Ознака: градинка

baner

Со заедничка работа, до одлични резултати

Post Views: 0 Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски. „Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Post Views: 0 Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како...

Continue reading

gradinka

Поништен конкурс за вработување, причина за инцидент во детската градинка

Post Views: 0 Настанот се случил во понеделникот попладне по состанокот на управниот одбор, кога членовите на истиот на средбата го констатирале приговорот на друга негователка по однос на конкурсот, која пак во меѓувреме го повлекла истиот. Директорката на Јавната образовна установа детска гарадинака Јасна Ристевска, Марина Петровска не сакаше многу да зборува за настанот и во телефонскиот разговор само кажа дека се се случило кога таа не била наработа.Инаку во инцидентот најпрвин вербално, а потоа и физички била нападната правничката на градинката и тоа од сопругот и братот на негувателка...

Continue reading

fudbaler so deca

Фудбалерот Тричкоски меѓу децата во градинката Лихнида

Post Views: 11 Познатиот македонски фудбалер Иван Тричкоски денес беше во несекојдневна мисија. Фубдалерот ја посети детската градинка „Лихнида“ и одговараше на детските искрени прашања поврзани со фудбалот. Тричкоси истакна дека е тешко да се биде  фудбалер ама е задовоство да се биде меѓу децата за се потикнат на спорт. Тричкоски се надева дека еден ден некое од децата можеби ќе тргне по неговите стапки. „Мој совет до сите деца е да спортуваат без ралика дали тоа ќе е фудбалот или некој друг спорт. Успехот доаѓа сам по себе после тешките  тренинзи и здравиот спортски дух“, истакна...

Continue reading

gradinka

Решен статусот на дел од вработените во охридската градинка

Post Views: 16 Принципиелно решавање на статусот на ангажираните со договор на дело во детските градинки. Четири негувателки и три воспитувачки веќе се стекнаа со долгоочекуваните решенија за регулирање на редовен работен статус во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. В.Д. директорот на оваа установа Марина Петроска Тодороска вели, дека се` поминало согласно законските пропозиции, а тоа е исполнување на условите по конкурсот и давање предност на оние кои имаат подолг работен стаж со договор на дело. Тодороска кажа дека ова е реализација на првата зацртана фаза од страна на...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

nacrt plan

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 11 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Continue reading

tabla

Згаснуваат три работни места

Post Views: 13 „И со добиената согласност, не се пополнуваат испразнетите работни места во детската градинка“ – тврдат од Локалната. Во детската градинка „Јасна Ристеска“ се згаснуваат  три работни места на пензионирани работници тврдат од Локалната самоуправа. „И покрај доставените 5  барања од општината,  зав пополнување на работните места, одМинистерството за труд и социјална политика не игнорираат“ – вели Митер Велјаноски, советник на охридскиот градоначлник. Општината е во прва фаза на децентрализација и нема наменски средства да ги покрива трошоците за работните...

Continue reading

deca

Градинка која ќе работи и во сабота

Post Views: 1 Децата од градинката Јасна Ристеска ќе се згрижуваат и во сабота. Ова е барање на родителите кои професионално се ангажирани и за време на викендите. Сеуште не се знае дали за оваа услуга ќе се плаќа вонреден паричен надомест или тоа ќе биде вклучено во основната цена. Ова е иницијатива на родителите кои професионално се ангажирани и за време на викендите па нивните деца нема каде да ги згрижат. Градинката Јасна Ристеска уште пред новогодишните празници спроведе анкета врз дел од родителите со цел да се види нивното мислење по ова прашање, а резултатите се испратени...

Continue reading

deca

Празнуваа и најмладите од детската градинка Јасна Ристеска

Post Views: 8 Градинката годинава одбележува 45- годишен јубилеј од постоењето. По тој повод децата изработија уметничка поставка насловена како Охридска приказна. Празнуваа и најмладите во детската градинка Јасна Ристеска. Го славеа празникот 7- ми ноември, но и 45- годишниот јубилеј на оваа јавна установа.По тој повод децата ја претставија уметничката поставка насловена како „ Охридска приказна“. Станува збор за извонредната творечка поставка на децата  преку изработка на колажи, ракотворби, цртежи и изработка на предмети што сами ја насловија како „Охридска приказна низ музика“....

Continue reading

deca

Детската градинака „Јaсна Ристеска“ денес го слави 45-тиот роденден

Post Views: 0 Од формирањето  до денес, установата бележи успех, за тоа говори големиот интерес на родителите за упис на своите деца. По повод јубилејот- децата приредија разни содржини за кои се подготвуваа  подолг период. Детската градинака „Јасна Ристеска“ од Охрид денес одбележува јубилеј- 45 години од постоење. Во досегашниот период, градинката има постогнато голем напредок. Иако тоа е очигледно, сепак  себично е од моја страна да ги потенцирам успесите, вели првиот човек на установата. За тоа зборува фактот што интересот кај родителите за запишување на своите деца  во групите,...

Continue reading

Интересот за згрижување на децата во градинката „Јасна Ристеска“ се поголем

Post Views: 1 Од вчера започна новата учебна година и во детската градинка „Јасна Ристеска“. 615 нови дечиња ќе се образуваат и воспитуваат во оваа  предшколска установа, а најавено е запишување на уште 107 деца.Директорката на оваа установа, Марина Петровска вели дека од година во година бројот на децата кои се згрижуваат во петте објекти со кои располага градинаката е се поголем. Оваа претшколска установа  врши згрижувачка и воспитно образовна дејност и тоа нудејќи полудневен  и целодневен престој. Во првиот случај вклучен е еден оброк, а во вториот три оброци. Земајќи ги во предвид...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top