Ознака: грк

ГРК Охрид во сабота ќе ја пречека екипата на Тинекс Пролет

Post Views: 0 „Гладијаторите“ ќе ја пречекаат екипата на „Тинекс Пролет“ на домашен терен оваа сабота, 12-ти февруари во рамките на 20-тото коло во Супер лигата. Натпреварот е со почеток од 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“. Влезот за сите љубители на спортот и ракометот е слободен.

Continue reading

ГРК Охрид утре го пречекува тимот на Радовиш

Post Views: 14 Серијата на полесни натпревари охридските Гладијатори ја продолжуваат против ракометниот клуб Радовиш, кој во досегашното првенство по 14 кола има забележано само една победа. Фаворитската улога е неспорна, анализира пивотменот Филип Грубор кој се навраќа на текот од првиот дуел на овие две екипи. Првиот натпревар кој го игравме на гости со Радовиш беше тежок во првото полувреме бидејќи имавме многу промашени зицери.Иако првото полувреме заврши во наша корист со 3 гола разлика, многу се намачивме. Во второто полувреме одигравме како што треба и победивме со 7 голови...

Continue reading

Почнуваат тест натпреварите за ГРК „Охрид“

Post Views: 4 Во сабота 30 јануари, во Скопје, против Голдент Арт КЛ7, охридскиот градски ракометен клуб ги започнува контролните натпревари во подготвителниот период. Натпреварите од плејофот стартуваат на почетокот на март. Се натпреваруваат осум екипи, ќе се играат по седум кола дома и во гости, или вкупно 14 кола. Победникот во плејофот е победник и шампион на првенството. РК Бутел Скопје ќе биде прв противник на ГРК Охрид.

Continue reading

ГРК Охрид заокружува одличен период

Post Views: 7 Ракометарите на Охрид, утре со почеток во 18 часот, на домашен терен играат против тимот на Вардар Јуниор. Ова е последен натпревар за оваа година. Охридските ракометари, со триумф против Вардар Јуниор ќе прокнижат 13та победа во низа и ќе го запечатат  пласманот во плејофот. Тренерот Раде Стојановиќ вели дека се подготвуваат како и за секој натпревар без потценување на противникот затоа што Вардар Јуниор знае да биде незгодна екипа како што беше на предходниот дуел во Скопје. Додава дека со овој натпревар ГРК Охрид заокружува еден одличен период. „Можам да кажам дека...

Continue reading

Утре езерско дерби ГРК Охрид – РК Струга

Post Views: 3 По тешкото гостување во Скопје и победата над Пролет охридските гладијатори покажаа дека можат да играат против сите екипи на било кој терен. Сега полни со самодоверба ги очекуваат куп пресметките. Првиот натпревар е утре против Струга, познатото езерско дерби во кое уште еднаш охриѓани очекуваат победа. „На ред е купот, езерско дерби за кое се подготвивме и нема да имаме проблем утре на натпреварот. Потоа на ред е Бутел и се надевам поминување во полуфиналето.“ -Филип Кривокапиќ Главна цел на  ГРК Охрид останува обезбедување место меѓу првите четири екипи. Во минатото...

Continue reading

На контролната средба ГРК Охрид подобар од Тиквеш

Post Views: 6 Охридските ракометари забележаа уште една победа  во рамки на контролните мечеви.На гостувањето во Кавадарци ја совладаа екипата на Тиквеш, со 25-23 (9-15). Токму Тиквеш ќе биде прв противник на „гладијаторите“ во новата суперлигашка сезона, што започнува на 8-ми септември.

Continue reading

Во сабота ГРК Охрид го игра одлучувачкиот натпревар за влез во плеј-офот

Post Views: 16 По тешката и неизвесна победа над Бутел охриѓани ги очекува ново ракометно дерби. Одморени, во позитивна атмосфера го очекуваат Пролет, дирекниот конкурент за 6-тото место во Суперлигата кое носи плеј-оф. Противникот е анализиран и клучно е да се запре брзиот проток на топка помеѓу бековите кој доста често завршува до пивотменот Аларов, најдобриот играч на Скопскиот тим. Да добро кажавте клучен натпревар за пласман во плејоф и е многу важен за нас. Се подготвуваме максимално и физички и психички. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на технички грешки. Се трудиме, работиме...

Continue reading

putin

За Путин Александар Македонски бил Грк

Post Views: 6 Рускиот премиер Владимир Путин смета дека Александар Македонски бил Грк. Тој тоа во завиена форма го кажал вчера на економскиот форум „Русија 2012“, одговарајќи на еден говор.„Во свое време, за да ги реши овие економски проблеми, Александар Македонски отиде да ја освои Персија. Сега Грција не може да освојува никого, но неа и ја одзеле моќта да ја девалвира националната валута, бидејќи таа нема национална валута, оневозможена е да пушта пари во оптек, ако нема свој центар за контрола на парите“. Поврзувајќи го освојувањето на Персија со состојбата на денешна Грција,...

Continue reading

Денис Тот го напушти ГРК Охрид

Post Views: 0 27 годишниот десен бек, по две сезони поминати во Охрид, одлучи да ја промени средината и потпиша договор на една сезона со РК Бутел од Скопје. – Добрите услови, амбициите на клубот беа пресудни да ја прифатам понудата на Бутел Скопје. Се надевам на успешна соработка и добри резултати. Следната сезона посакувам да се најдеме на врвот во македонската Супер лига. Прво да избориме плејоф, па потоа да се бориме и за место во Европа. Веќе сум две години во Македонија, брзо се навикнав и на Супер лигата, бидејќи според мене е најинтересна лига на Балканот – има многу силни...

Continue reading

ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер

Post Views: 0 Охридските ракометари вчера беа поразени од екипата на Еурофарм Пелистер, со 30-14 во 14-то коло од суперлигашјиот плејоф.Четири погодоци постигна Тот, Манасков и Иваноски по три, а по еден гол постигнаа Андоновски, Соколов, Младеновиќ и Шулески. Со ова се заокружени натпреварите во ракометната Супер лига за сезонава. Еурофарм Пелистер и покрај победата над Охрид остана на втората позиција, поради послабиот меѓусебен скор со Вардар во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула, по победата над Металург, а „гладијаторите“ завршија шести со 15 бодови.

Continue reading

Во Охридското Езеро се удави Никола Даниловски голман на ГРК Охрид и на македонската репрезентација

Post Views: 1 Трагедија го потресе Охрид.  Животот го загуби голманот на ГРК Охрид и македонски репрезентативец 26 годишниот Никола Даниловски. Безживотното тело на ракометарот е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а според СВР Охрид врз телото немало траги од насилство. Даниловски се водел за исчезнат од синоќа, а по него трагала полицијата цела ноќ до утрово кога неговото тело било пронајдено кај Лагадин. Поради трагичната смрт на Даниловски одложен е вечерашниот меч од Суперлигата меѓу ГРК Охрид и РК Струга. Даниловски во својата кариера бранеше за македонската репрезентација,...

Continue reading

ГРК Охрид со победа над Еурофарм Пелистер 2

Post Views: 0 Охридските ракометари на домашен терен го совладаа вториот тим на Еурофарм Пелистер со 24-21, во 12-то коло од плејофот.Голманите Брауновиќ и Даниловски беа на висина на задачата, а меѓу стрелците се истакнаа Мартин Манасков и Николче Ристески со по четири погодоци и Димитриески и Николов со по три. „Гладијаторите“ се шести на табелата со 12 бодови.Оваа сабота во салата „Тодор Александров“ ќе се одигра „езерското“ дерби со Струга.

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top