Ознака: грип

Огромен интересот за вакцинација против сезонски грип во Охрид

Post Views: 2 За само еден час од отварање на вакциналниот пункт кај центарот за јавно здравје во Охрид , повеќе од педесет граѓани ја примија вакцината против сеознски грип. Станува збор за комерцијалните вакцини, додека, бесплатната вакцинација веќе се спроведува преку моделот „Мој термин“. Од Центарот за јавно здравје велат дека досега за Охрид, Струга и Дебар да добијат добиени се 1000 дози вакцина против сезонски грип. 500 за Охрид, 300 за Струга и 200 за Дебар, информира дирeкторот на Центарот за јавно здравје Сашо Точков. Точков објаснува дека во пунктот во центарот, комерцијална...

Continue reading

logo

Новата закана за човештвото, повторно доаѓа од Кина

Post Views: 2 Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице инфицирано со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство на овој специјален административен кинески регион, Гао Јонгвен. Тој рече дека со вирусот е заразена 36-годишна Индонезијка, која работела како домашна помошничка во семејство во Хонг Конг. Се претпоставува дека таа се заразила на пазарот од соседниот град Шенжен во провинцијата Гуангдонг, во континетална Кина. Состојбата на женета е критична. Лекарите планираат да ја стават во карантин и да ги испитаат сите лица, кои имале контакт со...

Continue reading

Во Охрид од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 3 Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. Денеска вакцинација започнува во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци. Од утре во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; во четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека во петок во здравствените...

Continue reading

Птичјиот грип детектиран во струшко, не се пренесува на луѓе

Post Views: 6 Во струшкото село Мороишта било утврдено присуство на болеста Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина, потврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски. Вирусот е високо патоген кај живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето. Првиот случај бил забележан на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен. Веднаш во самото жариште била уништена целокупната живина, и била извршена комплетна дезинфекција, велат од Агенцијата за храна и...

Continue reading

Охридскиот Здравствен дом подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип

Post Views: 4 Охридскиот Здравствен дом Маларична подготвен за имунизација со бесплатните вакцини против сезонски грип. Обезбеден е посебен пункт и кадар за од понеделник да почне бесплатната имунизација. Годинава бесплатните вакцини ќе се даваат во здравствените домови во Охрид, Струга и Дебар за да се растерети охридскиот Центар за јавно здравје да не се ствараат гужви, информира д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом Охрид. Од Министерството за здравство е најавено дека ќе се набават 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип или двојно повеќе од лани за сите здравствени...

Continue reading

kokoski

Не демне најсмртоносниот вирус на птичји грип

Post Views: 0 Новиот вирус на птичји грип Х7Н9 значително полесно се пренесува од живината на луѓето отколку што беше случај со претходниот вирус од типот Х5Н1, кој беснееше пред десетина години, соопшти Светската здравствена организација. Научниците и натамуго набљудуваат вирусот Х7Н9 за да утврдат дали тој може да предизвика глобална пандемија, но нагласуваат дека досегашните истражувања покажуваат мала можност овој вирус да почне да се пренесува од човек на човек. Експертот на СЗО за грип др. Кеиџи Фукуда во Пекинг изјави дека луѓето можат да бидат полесно инфицирани од птиците...

Continue reading

kokoski

Расте бројот на жртвите од новиот птичји грип

Post Views: 4 САД ја следат будно состојбата со новиот вид на грип Н7N9 во Кина кој веќе зема пет жртви, изјави портпаролка на Белата куќа. Во Кина има 14 заразени со новиот тип на птичји грип, а четири од петте жртви починаа во Шангај. Здравствените организации во држави од светот се во состојба на зголемена будност, но засега нема информации дека тој нов вид се пренесува од човек на човек. – Тим за национална здравствена безбедност на Белата куќа ја следи ситуацијата, изјави портпаролката Кејтлилн Хејден. – Центарот за контрола на болести во САД се подготвени за помош на СЗО...

Continue reading

Во петок започнува вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 2 Првиот човек на Здравствен дом Виктор Исјановски потврди дека во петок започнува имунизацијата против сезонскиот грип. Граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk ќе добијат порака на својот мобилен каде и во колку часот да се вакцинираат. Во првата пратка на сеознски вакцини за грип ќе има 4.000 вакцини, а тие се наменети за медицински лица, хронично болни пациенти, за граѓани над 65 години и за деца под 5 години, велат здравствените власти. Досега се пријавиле 21 илјада граѓани за вакцина, потврдија од системот „Мој Термин“ за Канал 5. Пријавените од кои најзастапени...

Continue reading

scientist

САД повикаа научни списанија да не објавуваат детали за најсмртоносниот вирус на грип создаден во лабораторија

Post Views: 4 САД за прв пат во својата историја повикаа весници да цензурираат научна информација заради стравување дека од неа може да имаат корист терористи, пишуваат весниците „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“. Владин консултативен орган од научните списанија „Нејчр“ и „Сајанс“ побара да не објавуваат детали, односно биомедицински експерименти за вирус на грип, за наодите да не бидат искористени од терористи со предизвикување епидемии од смртоносни вируси. Барањето е упатено од Националниот научен консултативен орган за биосигурност на САД, што ги повикал двете научни списанија да ги...

Continue reading

scientist

Вирус кој може да убие пола планета!

Post Views: 1 Група научници направи вештачки грип кој може да убие половина цивилизација доколку „излезе“ од лабораторијата. Смртоносниот вирус е генетски модифицирана верзија на H5N1 птичјиот грип, но е многу позаразен и посмртоносен и лесно може да се пренесе на милион луѓе одеднаш. Рон Фушиер, лидер на истражувањето во лабораторија во медицинскиот центар Еразмо во Ротердам, признава дека новиот вид на вирус веројатно е еден од најопасните вируси кој може да се создаде во лабораторија. Тој смета дека објавувањето на резултатите од неговата студија е неопходно, за да можат властите...

Continue reading

vakcina

Доведена во прашање ефикасноста на вакцината против грип

Post Views: 1 Вакцината против грип дејствува само кај 59 отсто лица на возраст од 18 до 65 години. Ова се најновите резултатите од американското истражување објавено на веб сајтот на научното списание „Лансет“. Научниците дојдоа до тој заклучок по направените анализи на резултатите од околу 30 здравствени истражувања. – Потребни се нови вакцини со подобра клиничката ефикасност, со цел во голема мерка да се намали нивото на зарази и смртност предизвикани од грипот, заклучија авторите на истражувањата. {loadposition content9}

Continue reading

Пријавувањето за вакцинација против сезонскиот грип оваа година на vakcinacija.mk

Post Views: 0 Пријавувањето за вакцинација против сеознскиот грип оваа година ќе биде индивидуално преку порталот vakcinacija.mk а не со закажување термин преку матичните лекари. При пријавувањето треба да внесете ваши точни податоци и телефонски број, бидејки за терминот ке бидете известени преку смс порака на вашиот мобилен телефон, информираа утровo некои од матичните лекари. Пријавувањето веќе може да се спроведува на оваа веб страна на Министерството за здравство.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top