Денис Тот го напушти ГРК Охрид

Хрватскиот интернационалец Денис Тот го напушти ГРК Охрид. По две сезони во Охрид, тој одлучи да ја промени средината и потпиша договор со РК Бутел.

 |   | 

27 годишниот десен бек, по две сезони поминати во Охрид, одлучи да ја промени средината и потпиша договор на една сезона со РК Бутел од Скопје.

– Добрите услови, амбициите на клубот беа пресудни да ја прифатам понудата на Бутел Скопје. Се надевам на успешна соработка и добри резултати. Следната сезона посакувам да се најдеме на врвот во македонската Супер лига. Прво да избориме плејоф, па потоа да се бориме и за место во Европа. Веќе сум две години во Македонија, брзо се навикнав и на Супер лигата, бидејќи според мене е најинтересна лига на Балканот – има многу силни клубови, тешки натпревари и непредведливи резултати, вели Тот. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top