Ознака: градот

trka na dedomrazovci

Британска трка на дедомразовци

Post Views: 5 На годинешната десетта по ред трка одржана во Ливерпул учествуваa околу 10.000 Дедо Мразовци, пренесува „Дејли Телеграф“. Тркачи облечени во костим на Дедо Мраз  вчера се собраа во центарот на градот каде истрчаа пет километри надевајќи се дека ќе го срушат рекордот кој го држи градот Лас Вегас по бројот на учесници во трката.Лас Вегас претходната година имал најголем  број тркачи во познатиот црвено-бел костим, кој надминуваше 10.000 учесници, а Ливерпул во претходните години победуваше неколку пати по ред. Ова е најголемата трка на Дедо Мразовци во Велика Британија,...

Continue reading

mapa

Силен земјотрес во Франција

Post Views: 4 Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Франција, соопшти Европскиот сезмолошки институт. Потресот е регистриран во 10 часот и 53 минути по локално време. Епицентарот бил на 10 километри од градот Ван во областа Бретања. Длабочината на подземните флуктуации изнесува пет километри. {loadposition content9}

Continue reading

preziveani

Серија торнада ја опустоши американската држава Илиноис

Post Views: 8 Најмалку шест лица загинаа при големото невреме, проследено со разурнувачки торнада, што зафати делови од американската сојузна држава Илиноис, јужно од метрополата Чикаго. Oд невремето најтешко е погодена областа околу градот Пеорија, каде неколку помали населби се нашле директно на удар на торнада.Точните податоци за загинатите, повредените и штетите се уште се собираат, но се претпоставува дека најтешкиот удар на невремето поминал. Покрај досега потврдените шестмина загинати, повредени се уште десетици лица во Илиноис и Индијана.Невремето проследено со силните ветрови,...

Continue reading

epicentar

Бројот на жртвите од земјотресот во Пакистан над 200 лица

Post Views: 1 Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција. Од потресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала најмногу настрада градот Аваран, а се појави нов остров во Арапско море. Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено. „Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни...

Continue reading

ajfelova kula

Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула

Post Views: 1 Ајфеловата кула, симболот на Париз и една од главните туристички атракции во градот е затворена поради штрајк на вработените. Синдикатот кој вклучува повеќе од 300 вработени кои работат во кулата, побараа зголемување на платите и подобрување на работните услови. По вчерашните неуспешни седумчасовни преговори меѓу синдикалците и работодавачите, Ајфеловата кула денеска е целосна затворена за посетители. Летната сезона за туристите започна на 15 јуни со ново работното време поради големиот прилив на посетители. Во текот на летото Кулата ја посетуваат околу 25.000 луѓе дневно...

Continue reading

Голема шлаканица за Реал Мадрид и Флорентино Перез

Post Views: 6 Голем шок му приреди врховниот суд на градот Мадрид на Реал Мадрид и неговиот претседател Перез со одлуката со која се стопира обновувањето и надоградбата на Сантијаго Бернабеу во вредност од 400 милиони евра, која на почетокот на годината помпезно ја најави Перез. Имено, судот одлучил да се стопира имплементацијата на новиот урбанистички план на градот Мадрид со кој беше предвидена реконструкција на стадионот на Реал. Причината е тоа што Реал се наоѓа под истрага на Европската комисија поради наводна илегална помош која ја давал на градските структури, односно извршена...

Continue reading

vltava

Прага, делумно поплавена

Post Views: 1 Подигнатите барикади и вреќите со песок заштитија делови од центарот на Прага од надојдената Влтава, но некои населби во градот и околината беа поплавени. Поплавите во централна Европа досега однесоа 8 човечки животи, а илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Во Прага и денеска 04.06.2013, е затворен Карлов Мост, метрото не сообраќа низ централното градско подрачје, а има проблеми во одвивањето на сообраќајот. Сепак, надлежните тврдат дека најлошото помина и дека сега реките се под контрола, а водостојот се намалува. {loadposition content9}

Continue reading

tornado

После САД, торнадата сеат пустош и во Русија

Post Views: 3 Во торнадо со помал интензитет што го погоди вчера градот Јефремов 300 километри јужно од Москва, повредени се 20 лица, меѓу кои три деца. За време на торнадото оштетени се 179 куќи, а ветерот кршел стакла, корнел кровови, уривал дрва и сообрајаќни знаци. Од силното торнадо оштетни се пет училишта, две градинки, девет административни згради и 18 продавници. На расчистувањето на теренот работат повеќе од 700 лица, а преупредувања за евакуација на населението нема. {loadposition content9}

Continue reading

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”

Post Views: 0 По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Советот на општина Охрид распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2021 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави...

Continue reading

Заразени со корона вирус има во еден охридски маркет и во една фабрика во градот

Post Views: 5 Во последниот биланс од  министерството за здравство синоќа, кога беа евидентирани рекордни  445 нови случаи на корона на дневна основа, во Охрид има 12  нови случаи. Сите лица кои биле во близок контакт со заразените  од денес се во изолација.  „Веднаш се анкетирани од страна на епидемиолог и според анкетите сите кои биле со нив во контакт се во изолација. Граѓаните да не избегнуваат одење во маркети но тоа да биде претпазливо по протокол и сето тоа да се почитува.  Не значи дека треба се кажуваат со име и презиме позитивните случаи но секако да се води сметка секој...

Continue reading

alahabad

30 мртви во стампедо на верски празник во Индија

Post Views: 0 Во масовна паника на најголемиот празник на Хиндусите загинаа повеќе од 30 луѓе, а повредени се десетици. Паниката настанала на железничка станица во градот Алахабад. Според локалните власти, загинатите верници дојдени да „ги измијат гревовите“ на реката Ганг, биле прегазени од толпата. Полицијата соопшти дека десетици луѓе се повредени. Властите наведоа дека несреќата се случила откако попуштила оградата на еден мост за пешаци. Роднини на жртвите ги обвинија полицајците за настанатата паника. Според други пак, до пристигнување на екипите за спасување минале часови....

Continue reading

pozar

Не стивнуваат пожарите во Грција

Post Views: 6 Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба. Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина. Огнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба. Вчера биле евакуирани и жители од село во близина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top