Ознака: градски

kukjarki plostad

Каква ќе е судбината на дрвените унифицирани куќарки, кои минатата година беа поставени околу лизгалиштето?

Post Views: 4 Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно  ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...

Continue reading

пазар

Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар

Post Views: 1 Пропадна и вториот тендер за изградба на градски пазар. Иако локалната самоуправа по неуспешниот прв тендер со амин од градските советници ја повтори постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за изградба на градски пазар со многу поприфатливи услови за инвеститорите и овај тендер пропадна. Очигледно никој не е заинтересиран да влезе во јавно приватно партнерство со општината. Се наметнува прашањето дали причина за тоа е финансиската состојба во која се наоѓа Општина Охрид или инвеститорите немат бенефит од изградбата на градскиот пазар....

Continue reading

logo

ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси

Post Views: 3 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република. Лицата кои се заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до утре, во административните простории на ова јавно препријатие. Исто така ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи, бижутерија, текстил од 1-ви јануари 2015 година, а сите заинтересираните правни и физички лица треба да поднесат барање за закуп најдоцна до 20-ти декември 2014 година. Правните лица потребно е да достават Решение...

Continue reading

postojki

Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо

Post Views: 3 Граѓаните и понатаму ќе чекаат градски превоз под ведро небо. Иако охриѓани со нескриено задоволство дочекаа да профункционира градскиот линиски превоз сеуште мака мачат со тоа што немаат каде да се засолнат кога врне, дува или пече сонце. Неофицијално дознаваме дека и четвртиот тендер кој го распиша Локалната за изнаоѓање најдобар понудувач за замена на старите автобуски постојки, пропадна. Не се пријавил ниту еден заинтересиран. Поставувањето на нови постојки општината оваа година не успеа да го реализира, па овој проект ќе го префрли во програмата за 2015та година. ...

Continue reading

znaminja

Извештаите од работењето на јавните претпријатија, повторно пред градските советници

Post Views: 2 На триесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид  седница на Советот на општина Охрид пред советниците ќе се најдат извештаите од работењето на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски пазар, Водовод, „Грaдски гробишта“ , „Нискоградба Охрид“ и „Билјанини Извори“. Ќе се носи одлука за измени во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот од 2014 до 2016, а ќе се носат и измени во програмите за ЛЕР, комунални услуги, јавна чистота, јавно осветлување, патишта и улици, паркови и зеленило, сообраќајна сигнализација, детска заштита,...

Continue reading

liniski prevoz

Утре стартува градскиот превоз во Охрид

Post Views: 4 АД „Галеб“ од утре стартува со две градски линии. Со тоа конечно ќе се регулира општинскиот линиски превоз во Охрид. По пауза од година и пол повторно се воспоставени двете автобуски линии, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните посебно од периферните делови на градот, кажа раководителот на патничкиот сообраќај во АД „Галеб“, Димитар Василески . „Населба „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември ќе се вози до пресек на бул „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до зградата Печијаре, ќе се вози по Туристичка до кружниот...

Continue reading

logo

„Две солзи“ спогодбено иселено од Градските гробишта

Post Views: 5 Приватното погребно претпријатие  „Две солзи’’кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“, претпладнево се исели од просториите. Претходно ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ и „Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ го покрена против ова претпријатие , и истото се исели од просториите, извршено е примопредавање на просториите , потпишан е адекватен записник променети се бравите на просториите. Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ќе мора да му ја измири...

Continue reading

pazar

Хигиенско техничките услови на градскиот пазар, лоши, надлежните сеуште молчат околу изградбата на нов пазар

Post Views: 16 Охриѓани се жалат на хигиената и организираноста на градскиот пазар. Велат дека производите кои се продаваат не се чуваат правилно, голем дел од пазарџиите зеленчукот и овошјето го оставаат преку ноќ на тезгите покриено само со некои најлонски кеси,а многу пати гајби со производи можат да се видат и до тезгите поставени буквално на земја. Од ЈП „Градски пазар“ објаснуваат дека уредувањето на пазарот е пропишано со посебен правилник според кој закупците се задолжени секојдневно наутро да ја изложуваат стоката, а навечер да ја прибираат. Додаваат дека продавачите на сопствен...

Continue reading

kavaeva

Ќе се уреди вечното почивалиште на Д-р Елена Kаваева

Post Views: 6 Охрид се одолжува на д-р Елена Каваева. Нејзиното вечно почивалиште доби старател, односно Локалната самоуправа на општина Охрид. Истовремено ЈП „Градски Гробишта“ со средства од нивниот буџет, веќе отпочна со средување на нејзиното гробно место, како што изјави првиот човек на ЈП Зоран Симоноски. „Ние пред неколку дена добивме барање за постапување од Локалната самоуправа односно од градоначалникот Бакрачески, по кое што барање ќе постапиме тоа барање е поткрепено со одлука за преземање на старатрелството на вечното почивалиште на Др Елена Каваева. Старателството врз...

Continue reading

gradski pazar

Директорот на Градски пазар комуницира со СМС и преписки

Post Views: 5 Од ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа  3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на нивните барања ...

Continue reading

pazar

ЈП Градски пазар испушта вработени на 70%

Post Views: 4 Дел од вработените во јавното претпријатие Градски пазар  пуштени на принуден одмор односно примаат 70% од платата. Во ова претпријатие работат околу 30 лица од кои 50% јавна администрација а 50% оперативци. Според информациите до кои дојде ТВМ најголем дел од вработените пуштени на принуден се оперативците односно чистачите, редарите на пазарот и паркингот.  За потврда на овие информации се обративме до  директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески. Два дена со директорот комуникацијата е сведена на смс пораки, во кои тој неизлегувањето пред јавноста со одговори...

Continue reading

aleja grobishta

Каква судбина ги чека гробните места во кои почиваат заслужни граѓани, а немаат старател?

Post Views: 8 Дали посмртните останки и гробовите на значајните лица кои придонеле за Охрид ќе завршат во заедничка гробница? Недостатокот на гробни места, и немањето средства за нивно одржување е причината поради која ЈП Градски гробишта, гробните места кои немаат старател ќе ги сместува во заедничка гробница. Ова прашање деновиве станува актуелно имајќи го предвид фактот дека Охрид, односно во рамките на градските гробишта не постои алеја на заслужни граѓани во која би можеле да се сместат посмртните останки на граѓани заслужни за Охрид. Засега непознато е каква ќе биде судбината...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top