едукативни предавања се вклучи во одбележувањето на 17-ти Декември. Целта е да се даде поддршка во борбата за подигнување на јавната свест но и почитување на нивните основни човекови права и слободи.Од невладината организација потенцираат дека овој ден ги обединува сексуалните работници од целиот свет, заедно...

Continue reading

Lavrov i Gruevski

Рускиот гас од Јужен поток сепак ќе потече и низ Македонија

Post Views: 3 Македонија нема да биде тринаесетто прасе во проектот „Јужен поток“. Ваква потврда на премиерот Груевски му даде и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на неодамнешната посета во нашиот град. Соработката меѓу двете земји уште повеќе ќе се интензивирала посебно во делот на енергетиката и економијата. Интензивна соработка беше најавена на неодамнешната средба помеѓу премиерот Груевски и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. На средбата, најголемо внимание било посветено на економските прашања, со посебен акцент на темите од енергетиката....

Continue reading

Mitrevi

Сиромаштија до гола кожа

Post Views: 3 Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да...

Continue reading

sdsm

Охридската СДСМ дава знаци на живот

Post Views: 5 Најавите за предвремените парламентарни избори ги размрдаа партиските активисти на ОО на СДСМ Охрид. ТВМ дознава дека веќе се крои листата на кандидати за пратеници во  новиот состав на Собранието на Р. Македонија. Како единствено сигурен кандидат се споменува името на Митре Вељаноски, долгогодишен партиски приврзаник на СДСМ, кој на конгресот кој што се одржа на 07 јули 2009 година во Охрид влезе во тимот на високото партиско водство на лидерот Бранко Црвенкоски. На листата кандидати за пратеници по се изгледа во игра влегува и актуелниот директор на МЈП „Проаква“,...

Continue reading

velosipedist

Промовирана велосипедската патека „Лихнидос“

Post Views: 1 52-ца членови од осум велосипедски клубови од земјава, кои се занимаваат со планински велосипедизам,  ја промовираа велосипедската патека „Лихниодос“. Велосипедистите во неколку категории возеа низ калдрмисаните улички на Варош и Месокастро. Учесниците во трката истакнаа дека патеката е вистински предизвик за нив, напорна и опасна со угорнини и надолнини, која треба да се извози со максимална концентрација. Поддршка на оваа спортска манифестација, која оди во прилог на надополнување на туристичката понуда  и на охридскиот велосипедски клуб „Еко Дром“ даде и Локалната...

Continue reading

Opshtina Ohrid

Охрид на прагот од втората фаза на децентрализација

Post Views: 1 Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот. Долгоочекуваниот кредит кој треба да ја спаси општината од наследениот долг, доби зелено светло од советниците на Охрид. Една од причините поради која нашиот град сеуште не влегол во втората фаза од децентрализацијата е токму финансискиот долг спрема фирми во државна сопственост. Се работи за условен кредит...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

vmro-dpmne

Новинарите на испит во ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 8 Отворен и слободен начин на комуникација со медиумите. ОК на ВМРО – ДПМНЕ за реализација на своите активности ќе работи по европски терк. Денешната средба со новинарите беше пример за тоа. Раководната гарнитура на овој политички блок даде одврзани раце новинарите слободно да поставуваат прашања без разлика од која област произлегуваат, само да се во интерес на јавноста. Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид Илија Мојсоски рече дека целта е интерактивна дискусија меѓу челните луѓе на партијата и новинарите. Претседателот на партијата Атанаско Михаилов акцент даде на нашето...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top